Новата земја и вечниот живот
Апостол Јован ни кажува: „Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа.“ Што уште видел? „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж“ (Откровение 21,1.2).
Чудесно! Од небото слегува град на земјата, блескотен и сјаен како невеста стокмена за свадба. Прекрасен град, и кога Јован се обидува да го опише, тој едноставно кажува дека неговите улици се од чисто злато, неговите порти од бисер, а Божјата слава е толку блескотна, што таму нема ноќ.
Милениумот на небото помина. Спасените, заедно со Христа, во небесниот град, слегуваат од небото на оваа земја, пречистена со оган во огнено езеро, обновена и претворена во рај, приготвена за вечна татковина на праведниците, зашто во Библијата наследството на спасените се нарекува татковина (Евреите 11,14-16).
Ни остана уште да го опишеме вечниот живот на спасените на новата земја што ќе ја населат и на која вечно ќе живеат.
„Сета земја почива, мирува, триумфирајќи од радост“ (Исаија 14,7). Низ целата верна и исчистена вселена се разлеваат похвални песни и радост. „Глас на силен народ, како бучава на силни води и како татнеж на силни громови“ се слуша како зборува: „Алелуја, зашто владее нашиот семоќен Господ Бог!“ (Откровение 19,6).
„Што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го подготви за оние кои го љубат“ (1. Коринќаните 2,9). Човечкиот јазик не може да ја опише наградата на праведниците. Тоа ќе им биде можно само на оние што ќе ја видат. Ниеден ограничен ум не е во состојба да ја сфати славата на Божјиот рај.
„Мојот народ ќе живее во мирни живеалишта, на безгрижни почивалишта.“ „Нема повеќе да се слуша за насилство во твојата земја, ниту за пустење и разурнување во твоите предели. Ѕидовите твои ќе ги нарекуваш спасение и портите твои слава“. „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот плод. Нема повеќе да градат а други да живеат, ниту да садат а други да јадат… избраниците мои долго ќе ги уживаат плодовите на своите раце“ (Исаија 32,18; 60,18; 65,21.22).
„Нека се радува пустината и сувата земја, нека ликува степата и нека процути кринот.“ „Место трње ќе расте кипарис, место коприва ќе вирее мирта“ (Исаија 35,1; 55,13).
„Волкот ќе живее со јагнето, леопардот ќе лежи со јарето… а нив ќе ги води мало дете.“ „Нема веќе да се прави зло ниту ќе има пустење на сета моја света гора, вели Господ“ (Исаија 11,6.9).
На новата земја, и во целата вселена, нема веќе страдање. Таму ќе нема веќе солзи, ниту закоп, ниту каков и да е знак на жалост, зашто „Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи (од очите на спасените), и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болест, бидејќи поранешното помина.“ „Ниту еден жител нема да каже: ‘Болен сум!’ На народот што живее таму ќе му се простат гревовите“ (Откровение 21,1-4; Исаија 33,24).
Тука е новиот Ерусалим, престолнината на чудесната нова земја, „прекрасна круна во раката Господова и царски венец на дланката на својот Бог“, „сиот во слава Божја, блескотен како скапоцен камен, камен сличен на кристален јаспис… Народите ќе одат во неговата светлина, а земните цареви ќе ја донесат својата слава во него“ (Исаија 62,3; Откровение 21,11.24).
Господ кажува: „Ќе се радувам заради Ерусалим и ќе се веселам заради мојот народ.“ „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето и Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат негов народ, а сам Бог ќе биде со нив“ (Исаија 65,19; Откровение 21,3).
На спасените во градот „не ќе им биде нужна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува… Божјата слава го осветлува, а Јагнето му е светилник“ (Откровение 22,5; 21,23).
Никој никогаш веќе не ќе почувствува недостиг од храна или вода. Ангелот на Јована му покажал „река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бога и на Јагнето“. „Од двете страни на реката“ Јован го видел „дрвото на животот кое раѓа дванаесет пати, кое секој месец го дава својот плод“ (Откровение 22,1-3). Прекрасните вкусни плодови на дрвото на животот им стојат на располагање на спасените низ сета вечност. Како што беше кажано, на новата земја нема ниту болка ниту смрт (Откровение 21,4).
Бог Отецот и Бог Синот, очигледно и Бог Светиот Дух (Откровение 22,17), светиот град го претвораат не само во наше, туку и во свое трајно, вечно живеалиште. „Престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во него, а неговите слуги ќе му служат и ќе го гледаат неговото лице, а неговото име ќе им биде на нивните чела“ (Откровение 22,3.4).
„Големи се и прекрасни делата твои, Семоќен Господе, Боже! Праведни и вистинити се патиштата твои, Цару на народите“ ( Откровение 15,3).
Колку милостиво од Бога што сето тоа така го уредил, особено по болката што сме му ја нанеле! Единствено вистинско објаснување би било тоа што Бог безмерно нè сака и дека навистина има желба да биде со нас – „Емануел, Бог е со нас“. Бог навистина нè милее.
А колку ние ќе го сакаме Бога и ќе уживаме да бидеме и да живееме во негова близина! Дали некогаш сте размислувале за тоа дека ќе живееме во Божја близина и ќе го гледаме неговото лице – неговото моќно, интелигентно, а сепак толку мило и љубезно лице?
Кога Бог конечно ќе нè собере околу себе, ќе се радува за нашето присуство „како младоженецот што ѝ се радува на невестата“ (Исаија 62,5). Пророкот Софонија 3,17.18. додава дека толку многу ќе се „радува“, што „ќе воскликнува радосно над тебе“!
Каква песна ќе слушаме кога Бог ќе се радува заради нас? Мислете за погледите што ќе се сретнат! Бог ќе пее како младоженецот што ѝ пее на својата невеста. Верувам дека Бог, додека ќе пее, со сета своја бесконечна љубов и нежност ќе погледне длабоко во очите на секого од нас, како да ќе сака да ни каже: „Затоа што си ти овде, чувствувам толку голема радост!“
Кога ќе уживаме предимство да го гледаме Бога на неговиот престол и додека ќе слушаме како сите радосно пеат, дали тука ќе се најдат и малечки деца да му седнат на скут како и некогаш, во библиските времиња, што седеле на Исусовиот скут?
Дали младите ќе бидат толку слободни да му пристапат и да му поставуваат прашања? Секако!
Кај нас нека се развие копнеж што поскоро да го видиме Исуса. Сме читале за него, сме слушале проповеди за него, сме го сликале како ги лекува луѓето, како се моли во Гетсиманија, како служи како наш првосвештеник, како доаѓа по нас на облаци. Лице в лице со Христа, со нашиот Спасител – колку прекрасно ќе биде тоа!
Новиот Ерусалим не е само чудесен, прекрасен град. Тој е и место каде што во текот на животот без крај, Бог и Христос, и откупените, ќе засноваат свој вечен заеднички дом.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...
Лажна доктрина за тајно вознесение
Се рекламира серија книги под наслов „Оставени“, продадена до сега во повеќе од 50 милиони примероци, со феноменален комерцијален успех, која зборува за последните настани. Таа ни дава ваква слика за последните денови на земјата: „Во еден хаотичен миг, одненадеж ќе...
За диспензационализмот и диспензационалистите
Накусо за диспензационалистите и за нивната теологија. Називот „диспензационализам“ потекнува од верувањето дека историјата на спасението е поделена на „одвоени диспензации“, или изделени временски сегменти, и во секој од тие сегменти Бог спрема луѓето постапува на...
Христовото доаѓање е видливо
Постојат христијани кои тврдат дека Исус веќе дошол или дека ќе дојде на нашиот свет невидливо за нашите очи. Од библиска гледна точка ова е погрешно. Христос му кажал на првосвештеникот за време на судењето: „Јас ви велам: ‘Отсега ќе го гледате Синот човечки како...
Библијата за милениумот
Милениумот е мошне битен период во Божјиот план за повторно воспоставување на мир и ред во растресената и оштетена вселена. Тој е преоден период од светот на смртта во светот на вечниот живот, од бунтот - во највозвишена хармонија. Зборот „милениум“ не се појавува во...
1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!
Мнозинството поборници на оваа теорија се христијани. Ова сфаќање главно е прифатено и во Светскиот екуменски сојуз на црквите, кој настојува да ги обедини сите христијански правци. Според него: Човештвото со својот напредок само ќе создаде Божје царство на мир на...
2. Библиски милениум
А сега за второто милениумско движење, за вистинскиот библиски милениум! Како што е опишано во Откровение 20,1-14, милениумот е период од илјада години, ограничен со првото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање и со второто воскресение на крајот од...
Праведните ќе им судат на грешниците
Кога зборувавме за небесниот истражен суд кажавме дека небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, кој се врши на небото пред второто Христово доаѓање, или пред неговиот втор...
Конечен крај на гревот и грешниците
Додека силите на злото размислуваат за сè што се случило, почнува процес кој на крај ќе ги наведе да сфатат дека згрешиле и погрешно му го припишале на Бога своето сопствено зло. Но, на крајот од милениумот, кога Бог повторно ќе ги врати безбожниците во живот (ќе ги...
Дојди, Господе Исусе!
„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден - нека дојде, и кој сака - нека земе дарум од водата на животот!“ „Оној (Христос), кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам, скоро!’ Амин! Да, дојди Господе Исусе!“ (Откровение 22,17;...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.