За диспензационализмот и диспензационалистите
Накусо за диспензационалистите и за нивната теологија. Називот „диспензационализам“ потекнува од верувањето дека историјата на спасението е поделена на „одвоени диспензации“, или изделени временски сегменти, и во секој од тие сегменти Бог спрема луѓето постапува на различен начин. Според диспензационалистичката теологија, историјата на спасението е поделена на седум изделени диспензации. Во секоја диспензација Бог на човекот му поставува различни барања. Во Мојсеевата диспензација, наречена „закон“, Тој бара послушност кон Мојсеевиот закон, што значи спасение со послушност, со човечки дела. Во сегашната христијанска диспензација (Црквата), Бог бара прифаќање на спасението со вера.
Диспензационалистите не веруваат дека Христовата црква денес е духовен Израел. Според нив, неисполнетите условни старозаветни библиски пророштва, со своите силни ветувања, сè уште се однесуваат исклучиво на стариот буквален Израел, односно, старозаветните Божји месијански ветувања, кои не се исполниле врз стариот Израел поради неговата непослушност, задолжително ќе се исполнат врз еврејскиот народ за време на милениумот што ќе настапи на земјата. Така тие новозаветната Христова црква потполно ја изделуваат од старозаветниот Израел и не ѝ придаваат ниту историска, ниту сегашна важност и улога во проповедањето на евангелието на сите народи.
За диспензационалистите христијанството не е продолжение на старозаветниот народ, туку тоа е „прекин“ или „уметок“ кој почнал на денот Педесетница (Духовден) и е непотребна и бесцелна историска маргиналија, само некаков историски интермедиер да ја пополни празнината, односно временскиот период од две илјади години меѓу еврејскиот избран народ до Христа, кога е потиснат во пасива, и новиот милениум во кој тој, наводно, пак ќе истапи на светската сцена како Божји избран народ, како нација, и ќе стане духовен центар на светот или стожер околу кој ќе се собираат сите народи. Според тоа, за диспензационалистите не пстои комплементарност, ниту поврзаност или библиски пророчки континуитет меѓу тие два ентитета, меѓу Христовата црква и стариот Израел. Основа на диспензационализмот: Евреите како нација сè уште се Божји избран народ.
Милиони христијани, кои го прифаќаат диспензационализмот, ја прифатиле Калвиновата теологија за предестинација, за која веќе доста зборувавме порано. Според таа доктрина, човекот судбински е предодреден или за вечно спасение или за вечна смрт. Така и на Евреите судбински им е одредено да бидат Божји избран народ, независно од тоа дали тие го сакаат тоа или не. Меѓутоа, ова не е библиско учење, зашто не ја почитува човековата слобода на избор.
Диспензационалистите веруваат дека христијанската диспензација ќе заврши кога Христос ќе дојде да ги земе верниците на овој свет на небо со помош на ненадејно, тајно и невидливо вознесение на почетокот од милениумот на оваа земја, за што веќе зборувавме. Значи, тајното вознесение ќе го обележи крајот на диспензацијата на Црквата и почетокот на обнова на старозаветната диспензација на Израел, обнова на еврејската нација во Палестина. Тие очекуваат Ерусалим пак да ја поврати својата некогашна Божја слава што ја загубил и пак да стане светски духовен центар со тоа што во него пак ќе се изгради некогашниот разурнат храм и повторно ќе се воведе старозаветниот жртвен систем. Секако, според нив, Бог видливо ќе го посвети обновениот храм со своја шекина од небото, како и при посветувањето на Соломоновиот храм, со што званично ќе почне милениумското царство на оваа земја, кое ќе биде првенствено еврејско!? – Невозможно и тешко голтливо, зашто во Библијата нема поделба на илјадагодишно еврејско царство (еврејски милениум) на оваа земја , и христијанско царство на небото. Постои само едно Божје царство во кое се наоѓаат верните на сите времиња.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...
Лажна доктрина за тајно вознесение
Се рекламира серија книги под наслов „Оставени“, продадена до сега во повеќе од 50 милиони примероци, со феноменален комерцијален успех, која зборува за последните настани. Таа ни дава ваква слика за последните денови на земјата: „Во еден хаотичен миг, одненадеж ќе...
Христовото доаѓање е видливо
Постојат христијани кои тврдат дека Исус веќе дошол или дека ќе дојде на нашиот свет невидливо за нашите очи. Од библиска гледна точка ова е погрешно. Христос му кажал на првосвештеникот за време на судењето: „Јас ви велам: ‘Отсега ќе го гледате Синот човечки како...
Библијата за милениумот
Милениумот е мошне битен период во Божјиот план за повторно воспоставување на мир и ред во растресената и оштетена вселена. Тој е преоден период од светот на смртта во светот на вечниот живот, од бунтот - во највозвишена хармонија. Зборот „милениум“ не се појавува во...
1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!
Мнозинството поборници на оваа теорија се христијани. Ова сфаќање главно е прифатено и во Светскиот екуменски сојуз на црквите, кој настојува да ги обедини сите христијански правци. Според него: Човештвото со својот напредок само ќе создаде Божје царство на мир на...
2. Библиски милениум
А сега за второто милениумско движење, за вистинскиот библиски милениум! Како што е опишано во Откровение 20,1-14, милениумот е период од илјада години, ограничен со првото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање и со второто воскресение на крајот од...
Праведните ќе им судат на грешниците
Кога зборувавме за небесниот истражен суд кажавме дека небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, кој се врши на небото пред второто Христово доаѓање, или пред неговиот втор...
Конечен крај на гревот и грешниците
Додека силите на злото размислуваат за сè што се случило, почнува процес кој на крај ќе ги наведе да сфатат дека згрешиле и погрешно му го припишале на Бога своето сопствено зло. Но, на крајот од милениумот, кога Бог повторно ќе ги врати безбожниците во живот (ќе ги...
Новата земја и вечниот живот
Апостол Јован ни кажува: „Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа.“ Што уште видел? „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж“ (Откровение 21,1.2)....
Дојди, Господе Исусе!
„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден - нека дојде, и кој сака - нека земе дарум од водата на животот!“ „Оној (Христос), кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам, скоро!’ Амин! Да, дојди Господе Исусе!“ (Откровение 22,17;...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.