Дојди, Господе Исусе!

„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден – нека дојде, и кој сака – нека земе дарум од водата на животот!“

„Оној (Христос), кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам, скоро!’ Амин! Да, дојди Господе Исусе!“ (Откровение 22,17; 22,20).

Книгата Откровение завршува со раширени раце, со повик, со молитва и љубов!

Светиот Дух, бистрите води што течат долж златните улици, и целиот вечен град во својата блескотна убавина подаваат раце, посакувајќи ни добредојде, повикувајќи нè да дојдеме. И ние, кои веруваме, сме повикани да го пренесеме тој повик и самите да ги подадеме рацете и со добредојде да ги пречекаме луѓето!

И ако го сакаме Исуса како што го сакал апостол Јован, ќе ги превиткаме нашите колена и од срце ќе му упатиме молитва: „Господе, Исусе, немој веќе да одложуваш! Те молам, дојди скоро!“

„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’“ Христијанските евангелисти, пасторите, соседите, кои веруваат како што кажува Откровението, извикнуваат: „Дојди!“ Мажите и жените, децата, браќата и сестрите, сите христијани, љубезно се повикуваат едни со други да дојдат кај Христа, да пијат од водата на животот и да најдат вечен живот.

Исус нè повикува: „Дојдете кај мене сите!“ (Матеј 11,28). Тој нуди проштавање, здравје, спокојство. Да појдеме кај него сега, додека можеме – и вечно да живееме со него!

Што ќе се случи со нас ако не го прифатиме повикот? Бог е сериозен. Новиот Ерусалим и новата земја не се за секого! „Надвор се кучињата, гатачите, блудниците, убијците, идолопоклониците и секој кој ја сака лагата и кој лаже“, а меѓу нив се и „страшливците, неверните, гнасните“ – секој што греши. Сите тие ќе бидат оставени надвор од градот, да исчезнат во „огненото езеро што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт“ (Откровение 22,15; 21,8).

Меѓутоа, благословени се оние „кои ги држат Божјите заповеди за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат низ портите во градот“ (Откровение 22,14). Тие не го заслужиле тоа право. Никој од нас не може да заслужи вечен живот! Христос го откупил тоа право за нас на Голгота.

„Јас, Исус, го пратив својот ангел за да ви го посведочи (потврди) ова“ (Откровение 22,16). Тоа е доказ дека Исусовото сведоштво е сведоштво или порака што ни ја упатува лично Тој, а не сведоштвото што го даваме ние за него.

„Оној кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам скоро!’“ А Јован одговара: „Амин! Да, дојди, Господе Исусе!“

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...

Лажна доктрина за тајно вознесение

Се рекламира серија книги под наслов „Оставени“, продадена до сега во повеќе од 50 милиони примероци, со феноменален комерцијален успех, која зборува за последните настани. Таа ни дава ваква слика за последните денови на земјата: „Во еден хаотичен миг, одненадеж ќе...

За диспензационализмот и диспензационалистите

Накусо за диспензационалистите и за нивната теологија. Називот „диспензационализам“ потекнува од верувањето дека историјата на спасението е поделена на „одвоени диспензации“, или изделени временски сегменти, и во секој од тие сегменти Бог спрема луѓето постапува на...

Христовото доаѓање е видливо

Постојат христијани кои тврдат дека Исус веќе дошол или дека ќе дојде на нашиот свет невидливо за нашите очи. Од библиска гледна точка ова е погрешно. Христос му кажал на првосвештеникот за време на судењето: „Јас ви велам: ‘Отсега ќе го гледате Синот човечки како...

Библијата за милениумот

Милениумот е мошне битен период во Божјиот план за повторно воспоставување на мир и ред во растресената и оштетена вселена. Тој е преоден период од светот на смртта во светот на вечниот живот, од бунтот - во највозвишена хармонија. Зборот „милениум“ не се појавува во...

1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!

Мнозинството поборници на оваа теорија се христијани. Ова сфаќање главно е прифатено и во Светскиот екуменски сојуз на црквите, кој настојува да ги обедини сите христијански правци. Според него: Човештвото со својот напредок само ќе создаде Божје царство на мир на...

2. Библиски милениум

А сега за второто милениумско движење, за вистинскиот библиски милениум! Како што е опишано во Откровение 20,1-14, милениумот  е период од илјада години, ограничен со првото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање и со второто воскресение на крајот од...

Праведните ќе им судат на грешниците

Кога зборувавме за небесниот истражен суд кажавме дека небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, кој се врши на небото пред второто Христово доаѓање, или пред неговиот втор...

Конечен крај на гревот и грешниците

Додека силите на злото размислуваат за сè што се случило, почнува процес кој на крај ќе ги наведе да сфатат дека згрешиле и погрешно му го припишале на Бога своето сопствено зло. Но, на крајот од милениумот, кога Бог повторно ќе ги врати безбожниците во живот (ќе ги...

Новата земја и вечниот живот

  Апостол Јован ни кажува: „Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа.“ Што уште видел? „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж“ (Откровение 21,1.2)....

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат