Црвен ѕвер со жена блудница на својот грб
Да го идентификуваме и последниот ѕвер во Откровението: „Видов жена како седи на црвен ѕвер кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови“ (Откровение 17,1-6). Жената којашто го јава ѕверот е наречена вавилонска блудница, за која опширно ќе зборуваме во следниот поднаслов.
Црвениот ѕвер од Откровение 17. глава е истиот оној ѕвер сличен на леопард од 13. глава, зашто обата ѕвера стојат во вода и имаат по седум глави полни со богохулни имиња, и по десет рогови. Наполно идентичен со овие два ѕвера е и ѕверот со малиот рог од Даниел 7. глава. Според тоа, станува збор за еден ист ѕвер кој во различни временски периоди се јавува со различна видоизменета физиономија, во зависнот од специфичните улоги што ги имал во тие периоди.
Во Откровението во 12., 13. и 17. глава се појавуваат четири ѕвера: ламја, морски ѕвер сличен на леопард, ѕвер со рогови како кај јагне и црвен морски ѕвер.
Меѓутоа, Откровение 16,13 и 20,10 за нив зборуваат како за три ѕвера: за ламјата (ѓаволот), за ѕверот (не во множина) и за ѕверот со рогови како кај јагне, но сега именуван како лажен пророк (ќе биде објаснето).
Бидејќи ламјата и ѕверот имаат по седум глави и по десет рогови, тие претставуваат еден ист дух на црковно-државно прогонство, зашто Откровението, во прв ред, е окупирано со такво прогонство. Нивните седум глави го претставуваат истиот седумкратен редослед на властите кои го прогонувале Божјиот народ: Вавилон, Египет, Медоперсија, Грција, Паганскиот Рим, Средновековното папство и Современото папство во ликот на црвениот ѕвер и големата вавилонска блудница. Меѓутоа, сепак треба да се додаде дека (а) симболот на ламјата првенствено се однесува на прогоните што потекнуваат од страна на нехристијанските сили, (б) симболот на ѕверот потсетува на некогашните прогони од страна на христијанскиот Рим и (в) симболот на ѕверот со рогови како кај јагне се однесува на прогонството од страна на протестантизмот во последното време кога со него ќе завладее прогонувачкиот дух на ламјата и ѕверот. За тоа следи објаснување.
Двата периода на ѕверот: Неговиот период како ѕвер сличен на леопард (13. глава) вниманието го насочува кон прогонствата извршени во текот на средниот век, а неговиот период како црвен ѕвер со големата блудница на својот грб (17. глава) го привлекува вниманието, пред сè, на неговото драматично, но кусо повторно појавување во улога на древната католичка прогонувачка сила непосредно пред второто Христово доаѓање.
Во текот на многу векови средновековната црква и европските држави толку многу меѓусебно се преплетувале и толку многу си се помагале, што можеле да бидат прикажани со еден сложен симбол – со ѕвер кој е сличен на леопард. Во текот на поголемиот дел на периодот од 1260 години, иако по некогаш политички му се противеле на папата, царевите и кнезовите главно лојално ги подржувале папските теолошки догми.
Десетте рогови, односно десетте цареви, некогаш имале царска власт. Во 13. глава ги гледаме како во текот на периодот од 1260 години носат царски круни. Роговите на црвениот ѕвер не се крунисани. Значи, европските владетели не се монарси – цареви и кралеви – но пророштвото кажува дека тие повторно ќе задобијат царска власт, односно ќе станат тоталитарни држави и извесно време ќе владеат заедно со ѕверот (Откровение 17,12), зашто „се истомисленици, и ќе му ја предадат својата сила и власт на ѕверот“ (Откровение 17,13). Според тоа, иако идното застрашувачко, тоталитарно владеење на царевите е кратко, нивната улога е улога на тоталитарни насилнички држави.
Откровение 17. глава има два максимума, два катаклизмички судири со натприродни димензии. Во една од тие битки „ѕверот“ и „десетте цареви“ („десетте рогови“) војуваат против Јагнето (против Христа) и против оние кои „се повикани, одбрани и верни“, односно против Божјиот народ кој ја сочинува вистинската Божја црква – и Јагнето ги победува (Откровение 17,14). Во другата битка истите цареви, кога ќе видат дека се измамени, се свртуваат против „големата блудница“, којашто јава на ѕверот, односно, којашто ги јавала нив, и ја уништуваат (Откровение 17,16).
Кога првпат се сретнавме со десетте рогови во книгата на пророк Даниел во 7. глава, тие беа симбол на европските држави и народи. Меѓутоа, во Откровение 16,14; 17,2 тие во последно време се појавуваат како „цареви на целиот свет“. Некогаш и римското христијанство било ограничено на Европа, но денес тоа е проширено на цел свет.
Црвениот ѕвер и големата блудница, што ги видел апостол Јован, ја претставуваат одвоеноста на црквата и државата. Ова е најзначајна разлика меѓу ѕверот сличен на леопард од 13. глава и црвениот ѕвер со кој се среќаваме во 17. глава. Ѕверот во 17. глава носи на својот грб голема блудница. Црквата (блудницата) и државата (ѕверот), иако поврзани, сега се разгледуваат како изделени заедници. Но, иако ѕверот и блудницата се прикажани како одвоени целости, тие во суштина се исти по карактерот. Во моралот нема никаква разлика меѓу нив. Двете се обоени „црвено“. Двете бараат непоколеблива преданост и двете, кога им се дава можност, немилосрдно прогонуваат. Сите десет цареви својата власт му ја ставаат на располагање на ѕверот и ќе владеат заедно со него.
Јавачот секогаш управува со животното што го јава. Било да е коњ, камила или слон, тој секогаш го насочува животното, упатувајќи го каде треба да оди. Големата вавилонска блудница ја јава државата, односно световните власти и ги насочува таму каде што сака таа.
Животното, ѕверот, во библиското пророштво го претставува политичкиот ентитет, власта, па Откровението кажува дека во последното време жената-блудница, односно отпаднатата црква, јавајќи на ѕверот, или на државата, ќе ги надгледува светските политички системи! Каква е природата на овој грешен однос? Тоа е однос на прељуба што го осудува Бог.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Ѕверовите во Откровението“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЅВЕРОВИТЕ ВО ОТКРОВЕНИЕТО
Во Откровението имаме други ѕверови, поврзани со оние од книгата на пророк Даниел, за кои веќе зборувавме во поднасловот: „Ѕверовите во книгата на пророк Даниел.“ - Прво и основно, овде го гледаме сатаната како голема и страшна ламја, како стара змија, ѓавол и сатана,...
Ѕверот, односно папството, задобива смртна рана која се исцелува
Ѕверот од Откровение 13. глава, со десет рогови со круни и со седум глави полни со богохулни имиња, е наполно идентичен со малиот рог од Даниел 7. глава. Според тоа, двата ѕвера, кои излегуваат од море, зборуваат за средновековното папство, за неговата супрематија и...
Ѕвер со два рога како кај јагне
Сега да го најавиме претпоследниот ѕвер од Откровението. Во периодот меѓу 1798 година, кога првиот ѕвер е одведен во ропство, односно, кога е „ранет на смрт“, и 1929 година, кога Рим повторно го стекнал својот суверенитет, апостол Јован гледа како од земјата излегува...
Чесна жена и жена блудница
Во Откровението се појавуваат две жени - две крајни спротивности - чесна жена и жена блудница. Тоа се две цркви: Божјата црква, којашто ја води Бог, и онаа која стои под водство на сатаната. Вистинската Христова црква во Откровението е прикажана со многу убава слика:...
Мајката црква ги повикува своите ќерки да се вратат во нејзините прегратки
Беше кажано дека на една плоча, надвор од Латеранската црква во Рим, стојат зборовите: Eklesium Mater - „Мајка на црквите“. Понорот меѓу 1,2 милијарди католици, 350 милиони протестанти и 220 милиони верници на православието организирано во национални цркви, бргу се...
Рим не е подготвен за компромис ниту за доктринални отстапки
Католичката црква не го изменила својот став и не се приближила кон протестантската вера. Концилот Ватикан II не измени ниту една верска доктрина, и од тогаш Ватикан станува уште поцврст во својата политика за зачувување на традиционалните католички доктрини. Рим не...
Единство надвор од Библијата
Во 1975 година подемот на партнерството меѓу протестантите и католиците е прикажан со објавување на заеднички катихизис. Оваа книга од 720 страници содржи исцрпни податоци за христијанската вера и, според уредниците, напишана е: „Да помогне во напорите христијаните...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.