Заклучок за преданието или за традицијата на традиционалната Црква
Како што можевме да утврдиме, целокупната традиција на традиционалната Црква, сето нејзино предание, комплет, е стопроцентна црковна емпирија, теологија создадена врз основа на посматрање и искуство, потреба да пополни свои, црковни празнини во црковната теологија.
Премногу небиблиски, нехристијански, пагански и историски баласт, јаловина, згура и троскот, празноверие и суеверие, магла и пајажина, а премалку библиска содржина и суштина во преданијата и традицијата на традиционалната Црква!
Апсолутно право има рускиот богослов Сергиј Булгаков кога кажува дека и самата помисла дека Светото писмо треба да се толкува и да разбере без светото предание е сенишна и страшна. Но, сенишна и страшна е теологијата на традиционалната Црква, во случајов теологијата на Православнта црква, зашто таа е создавана и создадена токму така како што кажува Булгаков – Црквата Библијата ја толкувала и ја протолкувала низ очилата на нејзиното свето предание. Стопроцентно промашување!
Заклучок: Главна метода со која се служело паганството за да ги преобрати христијаните во паганство била методата сублимација или преобразба на изворните христијански библиски верувања. Паганството ги претресло сите христијански библиски вистини и ги исполнило со паганска смисла и содржина. Уште поточно: Паганството не само што ја исполнило теологијата на традиционалната Црква со паганска смисла и содржина, туку комплетно ја претворило во паганска теологија! Не постои ниту една темелна библиска вистина во теологијата на традиционалната Црква која не е до гуша потоната во античкиот паганизам! Наместо христијанството да го преобрати и да го прибере паганството под својот чадор, паганството го преобратило, го асимилирало и го прибрало христијанството во своите пазуви.
„Но Исус им рече: ‘Залудно ме почитувате кога проповедате учења кои всушност се човечки заповеди… ја укинувате Божјата заповед за да го запазите вашето предание“ (Марко 7,5-9).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО МОНАШТВО И ЗА ПОДВИЖНИШТВОТО ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
За христијанското монаштво
„Христијанското монаштво е зачнато во 3 век на египетска почва. Значењето на овој факт станува очигледно дури кога, заедно со него, ќе се разгледаат и други две вистини. Прва вистина: Монашкиот начин на живеење, што подразбира повлекување од светот во живот на...
За подвижништвото во традционалната Црква
Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за разлика меѓу...
Две Марии, две проститутки и нивните подвизи
Веднаш да кажеме дека станува збор за Марија Магдалена, библиска личност, и за Марија Египетска, личност од преданијата на традиционалната Црква, со напомена дека преку грбот на овие две проститутки, Марија Магдалена и Марија Египетска, ние библиски го решаваме...
Раскол меѓу св. Богородица и нејзиниот Син Исус Христос
Христос грешниците не ги праќа во пустина, ниту во манастир, туку со раширени раце ги повикува кај себе сите, апсолутно сите грешници, и проститутките - и Марија Магдалена, и блудницата Рава, и блудницата жена Самарјанка, и жената фатена во прељуба, и Марија...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.