„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“
Економијата во светот е во криза. Најголемите економски сили, како што се САД, Јапонија и други, се во страшни долгови, а некои и во колапс. Неразвиените земји и да не ги споменуваме. Големите политички и економски промени не донесоа голем напредок во источните земји. Затоа цвета црната берза, шверцот, економскиот криминал, кражбите итн. Нема веќе економска стабилност и рамноправност. Разликата меѓу богатите и сиромасите во светот е сè поголема. Раслојувањето на населението на екстремно богати и сиромаси станува неподносливо. Светскиот капитал со рапидна брзина преминува во рацете на малцинството.
Енормно се зголемува мнозинството луѓе кои грчовито се борат со екстремна сиромаштија, со неможност да преживеат, што кај нив создава длабоки депресии, силни фрустрации и негативен набој, непрекратна потенцијална подготвеност за одмазда, за немир и бунт против ограбувачите кои го стекнале тоа богатство на нивна сметка во „последните денови“, како што кажува апостол Јаков во своето послание:
„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте за неволјите што идат на вас. Вашето богатство изгни и молци ја изедоа вашата облека. Вашето злато и сребро ’рѓосаа, а нивната ’рѓа ќе биде сведоштво против вас и како оган ќе ги голтне вашите тела. Вашето богатство го натрупавте во последните денови. Ете, заработката на работниците, кои ги ожнаа вашите ниви, што вие им ја задржавте, и викотниците на жетварите, дојдоа до ушите на Господа над војските. На земјата живеевте раскошно и разуздано; ги згоивте своите срца како за ден на клање. Го осудивте, го убивте праведникот, а тој не ви се противи“ (Јаков 5,1-6).
Очигледно е дека ова пророштво зборува за огромната алчност на богатите кои своето богатство го стекнале на неправеден начин во „последните денови“ на сметка на сиромасите. Економистите знаат да ни објаснат како светскиот капитал се прелеал во нивни раце.
Ако имате можност да ги посетите Кајманските Острови во Карибите, водичот ќе ви објасни дека на Кајманите постојат над 240 банки во кои добар дел од најбогатите луѓе во светот своето богатство го чуваат токму во тие банки. Но, водичот ќе ви каже уште нешто што зачудува! Тие богати луѓе често доаѓаат таму и од службите на банките бараат да им ги отворат нивните сефови за да проверат дали нивниот капитал стои во нив. Повремено со свои очи проверуваат дали нивните драгоцености (скапоцености) се тука и со свои раце ги бројат и пребројуваат златниците, доларите, еврата… за да се уверат дека се на купче, дека не фали ништо, да се уверат дека своето богатство го сместиле на безбедно место, сигурни дека си обезбедиле богатство за внуци, правнуци, за педесетто и стото колено по нивната смрт.
Но пророштвото кажува поинаку: „Вашето богатство изгни и молци ја изедоа вашата облека. Вашето злато и сребро ’рѓосаа, а нивната ’рѓа ќе биде сведоштво против вас и како оган ќе ги голтне вашите тела.“ Со други зборови, вашето неправедно богатство пропадна, и вам ќе ви остане само лута жалост и казна за вашата алчност, за вашата немилост и неправда кон сиромасите, кон народот што сте го ограбиле. Божјата заповед кажува „Не кради“, а вие сте краделе. „Ајде сега, вие богати, плачете и липајте за неволјите што идат на вас.“ „Секој што краде, ќе се истреби!“ „Ниту нивното сребро, ниту нивното злато, не ќе може да ги спаси во денот на Господовиот гнев.“ (Захарија 5,3; Софонија 1,18)
Постои ли можност за спасение и за ограбувачите, во случајов за богатите кои ги ограбиле сиромасите, кои го ограбиле народот во последните денови? Секако, можност за спасение Бог им дава и на најголемите злосторници, па и на ограбувачите. Што треба да сторат тие за да се спасат? Ќе ни каже Бог во својата Реч:
„Ако тој грешник го врати залогот, ако го поврати ограбеното, ако оди по законот на животот, и не прави ништо лошо – тогаш тој ќе живее, нема да умре. Ниеден од гревовите што ги направил нема да му се спомнат; тој почнал да живее по закон и по правда, тој ќе биде жив.“ „Тој треба да го варати она што го украл, или сосила го присвоил, или повереното што му било дадено на чување или што го нашол како загубено“, нека го врати! (Езекил 33,15.16; 3. Мојсеева 6,4).
Бог ги повикува и ги охрабрува сите богати, кои ограбиле, кои се збогатиле на сметка на сиромасите, на сметка на народот, да се покаат и да го вратат тоа што го украле, што го ограбиле. Бог ќе им го прости тој грев.
Како треба да постапи ограбениот народ со еден таков ограбувач кој ќе собере сили и храброст јавно да го признае тој свој грев и јавно ќе го врати тоа што го ограбил? Народот треба од срце да му прости, а државата да му направи споменик и да го прогласи за херој еднаков со најголемите херои кои во текот на некоја жестока битка својот живот го изложиле на смртна опасност, влегле во оган од куршуми и ги спасиле своите соборци од сигурна смрт.
Хуманост. Хуманоста не само што не напредува ниту за една педа, туку се појавуваат чудни патопсихолошки синдроми кај целото човештво. Секој ден сè повеќе расте апатијата, депресијата, меѓунационалната и меѓучовечката омраза. Сè поголем е бројот на ужасни и гнасни масакри и злосторства. Ужасна е и самата помисла, а камоли да се види што сè се подготвени да направат некои болни умови. Сè повеќе има психички нарушувања, дури и меѓу просечното население.
Онаа малку преостаната човечност во нормалниот живот денес сè повеќе исчезнува. Комшиите, особено во градовите, веќе и не се познаваат. Браковите се во страшна криза, роднините ретко некаде се согласуваат, пријателствата се ретки, освен во случај на заеднички интереси, а јазот меѓу генерациите – родителите и децата – сè повеќе расте. Во сето тоа нема ни збор за некоја хуманост и рамноправност во која секој ќе зема колку што му треба, а да производи колку што може. Еднаквоста, братството и единството се покажаа само како утопија.
Моралот. Сите досегашни системи на светскиот морал дефинитивно паднаа во вода и се погазени од порастот на порнографијата, проституцијата и сите облици на перверзија (лезбијство, хомосексуалност, педофилија, содомија итн.). Во јавноста сосем малку се дига глас против тоа. Истото јавно и мошне настојчиво и силно го промовираат најголемите филмски компании, светските списанија, училиштата и другите масмедиуми.
Денес речиси и да нема млади кои веќе од 12-13 години немале сексуални искуства. Дури и во воспитно образовните институции тоа се прифаќа како нормална појава. Многу родители исто така тоа го прифаќаат дури и со одобрување. Меѓутоа, последиците главно се тешки психички фрустрации, вонбрачна бременост, проституцаја, силеџиство, сексуално манијаштво, како и голем процент на самоубиства. Во таквиот систем бракот се смета за застарена установа, а семејниот живот за надминат. Секако, некој стои зад сето тоа.
Нашиот свет направи крупни научно вселенски и технички исчекори, но морално наполно е деградиран.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Знаците на последното време“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
Близу е времето кога светот ќе го погоди силна болка која не ќе може да ја ублажи никаков човечки балсам и мевлем, кога никој не ќе може мирно да спие. Божјиот Дух се повлекува од земјата. Со заслепувачка силина и едноподруго, ненадејно и неочекувано, се нижат...
Силни земјотреси!
Земјотреси – нешто што влева страв во срцата на луѓето, нешто од што трпки ни поминуваат по снагата – феномен и појава пред која стоиме стаписани, вџашени, наполно немоќни, гледајќи како нашите куќи и нашиот имот – сиот наш животен труд – се претвора во купишта...
Оган, вулкани!
Очигледно е дека за време на силните земјотреси се случуваат, како што рековме, гигантски тектонски нарушувања, сеизмички поместувања и промени во земјината кора – тонат џиновски планински масиви, исчезнуваат острови, се јавуваат непрегледни кратери и процепи и...
„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“
Меѓу другите знаци на земјата, апостол Петар и пророкот Јоил во своите пророштва многу јасно најавуваат еден ист знак карактеристичен за последните денови, пред да настапи „големиот и славен“, односно, „големиот и страшен Господов ден“: „шикање на дим“, односно,...
Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците
Земните длабини претставуваат Господова ризница со Господов арсенал од кој е земено оружјето што е употребено при уништувањето на претпотопниот свет. Во таа пригода водата што избивала од земјата се споила со водата што паѓала одозгора и опустувањето било целосно. Во...
И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!
Катастрофални земјотреси ја толчат и сè повеќе ќе ја толчат, вулкани ќе ја столчат, а силни води ќе ја дотолчат нашата планета. Тоа е страшна спрега меѓу трите најмоќни природни сили што ќе се устремат против нашиот свет да го уништат. „Стравотија, јама и стапица се...
„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“
И небесните сили – небесните тела, како што кажуваат други преводи – ќе се разнишаат! Меѓу тие небесни тела што ќе се разнишаат, Исус ги спомнува сонцето, месечината и ѕвездите, а кон нив можеме да ги додадеме и кометите, метеорите, метеоритите и астероидите...
„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“
Да се навратиме пак на веќе споменатата спрега на најмоќните природни сили кои со сета жестокост ќе се устремат против човештвото за да го истребат од земјата, и поподробно да ја разгледаме мислата за катастрофалните поплави, мислата за бучавата на силните морски...
Астероид од шест милји
Повеќе за најразурнувачките ефекти предизвикани од огромните бранови што би ги подигнал астероид од 6 милји кој би се урнал во океан! Еве како го опишува тоа Newsweek: „Кога астероид од 6 милји би го погодил Мексиканскиот Залив, тој би создал бран висок 3 милји (над...
Други знаци кои го најавуваат крајот
„Природните катастрофи се сè почести и пожестоки, како во богатите, така и во сиромашните земји, уништувајќи животи, инфраструктури, институции и државни биланси. Тоа е еден експлозивен коктел кој може да создаде опасен вакуум на подрачјето на светската безбедност…...
Војни
Наскоро на нашиот свет ќе се случат огромни промени и последните движења ќе бидат многу брзи. Светот не ќе може да фати чекор со нив, избезумен е и во паника. Нашиот Спасител најавува војни и гласови за војни; се дига народ против народ и царство против царство...
Се распаѓа јатката на општеството – семејството
Во контекстот на пророштвата за последното време ги приведуваме и следните Христови зборови: Се дига татко против син и син против татко, мајка против ќерка и ќерка против мајка, свекрва против снаа и снаа против свекрва (Лука 12,53), секој секому му е виновен и се...
Ќе има глад
„Наспроти помошта, во Африка сè повеќе бегалци, гладни, жедни и болни“ – читаме во печатот и слушаме во јавните гласила. Според пророштвото, „последните денови“, покрај другите неволји, ќе ги притиска и тежок глад, ламја која се заканува да го голтне човештвото!...
Помори
Во „последните денови“ човештвото ќе го мачат помори и болести – кажува нашиот Спасител. И тоа е еден од знаците кој укажува на близината на крајот. Точно е дека отсекогаш имало болести и епидемии кои многупати во историјата десеткувале одделни народи и цели региони...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.