Единство надвор од Библијата

 

Во 1975 година подемот на партнерството  меѓу протестантите и католиците е прикажан со објавување на заеднички катихизис. Оваа книга од 720 страници содржи исцрпни податоци за христијанската вера и, според уредниците, напишана е:

„Да помогне во напорите христијаните да соработуваат внатре во своите заедници во заедничкиот раст на црквите кон единство во разноликоста, што е цел на сите екуменски напори.“

Овој документ потврдува мноштво компромиси и безочно ги отфрла основните библиски правила. Еве неколку примери кои го илустрираат ова:

  1. Моралните одредби, кои можеме да ги пронајдеме во Декалогот, како и во Проповедта на Гората, „во голема мера се условени од својата старост и од културолошката средина“.
  2. Многу новозаветни одломки се опишани како толкување, а не како историски настани, додека некои Исусови реченици „во Исусовата уста ги ставиле“ неговите ученици како изреки кои „историскиот Исус никогаш не ги изговорил“.
  3. Темите, како што се физичкото Исусово воскресение, претставуваат „постојан проблем“ за современиот човек и „полни се со тешкотии“.

„Таа порака треба да се протолкува на многу позначаен начин, бидејќи Исусовото воскресение од мртвите е концепт кој е формулиран ‘со јазикот на еврејската апокалипса’ која тешко може да има какво било значење во нашето современо општество и во културолошкиот контекст.“

Кога ги читаме овие апсурди за христијанското единство, се прашуваме како ќе се постигне тоа. Во споменатиот документ за единство католиците и протестантите ја испразниле Библијата од Божјата наука и нејзината изворна, Божја теологија, ја замениле со човечка. Значи, тоа христијанство е комплетно изместено од библиските темели, па наместо „на темелот на апостолите и пророците, каде што е темелен камен Исус Христос“ (Ефесците 2,20), своето единство го градат врз човечка теологија, што е целосно промашување. Секое единство, градено надвор од библиските темели и димензии, е единство градено врз песок, кое е непродуктивно и не може да се одржи.

Доктрината на високиот критицизам, што ја почнале католичките теолози Ричард Симон и д-р Александар Гедес во 1678 година го искорнала срцето од Светото писмо и ги довела во прашање најјасните учења за историјата и почетоците. Мојсеевите списи се прогласени за митологија, а верата е исфрлена на земја. Исто така извештаите за потопот и за воскресението се прогласени за мит. Високиот католички критицизам и германскиот рационализам ги уништиле темелните верувања во библиските вистини, а научниците од реформираните протестантски цркви, за жал, ги прифатиле тие учења.

Католичката црква службено го негирала библискиот извештај за созадавањето и го отфрлила. Сандеј Тајмс од 6 декември 1987 година, во прилогот што го напишал Ник ван Оутшурн, во Сиднеј, го објавил следниот наслов: „Создавањето е глупост“… Католичката црква службено го отфрлила буквалното толкување на создавањето според Прва книга Мојсеева како „крајна глупост“. Службениот став на ова учење, кој го напиша папата Јован Павле II, објавен е во интернационалниот печат и Тајм Магазин објави ваков наслов: „Размислувањето на Ватикан еволуира… Папата свој благослов ѝ даде на природната селекција, иако човечката душа останува надвор од дофатот на науката.“ Изјава, која уште повеќе вчудовидува, дал језуитот Консоломаѓо во интервју за списанието Елм Стрит во 1999 година: „Креационизмот е ‘ерес од деветнаесеттиот век’.“

Екуменизмот е само уште едно движење за воспоставување на таа супер-црква, на големиот Вавилон, кој на крај ќе ги прогонува оние кои нема да му се покорат.

Сепак, тоа единство, врз кое е изградена таа супер-црква, таа „вавилонска блудница“ или тој современ Вавилон, е единство изградено не врз Библијата и библиската вистина, не врз Божјиот, туку врз човечки авторитет. И, како што кажавме, секое единство, градено надвор од библиските темели и димензии, е единство градено врз песок, кое е непродуктивно и не може да се одржи, кое ќе се урне и ќе се распадне при последното страшно невреме што ќе го заплусне светот. Божјата реч предвидува страшна казна за него: „Еден силен ангел зеде камен, голем како воденичен камен, го фрли во морето и извика: ‘Така, со еден замав ќе биде стрмоглавен големиот град, Вавилон, и нема веќе да се најде’“ (Откровение 18,21) – Така со голема бучава во морето заминува во неврат големата „вавилонска блудница“, така заминува во неврат современиот Вавилон.

 

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Ѕверовите во Откровението“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ЅВЕРОВИТЕ ВО ОТКРОВЕНИЕТО

Во Откровението имаме други ѕверови, поврзани со оние од книгата на пророк Даниел, за кои веќе зборувавме во поднасловот: „Ѕверовите во книгата на пророк Даниел.“ - Прво и основно, овде го гледаме сатаната како голема и страшна ламја, како стара змија, ѓавол и сатана,...

Ѕверот, односно папството, задобива смртна рана која се исцелува

Ѕверот од Откровение 13. глава, со десет рогови со круни и со седум глави полни со богохулни имиња, е наполно идентичен со малиот рог од Даниел 7. глава. Според тоа, двата ѕвера, кои излегуваат од море, зборуваат за средновековното папство, за неговата супрематија и...

Ѕвер со два рога како кај јагне

Сега да го најавиме претпоследниот ѕвер од Откровението. Во периодот меѓу 1798 година, кога првиот ѕвер е одведен во ропство, односно, кога е „ранет на смрт“, и 1929 година, кога Рим повторно го стекнал својот суверенитет, апостол Јован гледа како од земјата излегува...

Црвен ѕвер со жена блудница на својот грб

Да го идентификуваме и последниот ѕвер во Откровението: „Видов жена како седи на црвен ѕвер кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови“ (Откровение 17,1-6). Жената којашто го јава ѕверот е наречена вавилонска блудница, за која опширно ќе...

Чесна жена и жена блудница

Во Откровението се појавуваат две жени - две крајни спротивности - чесна жена и жена блудница. Тоа се две цркви: Божјата црква, којашто ја води Бог, и онаа која стои под водство на сатаната. Вистинската Христова црква во Откровението е прикажана со многу убава слика:...

Мајката црква ги повикува своите ќерки да се вратат во нејзините прегратки

Беше кажано дека на една плоча, надвор од Латеранската црква во Рим, стојат зборовите: Eklesium Mater - „Мајка на црквите“. Понорот меѓу 1,2 милијарди католици, 350 милиони протестанти и 220 милиони верници на православието организирано во национални цркви, бргу се...

Рим не е подготвен за компромис ниту за доктринални отстапки

Католичката црква не го изменила својот став и не се приближила кон протестантската вера. Концилот Ватикан II не измени ниту една верска доктрина, и од тогаш Ватикан станува уште поцврст во својата политика за зачувување на традиционалните католички доктрини. Рим не...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат