Мајката црква ги повикува своите ќерки да се вратат во нејзините прегратки

Беше кажано дека на една плоча, надвор од Латеранската црква во Рим, стојат зборовите: Eklesium Mater – „Мајка на црквите“. Понорот меѓу 1,2 милијарди католици, 350 милиони протестанти и 220 милиони верници на православието организирано во национални цркви, бргу се затвора. Меѓутоа, Рим во тој процес не променил ниту една своја доктрина. Сепак, се чини дека денес многу реформирани цркви брзаат да му се поклонат на Рим. На Концилот Ватикан II, кој го свика папата Јован XXIII во шеесеттите години од минатиот век, покрај другото, се поставени и принципите на екуменското движење: Да се препознае авторитетот и превласта на римскиот бискуп. За да можат да се обединат, сите цркви мора да ја прифатат превласта на папсикиот стол. Во 1995 г. папата Јован Павле II даде слична изјава според која  препознавањето и прифаќањето на папската превласт е од суштинска важност за христијанското единство. Неговата изјава е објавена во католичкото списание Sa­dern Kros од 17 септември 1995 година под наслов: „За да се обединат, сите цркви мора да го прифатат папскиот авторитет.“ Катихизисот на Католичката црква: „Уште од самиот почеток Христос ѝ оставил единство на својата Црква. Веруваме дека ова единство постои во Католичката црква како нешто што таа никогаш не може да го загуби, и се надеваме дека ќе продолжи да расте сè до крајот на времето“13 Според Католичката црква, ова единство, кое мора да се постигне, не ги опфаќа само протестантските цркви, туку и сите луѓе на светот: „Во ова католичко единство на Божјиот народ се повикани сите луѓе… На различни начини нему му припаѓаат: католичките верници, другите кои веруваат во Христа и конечно целото човештво, кое е повикано со спасоносната Божја милост“14 По Ватикан II, на језуитот Карл Рајнер, најголем католички теолог по Тома Аквински, доверена му е задача која опфаќа помирување на сите цркви и религии со Рим. Тој тврди дека спасение постои во секоја вероисповед, под услов верниците да ја признаат превласта на Рим. Папата Јован Павле II ја оживеа „Конгрегацијата за доктрина и вера“, што е ново име за средновековната инквизиција, со која претседаваше кардиналот со германско потекло Рацингер, сега веќе папа Бенедикт XVI. Јован Павле II постави строги старешини во хиерархијата и наведе дека тој не управува со демократијата: „Тоа е институција со која управува Исус Христос; тоа е теократско владеење“, со кое, природно, управува неговиот намесник, папата. Како стожер за христијанското единство, пред сè, на христијанските цркви, Католичката црква ја нуди, а во иднина и со закон ќе му ја натури на цел свет, својата институција, неделата, за што подробно ќе зборуваме понатаму, кога ќе дојде на ред неделниот закон. Во врска со ова сега само еден краток извадок од документите на Ватикан II: „Треба да се поддржи секој напор неделата да стане вистински ‘ден на радост и одмор од работата’… да се слави евхаристија секоја недела…  ‘неделата треба да претставува основен празничен ден’ во кој, собрани заедно, треба да ја слушаат Божјата реч и да учествуваат во Пасхалната тајна .“15 Во јуни 1990 година Англиканската и Католичката црква  издадоа заедничка изјава наречена „Дар на авторитетот“. Дејли Телеграф од јуни 1990 година реагираше со следните наслови: „Црквата се согласува дека папата треба да биде признат како сеопфатен авторитет во христијанскиот свет, и го опишува како ‘дар кој треба да го примат сите христијани’. Комисијата заклучила дека римскиот бискуп има ‘посебна служба во врска со разликувањето на вистината’ и прифатила дека само папата има морален авторитет да ги обедини сите христијански вероисповеди.“ Со оваа изјава Англиканската црква го предала своето протестантско наследство и себеси се подложила на папската хиерархија. Треба да се истакне дека во редовите на Англиканската црква постојат силни превирања кои можат да доведат до раскол во неа. Голем дел од верниците се незадоволни од преголемиот либерализам на одделни нивни врвни водачи кои јавно го одобруваат, го бранат и го поддржуваат хомосексуализмот. Неодамна (2007 г.) светскиот печат објави дека еден од нивните врвни бискупи јавно и отворено истапува како хомосексуалец. Од тие причини, за да не се распадне, Англиканската црква спас бара под капата на Католичката хиерархија и во единство со Католичката црква којашто во основа е многу строга во моралот. Лутеранската црква: Пречесниот д-р Карл I Братен рекол: „Да е Лутер денес присутен, тој би упатил поинаков повик, особено кога би знаел дека неговата реформација во долгорочен план ќе изроди толку многу илегални потомци.“ Не е реткост католиците и лутераните да одржуваат заеднички миси. Во лутеранска катедрала служби наизменично одржуваат римокатолички и лутерански теолози. Повторно се поставени сликите на Марија, а и ритуалот палење на свеќи и молитвите упатувани на Девицата повторно станал вообичаен. За жал, Лутеранската црква пошла по истиот пат како и Англиканската. На 29 март 1994 година предводните американски евангелистички протестанти и католиците стапија во коалиција и потпишаа заедничка декларација којашто ја нарекоа „Евангелиците (евангелистичките протестанти) и католиците заедно – христијанска мисија во третиот милениум“. Покрај другото, во тој документ стои: „Како Христос што е едно, и христијанската мисија е една… Заеднички потврдуваме дека сите што го прифаќаат Христа како свој Господ и Спасител се браќа и сестри во Христа. Евангелиците и католиците се браќа и сестри во Христа.“ Евангелистите во Соединетите Држави прифаќаат  обединување со Рим: „Време е ние протестантите да одиме кај светиот Отец во Рим и да го прашаме како можеме да се вратиме дома.“16 Епископалната црква:  „Божја црква е католичката. ‘Била католичката на почетокот и ќе биде католичката на крај.’… ‘Сведоци сме за пропаѓање на протестантизмот.’“17   Католичката и Православната црква: На 14 и 15 ноември 2007 год. светскиот печат објави многу значајна вест: „Крај на расколот меѓу Католичката и Православната црква.“ „По илјадагодишниот раскол, во Равена е договорено обединување на Католичката и Православната црква.“ „Зацртан е патот кој, по илјадагодишниот раскол во 1054 год., би требало да доведе до обединување на двете цркви.“ „Ватикан го пофали договорот што го постигнаа православните и католичките теолози во октомври 2007 г. во италијанскиот град Равена како прв чекор во зацелувањето на раната на илјадагодишниот раздор меѓу двете цркви“, итн. Во договорот е потврдено дека папата бил највисок во хиерархијата на единствената Црква пред големиот раскол во 1054 г. Во старото Византиско царство православието ја отфрлило универзалната власт на римскиот папа и постепено се развивало во автономни национални цркви. Во 2006 г. папата Бенедикт XVI во Истанбул го посети вселенскиот патријарх Вартоломеј I, кој е духовен водач на сите православни верници во светот, но административно управува со малечко христијанско стадо во Турција. Во таа пригода тие си поставија заедничка цел: ќе се борат за обединување на Католичката и Православната црква. Во рамките на својот понтификат Бенедикт XVI приоритет му дава на тоа обединување на двете цркви. Како што рековме, светското православие е организирано во национални цркви и има околу 220 милиони верници, а под Ватикан има околу една милијарда и двесте милиони верници на светот. На советувањето во Равена е потпишан документ и постигнат е договор кој е голем чекор за идното дејствување. Во тој договор се утврдува дека папата е „прв меѓу патријарсите“, а Рим е „прво седиште“. Тие две точки и го предизвикале расколот меѓу католиците и православните во 1054 г. Сега се признава улогата на римскиот бискуп како прв меѓу првите, а „првите мора да признаат кој е прв меѓу нив“. Единството со Рим не ги опфаќа само христијаните. Потребно е сите религии да го признаат папата како духовен светски водач. Ватикан постојано јасно порачувал дека папата е „татко на целото човечко семејство“. Малахи Мартин за  Јован Павле II: „Во последната анализа Јован Павле II, како именуван Христов заменик, тврди дека тој е конечен суд на правдата за општеството како заедница на државите.“18 Во 1986 година во Асиз е одржан состанок на светските религии на кој папата беше домаќин. Телевизијата во цел свет го пренесуваше тој состанок, а на него присуствуваа водачите на протестантските, православните, англиканските, еврејските, исламските, будистичките и хинду религиите, како и водачите на повеќето други помалечки верски организации. На овој состанок и на состаноците што следеа во „асишки дух“, папата беше говорник и централна личност. Овој годишен форум се прославува со голема помпа, а водачите на сите религии искажуваат своја солидарност со папата. Односите меѓу исламот и католицизмот вчудовидувачки се поправени. При посетата на папата на Сирија, во мај 2001 година, Rojters Internesenel Press го објави следниот извештај: Дамаск (Ројтерс): „Папата Јован Павле пишуваше историја во неделата, кога стана прв понтиф кој кога било влезе во џамија и ги повика христијаните и муслиманите да си простат едни на други поради минатото. … Тој исто така рече дека верското убедување никогаш не било оправдание за насилство. ‘Заедниците веќе нека не се судруваат.’ Папата, кој во 1985 година ги обнови врските со Евреите кога ја посети синагогата во Рим, кажува дека сега е време да се сврти страница и со исламот. За сето време, додека христијаните и муслиманите се навредувале едни со други, потребно е да бараме прошка од Севишниот, и прошка едни од други … Почитувајќи ја муслиманската традиција, папата ги собу своите обувки пред да влезе на местото за богослужение, што предизвика восхит и овации кај огромното мноштво кое чекаше надвор. ‘Тоа е величествен историски настан. Папата … влегува во џамија’, рече спикерот на Сириската државна телевизија. ‘Тоа е средба на исламот и христијанството.’ Повикот за меѓусебно проштавање беше продолжение на темата која почна во петокот во Грција, во која понтифот бараше Божје проштавање за неправдата која католиците им ја направиле на православните верници во текот на минатите 1000 години.“ Папата е најголем светски верски авторитет. Сепак, јасно е дека овој статус не е постигнат врз основа на вистината, туку врз основа на компромиси. Признавајќи го неговото водство, тие ги признаваат неговите доктрини.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Ѕверовите во Откровението“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ЅВЕРОВИТЕ ВО ОТКРОВЕНИЕТО

Во Откровението имаме други ѕверови, поврзани со оние од книгата на пророк Даниел, за кои веќе зборувавме во поднасловот: „Ѕверовите во книгата на пророк Даниел.“ - Прво и основно, овде го гледаме сатаната како голема и страшна ламја, како стара змија, ѓавол и сатана,...

Ѕверот, односно папството, задобива смртна рана која се исцелува

Ѕверот од Откровение 13. глава, со десет рогови со круни и со седум глави полни со богохулни имиња, е наполно идентичен со малиот рог од Даниел 7. глава. Според тоа, двата ѕвера, кои излегуваат од море, зборуваат за средновековното папство, за неговата супрематија и...

Ѕвер со два рога како кај јагне

Сега да го најавиме претпоследниот ѕвер од Откровението. Во периодот меѓу 1798 година, кога првиот ѕвер е одведен во ропство, односно, кога е „ранет на смрт“, и 1929 година, кога Рим повторно го стекнал својот суверенитет, апостол Јован гледа како од земјата излегува...

Црвен ѕвер со жена блудница на својот грб

Да го идентификуваме и последниот ѕвер во Откровението: „Видов жена како седи на црвен ѕвер кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови“ (Откровение 17,1-6). Жената којашто го јава ѕверот е наречена вавилонска блудница, за која опширно ќе...

Чесна жена и жена блудница

Во Откровението се појавуваат две жени - две крајни спротивности - чесна жена и жена блудница. Тоа се две цркви: Божјата црква, којашто ја води Бог, и онаа која стои под водство на сатаната. Вистинската Христова црква во Откровението е прикажана со многу убава слика:...

Рим не е подготвен за компромис ниту за доктринални отстапки

Католичката црква не го изменила својот став и не се приближила кон протестантската вера. Концилот Ватикан II не измени ниту една верска доктрина, и од тогаш Ватикан станува уште поцврст во својата политика за зачувување на традиционалните католички доктрини. Рим не...

Единство надвор од Библијата

  Во 1975 година подемот на партнерството  меѓу протестантите и католиците е прикажан со објавување на заеднички катихизис. Оваа книга од 720 страници содржи исцрпни податоци за христијанската вера и, според уредниците, напишана е: „Да помогне во напорите христијаните...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат