За подвижништвото во традционалната Црква

Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за разлика меѓу телото и душата овозможила поделба на животот на два дела: viva activa i viva contemplativa или, со други зборови, поделба на световен и духовен живот.

Бог не бара од нас трајно да се повлечеме од активниот живот (viva activa) на општеството на осамени места, да се затвориме меѓу ѕидови на манастири, во планини, во пештери и пустини, далеку од очите на јавноста, и животот трајно да го поминуваме во размислување, во мисловно посматрање на светот и животот, мисловно да се нурнеме во себе и цел живот со силата на нашата мисловност да се бориме, да ги победуваме и да се чистиме од нашите гревови во нас, и со силата на нашата мисловност да постигнеме совршенство, што не е можно. За победа и за чистење на нашите гревови не е потребен таков живот, живот наречен viva contemplativa. Гревот го победуваме и од него се чистиме во секојдневниот обичен активен живот со Божја помош и со силата на Светоиот Дух.

Бог не бара од нас да живееме како пустиници, како испосници и аскети за да постигнеме поголема светост и да бидеме поблизу до Бога. Светост пред Бога и христијанска големина ние постигнуваме како обични луѓе низ обичниот семеен и општествен живот, низ постојана заедница со Бога со молитва и со проучување на Божјата реч.

„Во срцето свое ја затворив Речта твоја за да не ти грешам“ (Псалм 119,11). Не во пештери на планина, не затворени во манастир за да не грешиме. Речта Божја во нашето срце ни помага да не грешиме. „Секој што греши, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почеток. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот. Секој што е роден од Бога не греши, зашто неговото семе (речта Божја) е во него, и не може да греши, бидејќи е роден од Бога“ (1. Јованово 3,8-9). Тоа е библиски и Божји начин да не грешиме и од грешни да станеме посветени мажи и жени, девојки и младичи. Сè друго е магла  и повеќе од ништо и сите други патишта да се постигне светост и некаква големина пред Бога се човечка суета.

Но, отсекогаш пошироката публика жеднеела Бога да го искуси и да го доживее директно, не низ Речта Божја, не низ Светото писмо, при што тоа се отфрла како единствен извор на теологијата и изворната вистина. Црквите на верниците им даваат можност по споредни патишта да дојдат кај Бога и лично да го доживеат надвор од Библијата. Но со тоа тие му даваат одврзани раце на сатаната да ги пресретне на споредните патишта и тој да им се понуди и да им се наметне како бог, и всушност тие него го доживуваат како бог.

Одејќи по споредни патишта, верниците на христијанските цркви доживуваат свои подвизи, свои вознеси. Во будизмот верниците низ медитација доживуваат лични подвизи така што се нурнуваат во себеси и во себе го бараат и наводно на тој начин го откриваат Бога. Верниците во некои протестантски цркви, под дејство на музички и светлосни ефекти, како и од неприродните гестикулации, говори и глума на нивните проповедници, пресметани така за да ги возбудат нивните чувства, занесени и опиени од таа вештачки создадена атмосфера, запаѓаат во еуфорија од чувство дека Бога го доживуваат во себе – се  тетерават, паѓаат во транс и својот вознес го искажуваат на неприроден начин. Сето тоа се одвива надвор од Божјата реч.

И монаштвото на традиционалната Црква како монаштво и неговите подвизи што ги доживува на разни подрачја од монашкиот живот, се надвор од Библијата. Како што видовме, „христијанското монаштво е зачнато во 3 век на египетска почва… Монаштвото во Египет од почеток било нехристијанска религиска појава… Во текот на првите три столетија од своето настанување, христијанската религија, се чини, била немонашка, како што тврди Тертулијан.“

Според тоа, ако монаштвото на традиционалната Црква е зачнато не на библиска, туку на паганска почва, тоа се хранело со паганска храна и се развило и израснало како паганска билка. За жал, христијанството го презело паганското монаштво и, како и сè друго, и него го христијанизирало, го хибридизирало. Но, апостолската црква и првите христијани, и Библијата како Божја реч, не познаваат таков тип монаштво. Значи, во вистинската Божја црква нема место за монаштво. Традиционалната Црква попусто се обидува оваа паганска билка да ја пресади во Библијата, бидејќи библиската почва не прифаќа билка која е зачната и хранета на паганска почва.

Најголемо искушение за христијанскиот свет, и за светот воопшто, се Христовите зборови: „Јас сум пат, вистина и живот; никој не може да дојде кај Отецот, освен преку мене“ (Јован 14,6). Монаштвото не го следи овој Христов пат. Всушност, традицоналната Црква како црква, заедно со своето монаштво, не го следат овој Христов пат, односно, не одат по вистинскиот библиски Божји пат. Тие одат по свои, црковни патишта, надвор од Библијата.

Но, да не заборавиме, секоја комуникација со Бога, и секое директно доживување на Бога надвор од рамките на Библијата, надвор од Божјиот пат, е комуникација со духовите на пакоста!

Секоја почит кон монаштвото, кон калуѓерите и калуѓерките и кон сите други подвижници, кои својот живот го посветиле на тој вид служба на Бога, кои решиле на тој, за нив повозвишен начин да го доживуваат Бога. Но, покрај нашата почит кон нив, наша обврска е и да бидеме искрени кон вистината!

Сите библиски „аскети“ – Мојсеј во Синајската Пустина, Јован Крстителот и Павле во Арапската Пустина, и Исус во пустината – таму, во пустината, добивале откровенија од Бога за нивната претстојна задача што ја поставил Бог пред нив и духовно се подготвувале за својата служба што требало да ја извршуваат, и сите се вратиле назад, во средината од каде што заминале, за да ги поделат придобивките што ги стекнале во таа посебна заедница помината насамо со Бога во пустината, тие придобивки да ги стават во служба на своите ближни.

Постапувајќи така, тие извршиле најголеми можни подвизи за Бога. Големината на нивните подвизи произлегува од големината на нивната служба што ја извршиле за Бога и за народот. Тие не живееле во изолација и изолирано од народот, туку во средината на народот и среде народот. Не останале цел живот духовно и материјално одвоени од светот за да живеат осамено во пустина, како аскети и пустиници, за да постигнуваат и да нижат некакви посебни, непродуктивни подвизи, недостапни, недостижни, бесполезни, нереални, неупотребливи и неприфатливи за нивните ближни.

Сите Божји библиски великани, кои извршиле силни подвизи во својата верна и предана служба за Бога и за Божјиот народ, но и општо за светот, оделе по вистинскиот Божји пат. Павле набројува некои од нив: Авел, Енох, Ное, Аврам, Сара, Исак, Јаков, Јосиф, Јохаведа, Мојсеј, блудницата Рава, Гедеон, Варак, Самсон, Јефтај, Давид, Самоил, но и илјадници други верни и предани на Бога мажи и жени чиишто имиња не се запишани во Библијата, а се запишани во небесните книги. Читајте и запознајте се со нивните вистински подвизи во Посланието до Евреите во 11. глава.

Како постигнале овие Божји великани толку големи и силни подвизи за да се запишат како пример на светите страници на Божјата реч, како вистински пример, или како вистински, реални подвизи што можеме да ги следиме? Еве како! Тие „доживеаја подбиви и удари, а покрај тоа и окови и зандани; беа каменувани, со пила сечени надве; искушувани, умираа од меч, талкаа во овчи и козји кожи; во немаштија, во неволји и мачени – оние за кои светот не беше достоен – талкаа по пустини, по гори, по пештери и по јами вземи“ – пред извлечениот меч на прогонувачите (Евреите 11,36-38).

Тоа се вистински библиски Божји подвизи што ги постигнувале Божјите слуги во својата активна служба за Бога и во најтешки околности во кои биле присилени да „талкаат во овчи и козји кожи; во немаштија, во неволји и мачени, да талкаат по пустини, по гори, по пештери и по јами вземи.“ Зад тие подвизи стои Бог, зашто нив ги постигнале неговите слуги кои оделе по неговиот пат, кои верувале и живееле така како што кажува неговата Реч, не поинаку.

Меѓутоа, подвизите на монасите/монахињите или подвизите на монаштвото во целост, се различни од библиските подвизи. За разлика од Божјите слуги што ги опишавме, монасите, монахињите и сите други подвижници (луѓе кои прават подвизи), можат да бидат повикани од друг дух, но сигурно не од Бога, да „талкаат во овчи и козји кожи; во немаштија, во неволји и мачени, да талкаат по пустини, по гори, по пештери и по јами вземи“. Според тоа, нивните подвизи се различни од подвизите на Божјите слуги во Библијата и се неприфатливи за Бога.

Понесени од еуфоријата што ја создале кај нив подвизите на Божјите слуги во Библијата, или од нешто друго, тие сами и во свои опинци одлучуваат да појдат по „тој пат“ за да доживеат исти или слични подвизи, сами ги реконструираат и ги пресоздаваат оригиналните околности и услови и патиштата по кои оделе Божјите слуги, за да им дадат на своите подвизи библиски легитимитет. Но сето тоа е само вештачка творба, замислена и измислена имитација, копија и сенка која ниту малку не наликува на својот библиски оригинал, нешто што е сосила направено, што е штимувано, штелувано, неуспешно реконструирано, вештачко, надвор од Библијата и  библиското, без Божји повик, без Божје одобрение, без библиска и Божја сила.

Главна девиза на монаштвото: Колку поголема изолација од средината, од светот и световното, во манастир, колку подлабоко во пустина, во шума, подлабоко во самотија и тишина, колку потежок пост и потешка аскеза – толку поголема светост и поблизу до Бога. – Така мисли и така постапува монаштвото!

Но, аскезата, пустините, манастирите, и општо монаштвото и неговите активности, што треба на верниците да им послужат како пример, се прифатливи само за монаштвото и за никој друг.

Една калуѓерка или еден калуѓер, затворени во манастир, во пустина или на друго осамено место, поминувајќи го времето и животот во смирение, во долги исцрпувачки пости, во ноќни бденија и молитви, во осаменички живот обременет со непотребен тежок режим на живеење, не можат да бидат прифатлив и употреблив пример за една девојка и млада жена, за еден младич или млад човек, кои живеат во сосем друга средина, опкружени со друг вид искушенија со кои се соочуваат во секојдневниот реален живот, обременет со товар на многубројни обврски, активности и задачи што треба да ги извршуваат. Вистинска калуѓерка и вистински калуѓер, кои заслужуваат пофалба и почит, е девојка или млада жена, младич или млад човек (се разбира, и постарите), кои среде жестоките искушенија и виулици со кои се опкружени во својата средина каде што работат и живеат, со Божја помош и под Божје знаме, остануваат простум пред нивните налети, не потклекнуваат и не паѓаат во неморал, во наркоманија, ниту во некоја од другите многубројни настраности и девијации со кои е преполн светот и друштвото во кое живеат и во кое мора да живеат. Стегите на нивниот живот се многу различни од стегите на животот на една калуѓерка и на еден калуѓер. Таа девојка е вистинска калуѓерка. Тој младич е вистински калуѓер.

Мајка му на Мојсеја, Јохаведа, Мајка му на Самоил, Ана, мајка му на Јована Крстителот, Елисавета и другите жени во Библијата со библиска големина, се вистински светители, вистински светици и калуѓерки, кои не отишле во манастир ниту во пустина, туку одговорно го прифатиле животот со сите негови тешкотии на сите подрачја; стапиле во брак, биле верни и предани сопруги, воделе домаќинство, изродиле деца и ги одгледале во екстремно тешки услови не за светот, туку за Бога. Тие на светот му ги подариле најголемите луѓе – Мојсеја, Самоила, Јована Крстителот… Да повториме – тоа се вистински калуѓерки и нивните подвизи се вистински подвизи што заслужуваат пофалба и секоја почит.

Светителите се повлекувале во манастири, високо во карпи, за да бидат подалеку од секојдневниот живот и поблузу до Бога, и во пустини, и оттаму ни праќаат житија за своите подвизи. Но тие подвизи немааат таква сила која ќе нè инспирира и поттикне и нас да ги следиме, бидејќи нашите и нивните патишта се разминуваат. Вистински житија со капацитет, ефикасни, реални и прифатливи, ни напишале и ни пишуваат, како што нагласивме, Јохаведа, Ана, Елисавета, Марија Магдалена, и секоја друга чесна девојка и младич кои среде расипаниот свет стојат простум, со карактер.

Тоа што го кажуваме за една девојка и млада жена, важи и за еден младич и млад човек кој не заминува во манастир или во пустина за да се подвизува, туку останува во средината во која израснал и одговорно го прифаќа реалниот живот со сите негови намети што му ги наметнува, без да потклекне и да застрани. Неговите искушенија, кои го дробат и го мелат неговиот живот, се различни од искушенијата што го дробат и мелат животот на еден калуѓер/монах. Затоа, монахот не може да биде негов пример што тој може и што треба да го следи.

За да се спасиме и да добиеме живот вечен, ние не треба да го следиме примерот на монасите и на монахињите? Причината е едноставна и многу јасна. Библискиот пат кон спасение и кон живот вечен не оди и не води низ манастир и низ пустина, не оди и не води низ тешки исрпувачки пости и аскези, низ тешки откажувања од убавините и радостите на животот; со еден збор, библискиот пат кон спасение не оди и не води низ монашкиот живот. Тој пат е едноставен и многу лесен. Жената фатена во прељуба Исус не ја пратил во манастир или во пустина цел живот со пост и аскеза да го окајува гревот за да се ослобиди од него. Не! Тој ѝ кажа: Јас ти проштавам, оди и не греши веќе. Светиот Дух ќе ти помогне да се ослободиш од него и да не грешиш. Тој ќе ти помогне да станеш ново создание на слава на Бога.

И Христос не заминал во манастир, во пустина или на некое друго осамено место со цел таму, во изолација од народот, како аскет и пустиник да се подвизува; таму да ниже победи со ѓаволот и својот живот да го збогатува и да го кити и закитува со безброј подвизи што ќе се запишат во житие за пример што ќе го следат луѓето. Не! Тој се вратил од пустината во средината на луѓето за да се сретне со нив таму каде што тие живеат: во нивните домови, на улица, на нивите, во селата, во градовите, крај езерото и на езерото… Свет живот и светост Христос стекнал, да повториме, не во манастир и во пустина, туку во пословочно расипана и грешна средина: „Може ли од Назарет да излезе нешто добро?“ (Јован 1,46). Значи, триесет години Тој живеел свет живот меѓу порочните жители на Назарет и затоа е наш пример што треба да го следиме, бидејќи светиот живот и светоста не зависат од местото и од околностите и условите во кои живееме, туку од нашата заедница со Христа и со Светиот Дух кој ни помага и во најекстремно расипана и грешна средина да останеме чисти и свети. Тој нè повикува: „Појдете по мене!“ (Матеј 4,19). Според тоа, и ние сме повикани свет живот и светост да постигнеме во расипаната и грешна средина во која живееме, не изолирано од неа. „Не те молам да ги земеш од светот, туку да ги сочуваш од злото“, од гревот во светот, го моли Исус Отецот за своите следбеници (Јован 17,15).

Религијата на Библијата не може да се затвори меѓу кориците на таа книга, ниту меѓу ѕидовите на црквата и на манастирите, надвор од средината на луѓето. Подвизите од Гората на блаженствата се подвизи стекнати во вообичаениот живот и ставени во служба на сите – не затворени, изолирани. „Вие сте сол на земјата“, рекол Исус (Матеј 5,13). Солта се става во храната, не надвор од неа. Треба да живеете меѓу луѓето, за вкусот на божествената љубов да може да биде како сол што ќе го сочува светот од расипување. „Вие сте светлина на светот“ (Матеј 5,14), светлина на луѓето и меѓу луѓето , не светлина во манастир, во пустина…

Христос ни дава заповед: „Одете по сиот свет и проповедајте му го евангелието на секое создание!“ (Марко 16,15). Оваа Христова заповед бара од нас да одиме во светот и на сите да им го проповедаме евангелието. Апостолите сите до еден ги гледаме на терен, како со огнена ревност во градите го запалиле светот со евангелието. Тоа се вистински библиски подвизи со капацитет што се запишани во Библијата како пример за светот што треба и ние да го прифатиме и да го следиме.

Во продолжение да проследиме повеќе примери, подвизи на монаси или на подвижници светители што се опишани во нивните житија, преземени од верскиот календар на Православната црква од интернет.

Меѓу иконите во православните цркви се гледа и икона на св. Ѓорѓе Победоносецот, кој јава на коњ и со копје во раката убива ламја која живеела во езерото крај градот Вирит во Сирофеникија. Ламјата ги грабела луѓето од градот, ги одвлекувала во езерото и таму ги јадела. За да не изгинат сите, на совет од царот, граѓаните се договориле секој од нив секој ден поединечно на ламјата да ѝ го дарува своето дете, својот син или својата ќерка. Тоа се случувало сè до оној ден кога таму наишол св. Ѓорѓе на коњ и ја убил ламјата со копје, истиот ден кога жртва на ламјата требало да стане ќерката на царот, која веќе била на брегот на езерото, чекајќи ја ламјата да излезе од езерото и да ја изеде. На тој начин св. Ѓорѓе го ослободил градот од таа страшна напаст. Во знак на благодарност што ја победил и ја убил ламјата, Православната црква го слави св. Ѓорѓе на 23 април според стариот, а на 6 мај според новиот календар. Тоа е во најкуси црти сторијата за св. Ѓорѓе Победоносецот и за неговиот најголем подвиг – убил ламја со копје! – Многу е чудно што Православната црква и вакви приказни за деца прикажува на своите свети икони во Црквата!

Подвизите на старецот св. „Власие кој се настанил во пештера на планината Аргеус. Околу него се насобрале диви ѕверови, а тој ги милувал. На молба на некоја вдовица дека волк ѝ грабнал прасе, тој се помолил и волкот ѝ го вратил прасето.

Преподобниот Марко Подвижник, аскет и чудотворец. Бил многу милостив и плачел над бедата на секое Божје создание. Плачејќи еднаш се помолил на Бога за слепо хиенче и хиенчето прогледало. Од благодарност, мајката хиена му донела овенска кожа. Но светителот ѝ забранил на хиената во иднина да убива овци на сиромаси. Тој примил причеат од раце на ангели.“

Преподобниот Герасим. „Еднаш видел лав како рика од болка, зашто му влегол трн во ногата. Герасим му пристапил, се прекрстил, и му го извадил на ѕверот трнот од ногата. Потоа лавот толку се припитомил, што дошол со старецот во манастирот и таму останал сè до смртта на старецот; а кога старецот умрел, и лавот свиснал од болка за него.“

Сите овие претходни извештаи за подвизите на споменатите подвижници повеќе наликуваат на приказни за деца од научната фантастика отколку на вистински настани, а Црквата им одредила спомен денови, ги слави како светци посредници пред Бога, пред нивните икони пали свеќи и им се моли за помош.

Неколку извештаи за подвизи на светители кои сами влегувале во искушение:

Сирискиот испосник Талалеј. „За да го победи стравот во себе, Талалеј се настанил во многубожечки гробишта прочуени по појава на зли духови и страшилишта, каде што поживеал многу години, претрпувајќи многу од нападите на духовите и дење и ноќе.“ – Секако, Бог не го пратил таму за да покажува некакво јунаштво, да се бори со зли духови и страшилишта, кои можат со него да играат како мачка со глушец.

„Подвизите на Теодор Трихин, од Цариград, кој се настанил во пустински манастир во Тракија, каде се подложил на најтешки подвизи. За да има што помалку сон, спиел на камење, секогаш одел гологлав, и се облекувал во една облека од кострет, поради што е и наречен Трихин или Кострет.“

Подвизите на Марко Трачерски. „Откако им го раздал својот имот на сиромасите, тој седнал на штица во море со цврста вера во Божја помош и со молитва Бог да го одведе каде што е негова волја. И Бог Промислител го довел во Ливија, или Етиопија, во планината наречена Трачерска. На таа планина Марко нижел подвизи 95 години, без да види човек ниту животно. Полни 30 години водел страшна борба со лошите духови и се измачувал со глад и жед, со мраз и жега. Јадел земја и пиел морска вода.“

Чудно, Бог апостолите ги праќа во светот, меѓу луѓето, со задача да го проповедаат евангелието, а Марко Трачерски го праќа далеку  во планина, во Етиопија, со задача „полни 30 години да води страшна борба со лошите духови, да се измачува со глад и жед, со мраз и жега, да јаде земја и да пие морска вода“. – Премногу несериозно и очигледно дека Марко Трачерски таму го праќа, не Божјиот, туку некој друг дух со друга задача, животот да го помине во ветер и магла.

Меѓу многубројните подвижници од минатото наоѓаме и такви кои своите подвизи ги постигнувале качени на повисоко место. Имено, станува збор за светители, за монаси-пустници, кои се качувале на столб кој на врвот имал мала платформа и тука би поминале децении (и целиот свој живот) во непрекратна молитва, воопшто не слегувајќи на земјата. Еве некои примери од животот на овие светители, наречени столбници:

Лука Столбникот. „Се повлекол на столб кај Халкидон на кој се подвизувал (остварувал подвизи) полни 45 години чистејќи ја својата душа од секоја грешна желба и помисла. Угодувајќи му на Бога, се упокоил меѓу 970 – 980 год.“

Зар на Бога му се потребни 45 године да очисти некој грешник од неговите гревови? Христос кажува: „Јас сум вистинскиот чокот, а мојот Отец е лозарот… Вие сте веќе чисти преку Речта што сум ви ја проповедал. Бидете во мене, и јас ќе бидам во вас. Како лозата што не може да роди плод сама од себе, ако не е на чокотот, така и вие, ако не бидете во мене. Јас сум чокотот, а вие лозата; и кој е во мене и јас во него, тој ќе даде многу род; зашто без мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во мене, ќе биде исфрлен надвор, како лоза, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.“ (Јован 15,1-6)

Мерен на кантарот на овие Христови зборови, Лука Столбникот, и сите други столбници (и сето монаштво), го промашиле животот. Христос го повикува сиот свет: „Јас сум чокотот, а вие лозата; и кој е во мене и јас во него, тој ќе даде многу род; зашто без мене не можете да направите ништо.“ Христос не му дал заповед на Лука Столбникот, ниту на кој и да е друг столбник, или монах и монахиња, животот да го поминуваат качени на столб или на некое друго место, да покажуваат некакво јунаштво, за светот да им се восхитува, а Црквата да ги прогласи за светци и да ги воспева нивните подвизи пред своите верници, подвизи кои немаат никаква смисла ниту сила да го исчистат грешникот, подвижникот, од неговите гревови.

Во овој случај столбниците се качувале на столбови и животот го поминувале меѓу небото и земјата за да се очистат од своите гревови без Христа, како лози кои не се поврзани со Чокотот. Полни 45 јалови години Лука Столбникот поминал на столб „чистејќи ја својата душа од секоја грешна желба и помисла“, но не успеал да се исчисти, и така заминал од овој свет како сува лоза отсечена од Чокотот (од Христа), лажејќи се себеси и другите дека на тој начин му угодил на Бога. Како што кажавме, таков е случајот со сето монаштво, кое својата душа ја чисти „од секоја грешна желба и помисла“ на погрешен начин, со некакви свои самостојни подвизи, надвор од Библијата, а не како што кажува Христос: „Вие сте очистени преку Речта што сум ви ја проповедал.“ – Да, Речта Божја е средство за чистење на нашиот грев, не нашите подвизи.

„Монахот Вулфилајх, во Трир, со години живеел босоног на столб; преку зима му отпаѓале ноктите од прстите, а од брадата му виселе мразулци.“2

„Симеон Стилит (390 – 459). Живеел 30 години на столб висок 20 метри, изложен на дожд, сонце и студ. Неговите ученици со скала му носеле храна на платформата на столбот каде што живеел. За столбот се врзал со канап за да не падне. Канапот му го засекол месото кое на тоа место се разранило, изгнило и се црвјосало. Симеон ги собирал црвите што паѓале од неговите рани, велејќи им: „Јадете, тоа што ви го дал Бог!“3

„Во практиката на православното монаштво, особено во неговиот постар облик, се задржале многу специфични ориентални карактеристики на аскезата, кои во голема мера потсетуваат на нехристијанската хиндуистичка или будистичка аскетска пракса. Така во сириското монаштво се развил тип на светец на столб. На горниот проширен дел на некој осамен столб, кој во поголем број случаи е остаток од некој урнат храм, седи испосник и тука останува во положба на ‘вечна молитва’. Состојбата на непрекратна медитација доаѓа до израз и во телесното држење. Ставот во молитвата аскетот го прифаќа како трајна положба, така што на крај – барем така кажуваат легендите – кај неколку сириски светци птици направиле гнезда на нивните глави и на нивните испружени раце.“4

„И други аскети на руска почва вршеле екстремно тешки физички покорнички активности во вид на непрекратен пост до 40 дена и по ијадапати повторени прострации, при што молителот се фрлал на земја со целата своја должина со испружени раце и со члото слободно удирал во земјата. Покрај тоа, тие носеле огромни железни синџири и тешки бодлести железни крстови на голо тело под мантиите и справи за измачување, кои и денес можат да се видат по музеите на православните манастири.“5

„Меѓу анкоритите настанал голем натпревар во подвижништвото. Како што кажува опатот Дишен, на Макарие од Александрија ‘никогаш не можело да му се случи да слушне за некој подвиг во аскетизмот а тој веднаш да не се обиде да го надмине’. Ако други монаси не јаделе варено месо во текот на велигденските пости, Макарие не би јадел месо полни седум години; ако некои би се казниле себеси со неспиење, луѓето Макарија можеле да го видат како ‘налудничаво се обидува дваесет ноќи едноподруго да се одржи себеси буден’. Еднаш, за време на велигденските пости, стоел исправено ноќ и ден, и не јадел ништо, освен еднаш седмично неколку листови зелка (…) Шест месеци спиел во мочуриште и телото го изложувал на отровни муви.

Некои монаси се истакнале со подвизи на осаменост; така Серапион живеел во пештера на дното од еден амбис во кој одвај можеле да слезат неколку поклоници; кога Јероним и Паула стигнале до неговото дувло, нашле човек од кој останале безмалку само коски, со парче ткаенина околу слабините, а лицето и рамената му ги прекривала непотстрижена коса; ќелијата му била голема само толку во неа да се смести легло од лисја и една штица; а сепак, тој човек своевремено живеел меѓу римските аристократи.

Некои воопшто не лежеле додека спиеле: Бесарион четириесет години, а Пахомие педесет. Некои посебно се оспособиле за молчење и поминале многу години без да проговорат ниту еден збор; други, каде и да оделе, носеле тешки тегови, или своите екстремитети ги врзувале со железни ракавици, со штитници или со синџири. Мнозина со гордост го бележеле бројот на годините откако не погледале лице на ниту една жена.“6

Од Верскиот календар на МПЦ: „Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски. Чист по душа и тело, тој сакаше сиот себеси да му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи.“

„Свети Нектариј Егински Чудотворец. Твоите свети мошти, отче Нектариј, се покажаа како втора Силоамска бања, зашто лечат тешки болести, и преку дејствувањето на Духот секогаш им даруваат здравје и избавување на оние кои притекнуваат кај нив.“

Чудно но, според ова житие, Свети Нектариј е поголем чудотворец и од апостол Павле, зашто дури и неговите мошти „секогаш им даруваат здравје и избавување на оние кои притекнуваат кај нив“, што на апостол Павле тоа не му било секогаш можно. На пример, во одредени пригоди Павле не можел да ги излечи дури ни своите најблиски соработници, Епафродита и Трофима (Филипјаните 2,25-30; 2. Тимотеј 4,20).

Нашиот преподобен отец Прохор Пчињски. „Штом излезе од Црквата, се упати во планината. Како еленот што се стреми кон водни извори (Псалм 41,2), така и свети Прохор се устреми кон горската пустина од каде што може непрестајно да пие од непресушниот извор на жива вода, и се насели во нагоричанската горска пустина во Жегликовскиот крај. Таму најде пештера и покрај неа мало изворче и се насели како во царски палати. Храната му се состоеше од диви плодови, треви и корења, и притоа јадеше еднаш во седмицата. И кој би можел да ги опише сите негови подвизи, во непрестајна молитва, солзи и труд, во зимен мраз и летна горештина, лежејќи на гола земја наместо на мека постела. Навистина испосник, навистина пророк, навистина маченик, кој лежи врз студен камен! И засветли со добродетелите како ‘сјајна ѕвезда’ од исток и запад со благодатта на пустиножител. На тоа место свети Прохор помина 32 години, без да види човек и живееше со горските ѕверови.

Скитајќи така по гората, тој најде друга пештера и се  всели во неа, говорејќи: ‘Бог да го благослови ова место.’ Овде светиот старец продолжи со своите подвизи жеднеејќи за богопомазание и непрестајна заедница со Бога. На тој негов пат кон духовното совршенство и обожението имаше и многу ѓаволски искушенија.

На тоа место светителот помина други 30 години. По Божја благодат светителот го предвиде своето заминување од овој свет, се прекрсти, ги виде светите ангели кои дојдоа во пештерата по неговата душа, се помоли за светот и се претстави пред Бога на 14 октомври/1ноември. Таму му почиваше неговото нераспадливо тело.

Тогаш императорот на тоа место основа манастир на свети Прохор, го осветија и ги положија моштите на светителот оддесно на олтарот, каде што сега има параклис. И веднаш од моштите на светителот потече миро од кое слепи прогледаа, сакати проодија и болни оздравеа.“

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички. „Епископот Велички Гаврил е роден  во 1926 г. во Штип, од православни родители Методиј (подоцна со монашко име Кирил) и Горица Парнаџиеви.

За отец Гаврил слободно можеме да кажеме дека е  еден од најголемите подвижници на денешнината. Имено, тој речиси никогаш не спиел, а тоа време кога спиел, лежел на земја или на твда рогозина. Држел најстрог пост. Никогаш не јадел јадења со масло, а јадел една просфора во седмицата. Во празничните денови, заради послушност кон црковните правила, само го топнувал прстот во кандилото и го оближувал. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот. Се занимавал и со умната молитва во подвигот на очистување на срцето од страстите. Исто така, едно дете, сè уште е жив сведок дека, по молитвите на отец Гаврил, неговиот јазик се ослободил и тој почнал да зборува.“

Постојат примери – монаси и други подвижници, читајќи ги житијата и другите извештаи за мачениците и за нивните подвизи, копнееле и самите да станат маченици. И навистина сами скокале во оган или сами инсценирале такви околности во кои својот живот го завршувале како маченици, без никој да ги присили на тоа, уверени дека Христос со раширени раце и со топла насмевка ќе ги пречека во рајот.

Како што можевме да се увериме, житијата на светителите или светците на традиционалната Црква што ги опишавме, а такви житија со иста и слична содржина има уште многу, се преполни со легенди за чуда и со стории за настани кои никогаш не се одиграле, а во чијашто полна вистинитост нè уверува Црквата која за себе тврди дека е „столб и тврдина на вистината“. За секој човек и со малку чувство на реалност во себе, премногу е очигледно, видливо и јасно, дека житијата на светците на традиционалната Црква се една беспримерна авантура на нејзините авантуристи – подвижниците, пустиниците, испосниците, аскетите… беспримерна авантура на нејзините светци, која нема  апосолутно ниту трунка библиска вистина во себе. Тоа е чиста црковна архитектура, дизајнирана и изградена надвор од Библијата.

Според тоа, колку вистина има во тврдењето на Црквата дека таа е „столб и тврдина на вистината?“ Каков столб на Црквата се светците што ги опишавме? Каква тврдина е авантурата на житијата на светците? Може ли традиционалната Црква да почива врз авантурата на своите светци? Житијата се авантура, не се Библија! На поголем дел од иконите со кои е преполна Црквата, пред кои верниците палат свеќи и се молат, се претставени светци-авантуристи од житијата, кои не се реален пример за нив што можат да го следат. Според верскиот календар на Православната црква, на секој од тие светци, прикажани на иконите, им е посветен еден ден во годината кога Црквата ги слави како светци.

Да се потсетиме на дел од нелогичностите на приведените житија: воскресение на мртви; убивање на ламји; исцелување на болни; истерување на демони; повеќемесечен пост; посета на „преподобните“ пустиници од страна на Христа и од страна на други библиски личности; 95 години ниже подвизи во планина, без да види човек ниту животно; самостојно решава полни 30 години да води страшна борба со лоши духови и да се измачува со глад и жед, со мраз и жега; јаде земја и пие морска вода; волк враќа украдено прасе на вдовица; светител ѝ забранува на хиена да убива овци на сиромаси; лав свиснува од болка за старец подвижник кој умрел, а пред тоа му извадил трн од нога; самоволно се настанува меѓу многубожечки гробишта прочуени по појава на зли духови и страшилишта и се борби со нив; спие на камење; го измачуваат телото со глад и жед, со железни окови и со целоноќно стоење на молитва; живее на столб и 45 години ја чисти својата душа од секоја грешна желба и помисла, угодувајќи му на тој начин на Бога; на црвите што паѓале од неговото црвјосано тело им вели: „Јадете, тоа што ви го дал Бог“; носат огромни железни синџири и тешки бодлести железни крстови на голо тело под мантиите и справи за измачување; голем натпревар меѓу подвижниците кој ќе се закити со пвеќе и со поголеми подвизи; долги години живее во осаменост во дувло во амбис од кој останало само коски и кожа; ги бројат годините во кои не погледале лице на ниту една жена; копнеат и самите да станат маченици, сами скокаат во оган и сами инсценираат околности во кои својот живот го завршуваат како маченици, без никој да ги присили на тоа; маченик кој 62 години лежи врз студен камен и се храни со диви плодови, треви и корења; подвижник заедно со лав закопуваат мртов подвижник итн.

Православниот црковен историчар, Јевсевије Поповиќ, вели дека светителите ни од близу не ги направиле оние чуда што ни ги изнесуваат нивните житија: „На светителите им се припишуваат многу чуда во текот на животот или по нивната смрт. Но, ниту од близу не ги направиле сите тие чуда за кои ни раскажуваат подоцнежните хагиографии.“7

Ако на житијата не може да им се даде библиски легитимитет, што е факт, тогаш, како може светото предание нив да ги прогласи и да ги прифати за свети? Секако, Црквата е над Библијата, ќе каже таа, и ако нешто не може да го докаже со Библијата, истото ќе го догматизира и ќе каже: „Така кажува Црквата!“

Но, ако авантурите на житијата не можеме да ги оправдаме со Библијата, зар на преданието, а и на Црквата, ќе им дозволиме во нашата библиска вера да внесат сè и сешто: и проверено и непроверено, и свето и несвето, и вистинито и лажно, и христијанско и паганско, и хиндуистичко и будистичко, и духовно и световно, и вистина и невистина, и библиско и небиблиско, и Божје и сатанско, и шуто и рогато, и сено и слама, и ветер и магла…, каков што е случајот со житијата на светителите?

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО МОНАШТВО И ЗА ПОДВИЖНИШТВОТО ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   [viz-category-posts...

За христијанското монаштво

„Христијанското монаштво е зачнато во 3 век на египетска почва. Значењето на овој факт станува очигледно дури кога, заедно со него, ќе се разгледаат и други две вистини. Прва вистина: Монашкиот начин на живеење, што подразбира повлекување од светот во живот на...

Две Марии, две проститутки и нивните подвизи

Веднаш да кажеме дека станува збор за Марија Магдалена, библиска личност, и за Марија Египетска, личност од преданијата на традиционалната Црква, со напомена дека преку грбот на овие две проститутки, Марија Магдалена и Марија Египетска, ние библиски го решаваме...

Раскол меѓу св. Богородица и нејзиниот Син Исус Христос

Христос грешниците не ги праќа во пустина, ниту во манастир, туку со раширени раце ги повикува кај себе сите, апсолутно сите грешници, и проститутките - и Марија Магдалена, и блудницата Рава, и блудницата жена Самарјанка, и жената фатена во прељуба, и Марија...

Заклучок за преданието или за традицијата на традиционалната Црква

Како што можевме да утврдиме, целокупната традиција на традиционалната Црква, сето нејзино предание, комплет, е стопроцентна црковна емпирија, теологија создадена врз основа на посматрање и искуство, потреба да пополни свои, црковни празнини во црковната теологија....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат