Како еден исламист ја толкува Библијата?

Морис Бикај (Maurice Bucaille), поранешен христијанин, кој го прифатил исламот како своја религија и станал исламист, во Библијата бара доказ дека Исус Христос не е „алфа и омега“. Негова главна задача е да докаже дека Христос не е последен пророк, и својот доказ го бара и го наоѓа меѓу Христовите зборови запишани во Евангелието според Јован. Да ги слушнеме неговите аргументи:

„Христос определил каков ќе биде конечниот водач кого луѓето ќе мора да го следат по неговото исчезнување. Него (конечниот водач), единствено текстот во Евангелието според Јован експлицитно го означува со грчкото име Parakletos (Para­clet),), што значи бранител, посредник.“

Својата теологија тој ја поткрепува со следните библиски текстови: „Ако ме љубите, пазете ги моите заповеди. Јас ќе го помолам Отецот и Тој ќе ви даде друг Бранител за да биде со вас довека (Јован 14,15-16). А Бранителот пак, Духот Свети, кого што Отецот ќе го прати во мое име, Тој ќе ве научи на сè и ќе ви напомне за сè што сум ви зборувал (14,26). Тој ќе сведочи за мене (15,26). Подобро е за вас јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Бранителот нема да дојде при вас; ако пак, заминам, ќе ви го пратам. А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, за правда и за суд (16,7.8). А кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од себе нема да зборува, а ќе говори што ќе чуе и ќе ви ја каже иднината. Тој мене ќе ме прослави“ (16,13.14).

„Христијаните, продолжува Бикај, тврдат дека ова име или титула (Para­clet), кое Јован го употребува четири пати во своето евангелие, се однесува на Светиот Дух и еднаш во своето Прво послание 2,1 се однесува на Христа.

Во првиот век хеленистичките Евреи овој израз го употребувале со значење на посредник, бранител. Духот ќе интервенира и ќе дејствува како замена на Христа во својство на семоќен бранител или посредник.“

Овој коментар го прави Светиот Дух последен водач на луѓето по исчезнувањето на Исуса. Но се согласува ли тој со текстот на Јован, прашува Бикај, и дава многу чудни објаснувања. „Но од себе нема да зборува, а ќе говори што ќе чуе и ќе ви ја каже иднината“. За Бикај се чини „несфатливо тоа што на Светиот Дух му се припишува својство да го зборува и да го кажува она што го слуша… Колку што знам јас, ова прашање што ни го наметнува логиката, општо земено не е предмет на коментар… Двата грчки глагола (слуша и говори) дефинираат акции кои можат да се однесуваат само на суштество кое е надарено со орган за слух и орган за говор. Според тоа, не е можно тие да се применат на Светиот Дух.

Значи, текстот на овој пасус од Евангелието според Јован, таков каков што ни го пренеле грчките ракописи, совршено е неразбирлив ако го прифатиме интегрално со зборовите ‘Свети Дух’ од реченицата (14,26), ‘а Бранителот, пак Духот Свети, кого што Отецот ќе го прати во мое име…’. Но ако ги изоставиме зборовите ‘Свети Дух’ од оваа реченица, целиот текст на Јован добива крајно јасна смисла. Тој, впрочем, е конкретизиран со еден друг текст на евангелистот, со Првото послание втората глава првиот стих, каде што Јован го користи истиот збор ‘бранител’ за да го означи едноставно Исуса како посредник кај Бога. И според Јован 14,16, кога Исус кажува: ‘Јас ќе го помолам Отецот и Тој ќе ви даде друг  Бранител…’, тој сака да каже дека на луѓето ќе им биде пратен еден ‘друг’ посредник, како и самиот тој што бил, кај Господа, во текот на својот земски живот.

Логично сме доведени до таму, во ‘бранителот’ според Јован да гледаме човечко суштество каков што бил и Исус, надарено со способноста за слух и говор… Исус, значи, најавува дека Бог подоцна ќе испрати едно човечко суштество на земјата да ја одигра таа улога која Јован ја дефинирал, улогата на пророк кој го слуша гласот Божји и им ја повторува на луѓето својата порака.

Зборовите ‘Свети Дух’ во библискиот текст, таков каков што го имаме денес, сигурно намерно се придадени подоцна со цел да се модифицира првобитната смисла на единствениот библиски пасус кој најавува дека по Исуса ќе дојде еден пратеник кој е поинаков од Оној што го замислувале и го прифатиле христијанските цркви што се раѓале и кои сакале Исус да биде последен пророк.“16

Ете, почитувани, така ја толкува Библијата еден исламист. На Бикај му пречи Светиот Дух како Христов пратеник и негов заменик на оваа земја, и тој без тешкотии, со логика разбирлива и својствена само нему, го вади него од текстот бидејќи Тој не се вклопува во неговата шема на размислување и му ги расипува однапред создадените сметки и есапи. Нему му е потребно по секоја цена во Библијата да пронајде човечко суштество, човек, кој ќе го прогласи за последен пророк, при што, ако треба, ќе изврши операција на библиските стихови за да го отстрани од нив и Светиот Дух. Бикај не го цитира до крај библискиот текст кој кажува: „Светот не го гледа“, „Тој ќе биде со вас и во вас“. Тој не ги зема предвид другите многубројни текстови, па ни оние за неговото излевање на денот Педесетница, текстови кои јасно Светиот Дух го дефинираат како божествена  личност, а не како Божји пратеник-човек, пророк, прв или последен, сè едно.

Немајќи други можности да ја постигне својата цел, Бикај посегнува по сложени лингвистички решенија кои секогаш се повеќезначни, одбирајќи го токму она решение, односно значење, што му одговара нему.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

    Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“....

Православната црква за себе и за Библијата

Кога зборуваме за Црквата, ние мислиме на традиционалната христијанска Црква, на православната и католичката, а Божјата црква посебно ја нагласуваме и ја именуваме како „вистинска црква“, „Христова црква“, „Божја црква“, „изворна библиска“ или „апостолска црква“....

Католичката црква за себе и за Библијата

  „Црквата комплетно го открива патот на спасението.“ „Црквата е врата за небото“ (а Христос вели: „Јас сум врата“, а не Црквата - Јован 10,9). „Потпирајќи се на Писмото и на преданието (традицијата), Советот учи дека Црквата (католичката), тој поклоник на земјата, е...

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на Иноќентие III, читаме: „Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги нарече еретици кои заслужуваат смрт.“3 „Папата Пие VII (1800-1823) изрекол вчудовидувачки...

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Желна за апсолутна власт и доминација, Црквата прави друг крупен исчекор: Наместо да излезе на терен како евангелска црква и да ја извршува Христовата заповед - да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, колено и јазик, таа израснува во силна централизирана...

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Зошто Православната црква покажува толку силен гнев спрема помалите верски заедници, нарекувајќи ги секти, а нивните верници „еретици“, „сектанти“, „проклети еретици“? Зошто ги повикува своите верници: „Бегајте од сектите“, „од денешните еретици (сектанти) како од...

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска евангелска црква предвидена со библиско пророштво дадено од Бога за да ја исполни и последната заповед на нашиот Спасител Исус Христос, да го проповеда библиското евангелие, не преданието. При разделбата Христос на...

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Крстени - возрасни верници17.592.397 Потенцијал. пријатели кои наскоро ќе се крстат2.154.222 Месни цркви 71.048 Вкупно активно вработени во црков. институции 232.168 Од нив ракоположени проповедници 17.530 МИСИЈА ВО СВЕТОТ Број на земји и области во светот рег. при...

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

  За традиционалната еврејска црква Христос и апостолите се еретици, а нивната наука ерес. За еврејската црква Христос е секташ, кој формирал своја секта, наречена „назарејска секта“, според гратчето Назарет, каде што израснал. Христовата изворна библиска наука во...

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Живееме во свет и време на компромиси на сите страни и подрачја од животот без кои не е можно да се живее - компромиси во бракот, во семејството, во општеството во кое живееме, компромиси на светската сцена во политиката, во економијата, во меѓудржавните релации итн....

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

„Адвентистите се единствено христијанско тело кое за свој учител ја има Библијата која на своите страници не содржи никаков доказ за замена на седмиот со првиот ден на седмицата. Оттаму и нивното име ‘Адвентисти на седмиот ден’.“13 „Католичката црква светоста на...

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Станува збор за Ратомир Грозданоски, истакнат теолог и професор на Богословскиот факултет во Скопје. Во својата брошура „Декалог, десет Божји заповеди“, Книгоиздателство „Матица македонска“, 1996 - Скопје, тој го толкува Божјиот закон, Десетте Божји заповеди. Кога...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат