„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“
Да се навратиме пак на веќе споменатата спрега на најмоќните природни сили кои со сета жестокост ќе се устремат против човештвото за да го истребат од земјата, и поподробно да ја разгледаме мислата за катастрофалните поплави, мислата за бучавата на силните морски бранови од една друга страна. Да го анализираме контекстот каде што се наоѓа оваа мисла: „Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите, а на земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови. Луѓето ќе умираат од страв очекувајќи го она што ќе го снајде светот, зашто небесните сили ќе се разнишаат“ (Лука 21,25.26). Да повториме пак, ова се Христови зборови.
Очигледно е дека гигантските морски бранови, цунамите, и нивната бучава, кои предизвикуваат тага, неизвесност и очај кај народите, се поврзани со знаците на сонцето, на месечината и ѕвездите, и истите се предизвикани од небесните сили, односно тела, кои ќе се разнишаат и растресат.
Страв, тага и очај од гигантски размери кај сите народи! Паѓањето на ѕвезди (метеори) и затемнувањето на сонцето и месечината, бучавата на морските бранови, разнишувањето на небесните тела, обвиени во крв и оган – тие ненадејни и чудни, таинствени и непредвидени, непредвидливи и неодгатливи, натприродни и кобни небесни појави и знаменија, како и другите катастрофи и катаклизми што ги опишавме, ќе предизвикаат меѓународна тага и страдања што ќе го натераат цел свет, сите народи, да ги остават настрана меѓудржавните, меѓуграничните, меѓунационалните, расните, верските и сите други спорови и судири и да се прашаат: „Што ќе правиме сега?“
На човештвото ќе му се заканува целосно уништување и тоа ќе се обедини и ќе бара начин како да се спаси од тие катастрофи, како да преживее. Тоа не ќе знае што да прави. Христос кажува дека тогаш „ќе има стравотии и големи знаци на небото… големо страдање какво што немало од создавањето на светот, ниту пак ќе има. И ако не се скратат тие дни, не би се спасило ниту едно тело. Но заради избраните, тие дни ќе бидат скратени“ (Лука 21,11; Матеј 24,21.22).
Христос ни кажа дека „небесните сили (небесните тела) ќе се разнишаат“. Ако се разнишаат небесните тела, а според Христовите зборови сигурно ќе се разнишаат, тие ќе ја разнишаат и нашата планета, бидејќи таа опстојува во вселената во меѓусебна заемна констелација со нив. Меѓутоа, малкумина знаат што се случува и што може да се случи во таа нивна заемна констелација. Добро е да им дозволиме на астрономите, кои го гледаат тој контекст на соодноси меѓу небесните тела, да ни објаснат што може да ја снајде нашата планета во блиска иднина. Ова е мошне актуелна тема денес, и на запад луѓето, читајќи ги извештаите и информациите на астрономите, ги зафаќа сè посилна паника.
Што ни преткажуваат астрономите? Ништо друго освен она што го преткажал нашиот Спасител Исус Христос како знак на последното време – дека небесните тела ќе се разнишаат, а со тоа ќе ја разнишаат и нашата планета. Да ги погледнеме нивните извештаи!
Научниците веруваат дека некоја комета или астероид, со пречник од 5 до 6 милји (десетина километри), во минатото се судрил со земјата, уништувајќи ги диносаурусите на земјата. Ако таков астероид би паднал во океан, огромни бранови би го опустеле крајбрежјето во тој дел на светот. Ако би паднал на копно, би подигнал огромни количества правови кон небото и над деведесет проценти од шумите на земјата би биле уништени со глобална пожарна луња. Целата земјина топка би била покриена со темнина која би траела неколку месеци. Астероид со пречник од една милја би опустел цел еден континент. Судир меѓу земјата и астероид со големина на супертанкер би збришал град со големина на Менхетен.
Постои голема веројатност дека знаците на сонцето, месечината и ѕвездите, што ги преткажал Исус, се поврзани со кометите, астероидите и метеоритите.
Да се обидеме малку подетално да утврдиме што би се случило кога планетата Земја би ја погодила некоја комета, астероид или некој голем метеорит.
Адвентистите и другите христијани не се единствени кои денеска зборуваат за крајот на светот! Научниците исто така се заинтересирани за оваа тема. Да ги забележиме зборовите на Доналд Јеоманс (Donald Yeomans), астроном во лабораторијата НАСА за лансирање ракети во Пасадена, во Калифорнија, од приказот на Њусвик: „Земјата оди по својата патека околу сонцето низ рој од астероиди… Порано или подоцна, нашата планета ќе ја удри некој од нив.“1
Њусвик ја подвлекува близината на опасноста, известувајќи дека „на 23 март 1989 година еден астероид, со пречник од половина милја, ја одминал земјата за само 700.000 милји. Никој не го забележал како доаѓа; кога би поминал само шест часа подоцна, би ја збришал цивилизацијата“2.
Меѓутоа, не треба да одиме толку далеку барајќи доказ за метеоритската и астероидската активност којашто ја загрозуваат земјата. На 30 јуни 1908 година силна експлозија над Сибир срамнила со земјата 2.000 квадратни километри шума. Врвовите на урнатите дрвја биле насочени спротивно од епицентарот на експлозијата. Бидејќи немало никаков кратер, научниците заклучиле дека некоја комета или некој астероид експлодирал над почвата.
„Ad Astra“ пишува: „Кога комета со големина на онаа од Сибир би паднала денеска на некој типично селски предел во Соединетите Држави, би загинале 70.000 луѓе, додека материјалната штета би изнесувала 4 милијарди долари. Удар што би погодил некоја урбана област би убил 300.000 луѓе и би направил штета која би била поголема од 280 милијарди долари“ (стр. 32).
Дали е тоа „Божји арсенал“ што ќе биде активиран против нашата земја? Само Тој знае кога една од овие комети може да скршне од својата патека во надворешните пространства на сончевиот систем и по определена крива линија да се упати директно кон земјата. Ако се случи тоа, за жителите на земјата нема никакво значење малечката разлика дали овој настан го предизвикал Бог или Тој само дозволил да се случи.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Знаците на последното време“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
Близу е времето кога светот ќе го погоди силна болка која не ќе може да ја ублажи никаков човечки балсам и мевлем, кога никој не ќе може мирно да спие. Божјиот Дух се повлекува од земјата. Со заслепувачка силина и едноподруго, ненадејно и неочекувано, се нижат...
Силни земјотреси!
Земјотреси – нешто што влева страв во срцата на луѓето, нешто од што трпки ни поминуваат по снагата – феномен и појава пред која стоиме стаписани, вџашени, наполно немоќни, гледајќи како нашите куќи и нашиот имот – сиот наш животен труд – се претвора во купишта...
Оган, вулкани!
Очигледно е дека за време на силните земјотреси се случуваат, како што рековме, гигантски тектонски нарушувања, сеизмички поместувања и промени во земјината кора – тонат џиновски планински масиви, исчезнуваат острови, се јавуваат непрегледни кратери и процепи и...
„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“
Меѓу другите знаци на земјата, апостол Петар и пророкот Јоил во своите пророштва многу јасно најавуваат еден ист знак карактеристичен за последните денови, пред да настапи „големиот и славен“, односно, „големиот и страшен Господов ден“: „шикање на дим“, односно,...
Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците
Земните длабини претставуваат Господова ризница со Господов арсенал од кој е земено оружјето што е употребено при уништувањето на претпотопниот свет. Во таа пригода водата што избивала од земјата се споила со водата што паѓала одозгора и опустувањето било целосно. Во...
И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!
Катастрофални земјотреси ја толчат и сè повеќе ќе ја толчат, вулкани ќе ја столчат, а силни води ќе ја дотолчат нашата планета. Тоа е страшна спрега меѓу трите најмоќни природни сили што ќе се устремат против нашиот свет да го уништат. „Стравотија, јама и стапица се...
„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“
И небесните сили – небесните тела, како што кажуваат други преводи – ќе се разнишаат! Меѓу тие небесни тела што ќе се разнишаат, Исус ги спомнува сонцето, месечината и ѕвездите, а кон нив можеме да ги додадеме и кометите, метеорите, метеоритите и астероидите...
Астероид од шест милји
Повеќе за најразурнувачките ефекти предизвикани од огромните бранови што би ги подигнал астероид од 6 милји кој би се урнал во океан! Еве како го опишува тоа Newsweek: „Кога астероид од 6 милји би го погодил Мексиканскиот Залив, тој би создал бран висок 3 милји (над...
Други знаци кои го најавуваат крајот
„Природните катастрофи се сè почести и пожестоки, како во богатите, така и во сиромашните земји, уништувајќи животи, инфраструктури, институции и државни биланси. Тоа е еден експлозивен коктел кој може да создаде опасен вакуум на подрачјето на светската безбедност…...
Војни
Наскоро на нашиот свет ќе се случат огромни промени и последните движења ќе бидат многу брзи. Светот не ќе може да фати чекор со нив, избезумен е и во паника. Нашиот Спасител најавува војни и гласови за војни; се дига народ против народ и царство против царство...
„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“
Економијата во светот е во криза. Најголемите економски сили, како што се САД, Јапонија и други, се во страшни долгови, а некои и во колапс. Неразвиените земји и да не ги споменуваме. Големите политички и економски промени не донесоа голем напредок во источните земји....
Се распаѓа јатката на општеството – семејството
Во контекстот на пророштвата за последното време ги приведуваме и следните Христови зборови: Се дига татко против син и син против татко, мајка против ќерка и ќерка против мајка, свекрва против снаа и снаа против свекрва (Лука 12,53), секој секому му е виновен и се...
Ќе има глад
„Наспроти помошта, во Африка сè повеќе бегалци, гладни, жедни и болни“ – читаме во печатот и слушаме во јавните гласила. Според пророштвото, „последните денови“, покрај другите неволји, ќе ги притиска и тежок глад, ламја која се заканува да го голтне човештвото!...
Помори
Во „последните денови“ човештвото ќе го мачат помори и болести – кажува нашиот Спасител. И тоа е еден од знаците кој укажува на близината на крајот. Точно е дека отсекогаш имало болести и епидемии кои многупати во историјата десеткувале одделни народи и цели региони...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.