Праведните ќе им судат на грешниците
Кога зборувавме за небесниот истражен суд кажавме дека небесниот суд во Библијата се одвива во три фази:
- „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, кој се врши на небото пред второто Христово доаѓање, или пред неговиот втор адвент на оваа земја,
- „Милениумски суд“, и
- „Извршен суд.“
Беше објаснето дека во првата фаза од небесниот суд им се суди на мртвите и живите праведни за да се утврди дали тие навистина се покајале и ги оставиле своите гревови за да добијат право да заминат со Христа на небото во вечен живот. На предадвентниот небесен суд е утврдено дека грешниците, кои не се покајале и не ги оставиле своите гревови, немаат право заедно со праведниците да заминат со Христа на небото. Наместо тоа, тие во текот на милениумот остануваат на оваа земја во своите гробови.
Во текот на втората фаза од небесниот истражен суд, наречен „милениумски суд“, зашто тој се врши за време на милениумот на небото, се отвора судска постапка за секој грешник во која пред очите на праведните и на целата вселена подробно ќе бидат прикажани гревовите на секој грешник за да се потврди дека грешниците навистина не заслужиле вечен живот, туку вечна смрт во огнено езеро.
Јасно е дека за време на милениумот или за време на тие илјада години меѓу првото и второто воскресение, се одржува суд над грешниците. Апостол Павле предупредува на овој суд како настан што се одигрува по Христовото повторно доаѓање. „Не судете ништо предвреме, пред да дојде Господ, кој ќе го изнесе на видело скриеното во темнина и ќе ги открие намерите на срцата“ (1. Коринќаните 4,5). Даниел кажува дека, кога ќе дојде Прадревниот, ќе им го даде „судот на светците на Севишниот“ (Даниел 7,22). Во ова време праведниците ќе владеат како цареви и свештеници на Бога. Јован во Откровението кажува: „И видов престоли, а на оние кои седеа на нив им беше дадено да судат. Ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20,4.6).
Во ова време, како што преткажал Павле, „светите ќе му судат на светот“ (1. Коринќаните 6,2). Заедно со Христа тие ќе им судат на грешниците споредувајќи ги нивните дела со Книгата на законот, со Библијата, и ќе решат секој случај според делата што се направени во тело. Тогаш казната што мора да ја искусат грешниците ќе биде одмерена според нивните дела и запишана покрај нивното име во Книгата на смртта.
Христос и неговиот народ исто така ќе им судат на сатаната и на неговите лоши ангели. Павле кажува: „Не знаете ли дека ние ќе им судиме на ангелите“, односно на демоните, кои сега се чуваат „во мрачните бездни… за суд“ (1. Коринќаните 6,3; 2. Петрово 2,4).
На крајот од тие илјада години ќе настапи второто воскресение. Тогаш од мртвите ќе воскреснат грешниците и ќе се појават пред Бога за да се изврши над нив изречената пресуда. Така писателот на Откровението, откако го опишал воскресението на праведниците, кажува: „А другите мртовци не оживеаја додека не се навршија илјада години“ (Откровение 20,5).
Според тоа, додека грешниците милениумот ќе го поминуваат мртви во своите гробови на земјата, праведните на небото, заедно со Христа, и со другите светови, ќе ја верификуваат нивната пресуда за вечна смрт во огнено езеро откако ќе воскреснат во второто воскресение. Тоа е втората фаза од небесниот суд што се одржува за време на милениумот на небото – суд над грешниците.
Спасените ќе претставуваат еден вид порота. Таа порота не заседава затоа што би му била потребна на Бога, туку затоа што нејзе ѝ е потребно да го разбере Божјето постапување со грешниците. Тие треба да разберат зошто некои, можеби дури и нивни најмили, се исклучени од Божјето царство. Кога ќе биде завршено тоа судење, Бог ќе може за секогаш да ги уништи грешните и никој од спасените нема погрешно да ја разбере неговата постапка.
Јасно е дека спасените ќе им ја одмеруваат казната на своите некогашни мачители, свирепи тирани и немилостиви деспоти и диктатори пред кои некогаш коленичеле и заминале во смрт во гасни комори, во огнени печки, на ломачи и гилотини, во арени пред диви ѕверови или на некој друг начин екстремно мизерно го завршиле својот живот. Нивната казна ќе биде соодветна на маките на кои ги изложиле и што им ги задале на своите жртви.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...
Лажна доктрина за тајно вознесение
Се рекламира серија книги под наслов „Оставени“, продадена до сега во повеќе од 50 милиони примероци, со феноменален комерцијален успех, која зборува за последните настани. Таа ни дава ваква слика за последните денови на земјата: „Во еден хаотичен миг, одненадеж ќе...
За диспензационализмот и диспензационалистите
Накусо за диспензационалистите и за нивната теологија. Називот „диспензационализам“ потекнува од верувањето дека историјата на спасението е поделена на „одвоени диспензации“, или изделени временски сегменти, и во секој од тие сегменти Бог спрема луѓето постапува на...
Христовото доаѓање е видливо
Постојат христијани кои тврдат дека Исус веќе дошол или дека ќе дојде на нашиот свет невидливо за нашите очи. Од библиска гледна точка ова е погрешно. Христос му кажал на првосвештеникот за време на судењето: „Јас ви велам: ‘Отсега ќе го гледате Синот човечки како...
Библијата за милениумот
Милениумот е мошне битен период во Божјиот план за повторно воспоставување на мир и ред во растресената и оштетена вселена. Тој е преоден период од светот на смртта во светот на вечниот живот, од бунтот - во највозвишена хармонија. Зборот „милениум“ не се појавува во...
1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!
Мнозинството поборници на оваа теорија се христијани. Ова сфаќање главно е прифатено и во Светскиот екуменски сојуз на црквите, кој настојува да ги обедини сите христијански правци. Според него: Човештвото со својот напредок само ќе создаде Божје царство на мир на...
2. Библиски милениум
А сега за второто милениумско движење, за вистинскиот библиски милениум! Како што е опишано во Откровение 20,1-14, милениумот е период од илјада години, ограничен со првото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање и со второто воскресение на крајот од...
Конечен крај на гревот и грешниците
Додека силите на злото размислуваат за сè што се случило, почнува процес кој на крај ќе ги наведе да сфатат дека згрешиле и погрешно му го припишале на Бога своето сопствено зло. Но, на крајот од милениумот, кога Бог повторно ќе ги врати безбожниците во живот (ќе ги...
Новата земја и вечниот живот
Апостол Јован ни кажува: „Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа.“ Што уште видел? „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж“ (Откровение 21,1.2)....
Дојди, Господе Исусе!
„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден - нека дојде, и кој сака - нека земе дарум од водата на животот!“ „Оној (Христос), кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам, скоро!’ Амин! Да, дојди Господе Исусе!“ (Откровение 22,17;...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.