За христијанското монаштво
„Христијанското монаштво е зачнато во 3 век на египетска почва. Значењето на овој факт станува очигледно дури кога, заедно со него, ќе се разгледаат и други две вистини. Прва вистина: Монашкиот начин на живеење, што подразбира повлекување од светот во живот на испосништво во рамките на испосничката заедница, е спротивен на духот, на начелата и развојот на раното христијанство… Втора вистина: во Египет имало многу испоснички заедници одамна пред христијаните да почнат да се повлекуваат во египетската пустина за да живеат во неа испоснички живот. Со други зборови, монаштвото во Египет од почеток било нехристијанска религиска појава.
Во текот на првите три столетија од своето настанување, христијанската религија, се чини, била немонашка, како што тврди Тертулијан… Од египетската пустина оваа пракса се проширила на другите делови од христијанскиот свет во 4 век, а до крајот на тој век монашкиот живот станал карактеристично обележје од најдалечната источна, до најдалечната западна и северна точка на Римското царство, вклучувајќи ја Британија“1
Монаштвото привлекло и голем број девојки и вдовици кои организирале женски манастири каде што живееле како калуѓерки.
Лутер бил калуѓер во манастир, каде што нашол Библија врзана за манастирскиот ѕид и често одел таму да ја чита. Библијата го просветлила и му помогнала да сфати дека Бог не бара од нас да станеме калуѓери за да постигнеме поголема светост и близина до Бога. За својот живот во манастирот, тој подоцна ќе напише:
„Јас навистина бев побожен калуѓер. Сите правила на мојот ред ги исполнував со таква строгост, што можам да кажам дека, ако некогаш некој калуѓер би можел да го добие небото со своите калуѓерски дела, тогаш сигурно на тоа би имал право јас…“
„Штирканиот“ плашт на праведност, со кој се наметнуваат луѓето, не е знак за постигната светост, ниту пак светоста е оддалечување од реалностите и од уживањата во животот. Тоа е изопачена замисла за светоста која премногу долго ја застапуваат мрачните испиени „светци“. Отфрлајќи ја добрата храна и здравата смеа, тие религијата ја направиле неприфатлива за остатокот од светот. Мрачните светци придонеле луѓето да почнат да се сомневаат и во Божјите закони. Абрахам Хешел кажува дека тајната на побожниот живот се крие во соединувањето на „светоста со човечкото“. Секој вистински побожен човек е пријатен другар кој ужива во реалностите на животот, но едновремено одбива да прави компромиси.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО МОНАШТВО И ЗА ПОДВИЖНИШТВОТО ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
За подвижништвото во традционалната Црква
Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за разлика меѓу...
Две Марии, две проститутки и нивните подвизи
Веднаш да кажеме дека станува збор за Марија Магдалена, библиска личност, и за Марија Египетска, личност од преданијата на традиционалната Црква, со напомена дека преку грбот на овие две проститутки, Марија Магдалена и Марија Египетска, ние библиски го решаваме...
Раскол меѓу св. Богородица и нејзиниот Син Исус Христос
Христос грешниците не ги праќа во пустина, ниту во манастир, туку со раширени раце ги повикува кај себе сите, апсолутно сите грешници, и проститутките - и Марија Магдалена, и блудницата Рава, и блудницата жена Самарјанка, и жената фатена во прељуба, и Марија...
Заклучок за преданието или за традицијата на традиционалната Црква
Како што можевме да утврдиме, целокупната традиција на традиционалната Црква, сето нејзино предание, комплет, е стопроцентна црковна емпирија, теологија создадена врз основа на посматрање и искуство, потреба да пополни свои, црковни празнини во црковната теологија....
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.