Краток опис на книгата
Почитувани, за да се уверите дека навистина во рака имате нешто безмерно вредно, ве молиме да изделите малку време и внимателно да го прочитате ова писмо и само уводот и содржината на книгата, а потоа сами одлучете дали таа вреди да се чита или е нешто што не заслужува внимание.
Станува збор за книгата „Времето и знаците“ на македонски јазик, за 7-то издание на ова високо вредно духовно дело кое во најголема можна мера и во подробности го анализира нашето време не од филозофска, научна, политичка, ниту од која и да е друга човечка гледна точка, туку исклучиво од библиска перспектива. Времето во кое живееме, Божјата книга, Библијата, го именува и го прикажува како „последно време“, како „последни денови“ и како „крај на светот“, и ни дава извонредно значајни информации и сознанија со чија помош ние навистина можеме да го препознаеме како „последно време“, но и како свое време и шанса навреме да се престроиме и да застанеме – не на погрешната, туку на вистинската страна. Пророчките знаци, кои го карактеризираат „последното време“, се очигледни моќни мегафони кои со силен глас објавуваат дека веќе сме го пречекориле прагот на „последните денови“ и со галопирачки чекори брзаме кон апсолутниот библиски „крај на светот“.
Наша цел со овој библиски приказ за „крајот“, за „последното лунаво време“ со сите негови застрашувачки виори и во природата и во човечкото општество на светската сцена, онака како што се опишани на светите страници на Божјата реч, Библијата, е да им помогнеме на нашите ценети читатели да ја сфатат и да ја премавнат паниката што веќе го зафатила и длабоко го проникнала светот кој секој ден тоне во сѐ подлабок амбис, време за кое Христос кажува дека „луѓето ќе умираат од страв во исчекување на она што ќе го снајде светот“ (Лука 21,26). Во рамките на библиските апокалиптички пророштва сакаме да ви пренесеме од Божјата реч и порака што ќе ви помогне да се ориентирате во времето на екстремниот песимизам кога цел свет ќе загуби ориентација и ќе западне во бесперспективност и апатија, во мачен и жалосен безизлез, порака која вас ќе ве поведе во блескотна, посакувана, славна иднина.
Во оваа книга ви даваме изворни информации и можност да се запознаете со реалната слика на овие состојби, со библиско око видени и однапред со библиски пророштва преткажани и напишани настани, за да не станете плева и пердуви изложени на последниот библиски ветромет, и да останете простум и при најсилните удари со кои светот ќе го удрат „последните денови“, чијшто праг, како што кажавме, веќе сме го пречекориле. Тоа е најголема денешна и идна реалност што секој ден станува сѐ поочигледна и што не може да се оспори, вистина што не можеме да ја одбегнеме, што мораме да ја прифатиме и да се справиме со неа.
Книгата „Времето и знаците“ е капитално духовно дело во кое авторот на 774 страници комплетно ја изнесува изворната библиска теологија и наука на мошне интересен и силен начин, така што никого, кој ќе ја прочита оваа книга, таа не го остава рамнодушен. Во книгата навистина нашето време убедливо е прикажано како последно време и задолжително читателот го тера на размислување.
Побарувачката на оваа книга во Македонија е толку голема, што ние до сега бевме присилени да печатиме дури седум изданија, во вкупен тираж од речиси 64.000 примероци. Се размислува и за нејзино 8. издание. Илјадници примероци од неа во печатена форма им се пратени по пошта на илјадници луѓе во цела Македонија и пошироко, почнувајќи од наједноставните луѓе, до највисоките интелектуалци, и од сите страни на Македонија добиваме мошне убави повратни информации за неа. Академици, писатели и поети, универзитетски професори и асистенти, адвокати и судии, правници, нотари, инженери, економисти, уметници, музичари, пеачи, лекари, стоматолози, фарамацевти и други службеници и интелектуалци од сите струки и професии, и обични луѓе, кои ја примиле книгата, за неа даваат извонредно убави комплименти и нарачуваат нови примероци за своите пријатели, колеги и познати. Одушевени се со нејзината содржина и со начинот на кој е изнесена библиската вистина во неа. Мнозина изјавуваат дека никогаш немале во свои раце толку високо вредно и драгоцено дело со таква актуелна тематика како што е книгата „Времето и знаците“, и дека со задоволство ја читаат.
Почитуван господине, госпоѓо/це, авторот со голема љубов и почит ви нуди примерок од оваа книга како подарок. Ве молиме да им овозможите и на вашите колеги, пријатели и познати, да се запознаат со содржината на книгата, да ја оценат нејзината вредност и да имаат нејзин примерок за себе.
Со многу љубов и почит, проф. Никола Тасевски; ([email protected])