Христовото доаѓање е видливо
Постојат христијани кои тврдат дека Исус веќе дошол или дека ќе дојде на нашиот свет невидливо за нашите очи. Од библиска гледна точка ова е погрешно. Христос му кажал на првосвештеникот за време на судењето: „Јас ви велам: ‘Отсега ќе го гледате Синот човечки како седи оддесно на Силата (оддесно на Отецот) и како доаѓа на небесните облаци’“ (Матеј 26 64).
Пред величественото и славното доаѓање на нашиот Господ „земните цареви, големците, војсководците, богатите, силните, секој роб и секој слободен човек се засолнија во пештерите и по горските камењари, велејќи им на горите и карпите: ‘Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде великиот ден на нивниот гнев и кој може да се одржи?’“ (Откровение 6,15-17). – Грешниците повеќе сакаат врз нив да паднат горските карпи отколку да се сретнат лице в лице со Оној што го презреле и отфрлиле.
Пред да замине на небото, Христос им дал ветување на своите ученици: „Одам да ви приготвам место… и пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе, за да бидете и вие таму каде што сум јас“ (Јован 14,1-3). Овде нема ништо невидливо. Напротив, Тој доаѓа да нè земе нас, кои сме видливи, и да нè поведе во вечен живот во своето царство, во небесните домови.
Додека Исус се вознесувал, ангелите им кажале на апостолите: „Овој Исус, кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што го видовте да оди на небото.“ „И ќе го види секое око“ (Дела 1,11; Откровение 1,7).
И на многу други места Светото писмо јасно учи за буквално и лично Христово доаѓање. Павле кажува: „Сам Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба“ (1. Солуњаните 4,16). И Спасителот изјавува: „Ќе го видат Синот човечки како доаѓа на небесните облаци со сила и со голема слава.“ „Како молњата што излегува од исток и свети до запад, такво ќе биде доаѓањето на Синот човечки“ (Матеј 24,30.27).
„А на неговата наметка и на неговото бедро има напишано име: ‘Цар на царевите и Господар на господарите’“ (Откровение 19,16).
„Величеството негово ги покри небесата, и славата негова ја исполни земјата. Болскотот му е како сончева светлина“ (Авакум 3,3.4). Неговото лице свети посилно од блескотното пладневно сонце.
При второто Христово доаѓање, што го следи целата вселена без здив, зашто тоа е вселенски настан од највисок ранг, него ќе го придружува сета небесна војска: „Кога ќе дојде Синот човечки во својата слава и сите свети ангели со него…, ќе ги прати своите ангели со силен трубен глас и ќе ги соберат неговите избраници“ (Матеј 25,31.32; 24,31). – Значи, Христос доаѓа јавно и видливо, највидливо што воопшто може да се замисли.
Голем и славен настан при второто Христово доаѓање, и најславен од сите, е воскресението на мртвите праведни.
Среде тетеравењето и бранувањето на земјата, молскањето на молњите и татнежите на громовите, гласот на Божјиот Син ги повикува светите што спијат. Тој својот поглед го насочува кон гробовите на праведниците и тогаш, подигајќи ги рацете кон небото, извикнува: „Разбудете се и воскликнувајте, жители на правот“, станете вие, кои спиете во своите гробови (Исаија 26,19). На целата земја мртвите праведни ќе го слушнат овој глас во своите гробови и ќе оживеат. Сега земјата татни од чекорите на огромно мноштво од секое племе, колено, јазик и народ. Тие доаѓаат од темнината на смртта, облечени во бесмртна слава, триумфирајќи: „О гробе, каде ти е победата? О смрт, каде ти е осилото?“ (1. Коринќаните 15,55). Живите праведници, преобразени и облечени во бесмртност, и воскреснатите свети, своите гласови ги соединуваат во радосен изблик на победа: „Ете, Тој е нашиот Бог, во него се надевавме, Тој нè спаси“ (Исаија 25,9), и заедно со Христа заминуваат на небото, каде што ќе бидат Христови гости илјада години или еден милениум, и на располагање ќе им стои сета вселена.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...
Лажна доктрина за тајно вознесение
Се рекламира серија книги под наслов „Оставени“, продадена до сега во повеќе од 50 милиони примероци, со феноменален комерцијален успех, која зборува за последните настани. Таа ни дава ваква слика за последните денови на земјата: „Во еден хаотичен миг, одненадеж ќе...
За диспензационализмот и диспензационалистите
Накусо за диспензационалистите и за нивната теологија. Називот „диспензационализам“ потекнува од верувањето дека историјата на спасението е поделена на „одвоени диспензации“, или изделени временски сегменти, и во секој од тие сегменти Бог спрема луѓето постапува на...
Библијата за милениумот
Милениумот е мошне битен период во Божјиот план за повторно воспоставување на мир и ред во растресената и оштетена вселена. Тој е преоден период од светот на смртта во светот на вечниот живот, од бунтот - во највозвишена хармонија. Зборот „милениум“ не се појавува во...
1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!
Мнозинството поборници на оваа теорија се христијани. Ова сфаќање главно е прифатено и во Светскиот екуменски сојуз на црквите, кој настојува да ги обедини сите христијански правци. Според него: Човештвото со својот напредок само ќе создаде Божје царство на мир на...
2. Библиски милениум
А сега за второто милениумско движење, за вистинскиот библиски милениум! Како што е опишано во Откровение 20,1-14, милениумот е период од илјада години, ограничен со првото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање и со второто воскресение на крајот од...
Праведните ќе им судат на грешниците
Кога зборувавме за небесниот истражен суд кажавме дека небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, кој се врши на небото пред второто Христово доаѓање, или пред неговиот втор...
Конечен крај на гревот и грешниците
Додека силите на злото размислуваат за сè што се случило, почнува процес кој на крај ќе ги наведе да сфатат дека згрешиле и погрешно му го припишале на Бога своето сопствено зло. Но, на крајот од милениумот, кога Бог повторно ќе ги врати безбожниците во живот (ќе ги...
Новата земја и вечниот живот
Апостол Јован ни кажува: „Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа.“ Што уште видел? „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж“ (Откровение 21,1.2)....
Дојди, Господе Исусе!
„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден - нека дојде, и кој сака - нека земе дарум од водата на животот!“ „Оној (Христос), кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам, скоро!’ Амин! Да, дојди Господе Исусе!“ (Откровение 22,17;...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.