Раскол меѓу св. Богородица и нејзиниот Син Исус Христос

Христос грешниците не ги праќа во пустина, ниту во манастир, туку со раширени раце ги повикува кај себе сите, апсолутно сите грешници, и проститутките – и Марија Магдалена, и блудницата Рава, и блудницата жена Самарјанка, и жената фатена во прељуба, и Марија Египетска, и сите други блудници и грешници во сите времиња: „Дојдете кај мене сите изморени и обременети и јас ќе ве успокојам. Земете го мојот јарем на себе и научете се од мене, бидејќи јас сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за вашите души. Зашто мојот јарем е благ и моето бреме е лесно.“ „Мир ви оставам; својот мир ви го давам; не мир каков што дава светот. Да не се плаши вашето срце, ниту да стравува.“ (Матеј 11,28-30; Јован 14,27)

Јаремот е средство со чија помош воловите влечат тешка натоварена кола. Тоа е сликовит приказ како и ние сме впрегнати во јаерм со чија помош го влечеме товарот или бремето на нашиот живот. Кога Христос ни кажува „земете го мојот јарем на себе“, Тој нè повикува заедно со него да се впрегнеме во заеднички јарем и заедно да го влечеме товарот или бремето на нашиот живот. Тогаш нашиот заеднички јарем, во кој сме впрегнати со Христа, е лесен. Христовото „бреме е лесно“ во таа смисла што Тој го симнува од нас огромниот товар или огромното бреме на гревот што нè притиска и нè мачи и животот ни го прави лесен. Од грешни, Христос нè пресоздава во нови суштества. Во нас всадува нов живот со нова животна ориентација целосно насочена кон небото и вечноста. Христос нè ослободи од тешкото бреме на гревот кој нè вознемируваше и во нашето срце всади „свој мир“. Со Христа крај себе и во себе, впрегнати во заеднички јарем со него, ние сме среќни и полетни и лесно се справуваме со сите тешкотии и проблеми што ни ги наметнува животот.

Новиот живот, како живот, што ни го подари Христос, е многу полесно бреме за носење отколку бремето на нашиот поранешен грешен живот. Гревот е многу тешко бреме за носење. Впрегнати во Христовиот јарем на новите сознанија што имаме прекрасен Спасител кој се грижи за нас, во јаремот на новата вера, надеж, радост и среќа, ние многу полесно излегуваме на крај и со најтешките искушенија со кои се соочуваме и во нашиот нов живот.

Мошне значајна библиска вистина што постојано ја повторуваме и ќе ја повторуваме: Кога грешникот ќе се покае за гревот и од Христа ќе побара прошка и помош да не греши веќе, Христос веднаш му го проштава гревот и му подава рака и помош да не греши веќе. Неговите гревови ги фрла во морските длабини и ги растура како облак и како магла (Михеј 7,19; Исаија 44,22) и во неговото срце всадува „свој мир“. Кај него нема веќе грев да го вознемирува. Гревот и осилката на гревот се отстранети и срцето е исчистено. Сега во него владее мир, сладок Христов мир. Тоа не е процес кој трае долго – со денови, месеци и години. Христос тоа го прави веднаш. Тој на гешницата фатена во прељуба ѝ кажа: Не те осудувам, ти проштавам, оди си и не греши веќе (Јован 8,11). Не требаше да поминат 17 години да ја измачува нејзиниот грев, па дури потоа да ѝ го прости и да ја ослободи од него. Блудницата жена Самарјанка не чекаше дури ни да заврши до крај нејзиниот разговор со Хриса. Кога сфати дека разговара со Спасителот на светот кој веднаш ѝ го прости гревот, нејзината радост беше толку голема, што ја заборави и својата стомна на бунарот и полета во градот својата радост да ја подели со своите сограѓани, повикувајќи ги да дојдат кај него на бунарот и да видат каков Спасител нашла таа, Спасител кој веднаш ѝ го простил гревот и ја ослободил од него.

Трите библиски проститутки ја сфатија и ја прифатија таа голема вистина. Секоја од нив на свој начин се сретна со Христа во средината во која живееше. Тие сфатија дека се грешни, се покајаа, а Христос веднаш им го прости гревот и веднаш во нивното срце всади свој мир. Кога стапија во заедница со Христа, тие почувствуваа дека Христовото бреме навистина е лесно.

Од сите библиски вистини што ги изнесовме до сега, произлегуваат мошне значајни прашања во врска со св. Богородица и нејзината клиентка, Марија Египетска.

Ако св. Богородица навистина беше вистинската Христова мајка, вистинската Богородица, тогаш како можеше таа, наместо Христовото лесно бреме, врз грбот на својата пациентка, Марија Египетска, да натовари толку тешко бреме и да ја прати во пустина?

Токму за тоа тешко бреме што го натовари св. Богородица врз нејзиниот грб кога ја прати во пустина да најде мир, Марија Египеткса кажува:

„Седумнаесет години поминав во оваа пустина во борба со безумните мои страсти, како со лути ѕверови… моето тело изнемоштуваше во борбата со гревовните желби, што ја зовриваа крвта во мене и ме согоруваа… И така поминав седумнаесет години во постојана внатрешна борба и тешки искушенија.“

Да, ова е лична исповед на Марија Египетска од која се гледа дека таа во пустината не добила мир, како што ѝ ветила и тврдела св. Богородица. Напротив, врз тешкото бреме на нејзините седумаесетгодишни гревови, од кои не успеала да се ослободи, како што кажавме, се пластел нов товар произлезен од пустинските суровости со кои се соочувала секој ден.

Таа 17 години живееше како беспримерна блудница и проститутка, како општествен смет и р’каница, однародена и отчовечена; и плус други 17 години проживеа невидена тортура во пустина, во која и надворешно ја загуби човечката лика, претворајќи се во некакво привидение, во кожа и коски, во костур и сув трупец што се распаѓа, и како сув трупец умре, со лажна надеж и сигурност дека ја исполнувала Божјата волја, дека во Божје име 17 години доживувала и доживеала безброј подвизи угодни на Бога. Но, сето тоа било лага, тешка измама!

Тоа ли е онаа Света и Пресвета Владичица Богородица, Девочиста, Преподобна, Пречиста и Пренепорочна Дева, Милостива и Премилостива, Секогашблажена Дева, Мајка Божја, Застапничка на оскрбените, Поширока од вселената, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите? Тоа ли е онаа што ѝ кажа на својата пациентка „Премини Јордан, таму ќе најдеш мир за себе?“ – Да тоа беше таа! Така кажува житието на Марија Египетска.

Марија Египетска продолжува: „Верував дека овој глас (гласот на Богородица) ми беше упатен токму мене и верував дека навистина ќе најдам мир од другата страна на Јордан, во пустината, каде што од дамнина се спасуваа праведните и таму каде што процвета отселништвото (живот насамо).“ Меѓутоа, не беше така. Таа беше прелагана, зашто во пустината не најде мир, бидејќи самата изјавува: „И така поминав седумнаесет години во постојана внатрешна борба и тешки искушенија.“ – Целосно промашен живот – несвесна дека во прашање е измама и самоизмама!

Истата измама и самоизмама е присутна и кај старците кои длабоко во Јудејската пустина строго се подвизувале, а и кај сите други подвижници низ сите векови, и денес, кои наполно погрешно и слепо ги имитирале и имитираат стапките на Јована Крстителот, апостол Павле и нашиот Спасител, кои извесно време престојувале токму во тие предели, во пределите на Јудејската пустина, а потоа се вратиле во средината од која заминале за да ја извршат задачата што ја поставил пред нив Бог.

Всушност, сите подвижници, на кое било место, цел живот поминуваат во постојана внатрешна борба со самите себе и со својот грев од кој, слично на Марија Египетска, не успеваат да го победат, зашто се борат под погрешно знаме и на погрешен терен кои не му припаѓаат на Бога, туку на силите на злото.

Ќе ги цитираме Христовите зборови: „Исус му рече: ‘Јас сум пат, вистина и живот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку мене.’“ (Јован 14,6)

Повеќе од јасно е: Христос е единствен пат, единствена вистинска вистина, единствен и директен, непосреден Спасител на грешниците од гревот без никаков и ниту еден посредник. Христос е категоричен кога кажува: „Никој не доаѓа кај Отецот“ на небото „освен преку мене“, никој не може да наследи вечен живот ако оди по свои, по други, по човечки, по црковни или по споредни патишта. Единствениот пат што води на небото сум Јас, ни сведочи Христос.

Според тоа, православието сериозно треба да размисли за оваа библиска вистина и своите верници да ги упатува директно кај Христа кој веднаш им ги проштава гревовите на грешниците, а не да ги упатува пред иконата на св. Богородица и пред иконите на другите светци од нив да бараат решение за својот проблем со гревот, зашто единствено исправно и сигурно решение за гревот може да се најде кај Христа, не кај светците. Кога Христос ѝ го прости гревот на Марија Магдалена, тука не беше присутна Исусовата мајка, Богородица, да посредува, да го смилосува својт Син за да ѝ ги прости гревовите на големата грешница, Марија Магдалена. Тука немаше ниту еден друг светец или светица да посредува пред Христа во нејзина полза. Да, Православието и Католичката црква мора да ја сфатат оваа библиска вистина, ако не на овој свет, тогаш ќе мораат да ја сфатат на Божјиот суд.

Очигледно е дека во случајот на Мрија Египетска постои раскол меѓу света Богородица и нејзиниот Син Исус Христос, зашто начинот на кој Исус го реши проблемот на гревот на трите библиски проститутки е дијаметрално спротивен од начинот на кој св. Бгородица го реши, односно, не го реши, или, точно и прецизно кажано, погрешно го реши проблемот на гревот на големата блудница, односно проститутка, Марија Египетска. Што е уште постаршно, св. Богородица на својата пациентка, Мрија Египетска, ѝ даде наполно погршни информации, лажна надеж и лажна вера, ја упати на погрешен пат, со што целосно ја упропасти. Св. Богородица постапувала и постапува така и со сите други подвижници – наместо да ги упати на Христа, кој единствено може да го реши проблемот на нивниот грев, таа ги упатува на погрешен пат кој ги води директно во пропаст.

И сега најважното прашање! Ако постои раскол меѓу св. Богородица и нејзиниот Син Исус Христос, кој во случајот на Марија Египетска е очигледен, тогаш е повеќе од јасно дека гласот што го слушнала таа (Марија Египетска) кога ѝ се молела на св. Богородица пред нејзината икона во храмот во Ерусалим („Премини Јордан, таму ќе најдеш мир за себе!“), сигурно не бил гласот на вистинската Исусова мајка, на вистинската Богородица, туку тој глас потекнувал и потекнува од некој свиреп демон кој ужива на грешниците да им создаде колку што е можно поголеми неволји и страдања. Тоа е она што го кажавме на почетокот од пртходниот поднаслов кога кажавме дека црквите на своите верници им даваат можност по споредни патишта да дојдат кај Бога и Бога лично да го доживеат надвор од Библијата. Но со тоа тие му даваат одврзани раце на сатаната да ги пресретне на споредните патишта и тој да им се понуди и да им се наметне како бог, и всушност тие него го доживуваат како бог.

Одејќи по споредни патишта, верниците на христијанските цркви доживуваат свои подвизи, свои вознеси, но не од Бога и не за Бога. Да не заборавиме, секоја комуникација со Бога, и секое директно доживување на Бога надвор од рамките на Библијата и надвор од Божјиот пат, е комуникација со духовите на пакоста!

Според тоа, колку и да сме внимателни, трудејќи се да не повредиме никого, врз основа на она што го опишавме до сега за подвижништвото, ние мораме да кажеме дека комуникацијата на Марија Египетска и комуникацијата на сите други подвижници на традиционалната Црква, какви што се прикажани во нивните житија, се комуникација со духовите на пакоста! И затоа нивните подвизи не потекнуваат од Бога, ниту се направени за Бога. Тоа е голема измама и самоизмама и на подвижниците, но и на традиционалната Црква.

И во текот на историјата, и денес, традиционалната христијанска Црква премногу големо и нереално значење им придава на подвизите на своите верници. Така Црквата ги турнала народите на Европа и на Блискиот и Средниот Исток во долготрајни исцрпувачки крстоносни војни во кои илјадници христијани од цела Европа се упатиле кон Ерусалим, подготвени да ја докажат надмоќта на својата вера над исламот, пролевајќи безброј тони своја и туѓа крв, понесени од еуфоријата дека прават подвиг, дека извршуваат богоугодно дело – одат во поход да го ослободат Христовиот гроб. Пролевале крв за празен гроб чијашто локација сами ја одредиле на погрешно место. Ако беше Божја волја, Бог ќе се погрижеше христијаните тој гроб да го заземат без пролевање на тони човечка крв на двете страни…

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ЗА ХРИСТИЈАНСКОТО МОНАШТВО И ЗА ПОДВИЖНИШТВОТО ВО ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „За христијанското монаштво и за подвижништвото во традиционалната христијанска црква“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   [viz-category-posts...

За христијанското монаштво

„Христијанското монаштво е зачнато во 3 век на египетска почва. Значењето на овој факт станува очигледно дури кога, заедно со него, ќе се разгледаат и други две вистини. Прва вистина: Монашкиот начин на живеење, што подразбира повлекување од светот во живот на...

За подвижништвото во традционалната Црква

Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за разлика меѓу...

Две Марии, две проститутки и нивните подвизи

Веднаш да кажеме дека станува збор за Марија Магдалена, библиска личност, и за Марија Египетска, личност од преданијата на традиционалната Црква, со напомена дека преку грбот на овие две проститутки, Марија Магдалена и Марија Египетска, ние библиски го решаваме...

Заклучок за преданието или за традицијата на традиционалната Црква

Како што можевме да утврдиме, целокупната традиција на традиционалната Црква, сето нејзино предание, комплет, е стопроцентна црковна емпирија, теологија создадена врз основа на посматрање и искуство, потреба да пополни свои, црковни празнини во црковната теологија....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат