Ѕвер со два рога како кај јагне
Сега да го најавиме претпоследниот ѕвер од Откровението. Во периодот меѓу 1798 година, кога првиот ѕвер е одведен во ропство, односно, кога е „ранет на смрт“, и 1929 година, кога Рим повторно го стекнал својот суверенитет, апостол Јован гледа како од земјата излегува друг ѕвер со два рога како кај јагне: „Видов друг ѕвер како излегува од земјата и имаше два рога како кај јагне“ (Откровение 13,11). Овде зборот употребен за „ѕвер“ е therion и значи „диво животно“, ѕвер со јагнолики рогови. Тој не излегува од морето (од среде мноштво народи), како претходниот ѕвер, туку од земјата, од област која претходно не била настанета со големи народи, со мноштво, со луѓе и јазици. Од почеток тоа е мирољубиво животно, но подоцна почнува да дејствува како ѕвер.
Станува збор за многу силен ѕвер, за многу силна држава со доминантно влијание, моќна нација со цврст авторитет над сите нации на светот. Овие атрибути им припаѓаат само на Соединетите Американски Држави, кои временски, просторно и во секој друг поглед се вклопуваат во габаритите на спомнатото пророштво и ги задоволуваат сите карактеристики што се наведени во него.
Имајќи ја предвид физиономијата на ѕверот (веројатно станува збор за џиновскиот американски бизон со две мали рокчиња како кај јагне), но и начинот на кој се формирани Соединетите Американски Држави како држава, просторот и времето кога тие се појавуваат пред светот, и сегашната нивна положба и позиција на светската сцена, навистина нема дилема дека библиското пророштво за овој ѕвер комплетно се однесува на Америка. Во следните поднаслови – многу повеќе за тоа.
Кога е откриена Америка, и кога се прочуло за неа, маса луѓе, пред сè од Европа, бегајќи пред налетите на католичката инквизиција и барајќи засолниште од нејзините ломачи и гилотини, се упатиле преку океанот за да најдат своја мирна и безбедна иднина во тој нов и голем ненаселен свет. На тој начин, не можејќи да ги поднесат стегите и тиранијата на тогашното папство, стотици илјади слободоумни луѓе од европските земји ги напуштиле своите родни огништа и побарале спас во новиот свет, можност да му служат на Бога според својата совест, слободни од секаков верски диктат и тортура. Тоа биле најдобрите луѓе на Европа, цутот на европските нации, христијани протестанти, со високи морални квалитети кои, заедно со себе, во новиот свет ги понеле и своите дарби и умни потенцијали и капацитети и на новата почва на Америка изградиле квалитетна нација и силна држава која денес ја познаваме како Соединети Американски Држави.
Од почеток таа е исклучиво протестантска и антикатоличка држава, од Бога благословена во секој поглед. Но пророштвото најавува промена на ситуацијата. Америка ќе ги напушти изворните протестантски принципи, кои нејзините творци ги вградиле во нејзиниот устав, и кај неа ќе се загуби антикатоличноста, со што таа ќе се приклони кон Католичката црква од која некогаш побегнала не можејќи слободно да дише окована во нејзините прангии. Според тоа, се губи вековното непријателство меѓу двата лути непријатели, меѓу двата ѕвера, и од огорчени непријатели, тие стануваат извонредни пријатели и тандем кој ќе го предводи светот во последните денови, за што следи натамошно исцрпно објаснување!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Ѕверовите во Откровението“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЅВЕРОВИТЕ ВО ОТКРОВЕНИЕТО
Во Откровението имаме други ѕверови, поврзани со оние од книгата на пророк Даниел, за кои веќе зборувавме во поднасловот: „Ѕверовите во книгата на пророк Даниел.“ - Прво и основно, овде го гледаме сатаната како голема и страшна ламја, како стара змија, ѓавол и сатана,...
Ѕверот, односно папството, задобива смртна рана која се исцелува
Ѕверот од Откровение 13. глава, со десет рогови со круни и со седум глави полни со богохулни имиња, е наполно идентичен со малиот рог од Даниел 7. глава. Според тоа, двата ѕвера, кои излегуваат од море, зборуваат за средновековното папство, за неговата супрематија и...
Црвен ѕвер со жена блудница на својот грб
Да го идентификуваме и последниот ѕвер во Откровението: „Видов жена како седи на црвен ѕвер кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови“ (Откровение 17,1-6). Жената којашто го јава ѕверот е наречена вавилонска блудница, за која опширно ќе...
Чесна жена и жена блудница
Во Откровението се појавуваат две жени - две крајни спротивности - чесна жена и жена блудница. Тоа се две цркви: Божјата црква, којашто ја води Бог, и онаа која стои под водство на сатаната. Вистинската Христова црква во Откровението е прикажана со многу убава слика:...
Мајката црква ги повикува своите ќерки да се вратат во нејзините прегратки
Беше кажано дека на една плоча, надвор од Латеранската црква во Рим, стојат зборовите: Eklesium Mater - „Мајка на црквите“. Понорот меѓу 1,2 милијарди католици, 350 милиони протестанти и 220 милиони верници на православието организирано во национални цркви, бргу се...
Рим не е подготвен за компромис ниту за доктринални отстапки
Католичката црква не го изменила својот став и не се приближила кон протестантската вера. Концилот Ватикан II не измени ниту една верска доктрина, и од тогаш Ватикан станува уште поцврст во својата политика за зачувување на традиционалните католички доктрини. Рим не...
Единство надвор од Библијата
Во 1975 година подемот на партнерството меѓу протестантите и католиците е прикажан со објавување на заеднички катихизис. Оваа книга од 720 страници содржи исцрпни податоци за христијанската вера и, според уредниците, напишана е: „Да помогне во напорите христијаните...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.