Библиски милениум

А сега за второто милениумско движење, за вистинскиот библиски милениум!

Како што е опишано во Откровение 20,1-14, милениумот  е период од илјада години, ограничен со првото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање и со второто воскресение на крајот од тој период. Сатаната е врзан на почетокот од милениумот, со што му се одзема можноста да ги мами луѓето. Сите праведници – и живите и оние што воскреснале во првото воскресение, добиле бесмртност и одведени се на небото, таму да живеат и да владеат со Христа во текот на милениумот. Грешниците се уништени со сјајот на второто Христово доаѓање кое ќе стори земјата да остане без луѓе. Во таа состојба таа се претвора во темна „бездна“, во која сатаната и неговите демони се заточени илјада години. Да го појасниме ова што го кажавме:

Пред да замине на небото, нашиот Спасител на своите ученици им дал славно ветување:

„Одам да ви приготвам место… и пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе, за да бидете и вие таму каде што сум јас“ (Јован 14,1-3).

„Сам Господ (Христос) ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христа (верните) ќе воскреснат први. Потоа ние, живите, кои сме останале, ќе бидеме земени заедно со нив на облаци за да го сретнеме Господа  во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господа“ (1. Солуњаните 4,16.17).

„Зашто, како што сите умираат во Адама, така и во Христа сите ќе оживеат. Но секој по својот ред: Христос како првина, а потоа оние кои се Христови, во времето на неговото доаѓање“ (1. Коринќаните 15,22-23). Апостол Павле е јасен: При Христовото доаѓање воскреснуваат оние кои се Христови, односно верните.

Христовите откупеници (верните) од сите векови воскреснуваат од мртвите, живите праведни се преобразуваат, а ангелите ги собираат да го сретнат Господа на облаците, и заедно со Христа заминуваат на небото, каде што ќе го почнат милениумот.

Апостол Павле е многу јасен: Тој гледа не тајно и таинствено, туку буквално и видливо слегување на Христа од небото на оваа земја; при тоа тој гледа буквално воскресение на праведните; гледа нивна, не тајна и таинствена, туку видлива средба со Христа во воздухот и нивно видливо заминување на небото, каде што „царуваа со Христа илјада години“.

Како знаеме дека праведните, кои воскреснаа во првото воскресение, „царуваа со Христа илјада години“ не на оваа земја во некаков земен милениум пред воторото Христово доаѓање, туку на небото, во небесниот милениум, откако Христос повторно ќе дојде?

Па апостол Јован спасените ги гледа на небото како седат на престоли и царуваат со Христа илјада години: „И видов престоли, а на оние кои седеа на нив им беше дадено да судат. Ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20,4.6).

Понатаму, Јован продолжува! „А другите мртовци не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е прво воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт“ (Откровение 20,4-6).

Текстот е јасен: Првото и второто воскресение ги дели период од илјада години или еден милениум. Понатаму:

„А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде пуштен од својот затвор, и ќе излезе да ги мами народите по четирите краишта на земјата… за да ги собере за војна, чијшто број е како морскиот песок. И излегоа на земната ширина и го опкружија логорот на светите и омилениот град; и падна оган од небото и ги проголта. И ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во езерото од оган и сулфур, каде што се ѕверот и лажниот пророк“ (Откровение 20,1-3.7-9.10).

Овој текст ни расветлува повеќе работи во врска со милениумот. Покрај другото, тој кажува дека „сатаната ќе биде пуштен од својот затвор“, што значи, тој илјада години бил во некаков затвор. За што станува збор? Читаме во Откровение 20,1-3:

„Видов ангел кој слегуваше од небото, кој во својата рака имаше клуч од бездната и голема верига. Тој ја фати ламјата, старата змија, која е ѓаволот и сатаната, го врза за илјада години, па го фрли во бездната и ја заклучи и запечати над него за да не ги мами народите додека не се навршат илјада години. Потоа треба да биде одврзан за кратко време.“

Посочениот текст, заедно со претходните текстови, ни откриваат неколку значајни библиски вистини. Прво, праведните милениумот го поминуваат со Христа на небото. Второ, сите грешници милениумот го поминуваат мртви во своите гробови на оваа земја, уништени од последните страшни катастрофи низ кои поминувала нашата планета во последните денови, но и од силната слава на второто Христово доаѓање пред која не може да опстане ниту еден грешник. Трето, нашата планета е наполно обезличена од гигантските пустења низ кои поминувала во последните денови заедно со грешниците кои ја газеле нејзината почва и која ги прибрала во своите пазуви. Таа е претворена во безживотна пустина на којашто е тотално уништена секоја трага на живот. Четврто, сатаната, заедно со своите демони, се единствени живи суштества кои милениумот ќе го поминуваат на опустената и наполно разурната земја, претворена во мрачен амбис (тартар, за кој веќе зборуваме), сомболички врзани во „голема верига“ за да не можат никаде и никого да мамат илјада години.

За време на тие илјада години, додека праведните се на небото, пророк Еремија вака ја опишува состојбата на земјата: „Ја гледам земјата, а таа, ете, пуста е и празна; на небесата светлината им исчезнала. Ги гледам планините, а тие се тресат и сите брекчиња се вознемириле. Гледам, а ете, нема ниту еден човек и сите небесни птици одлетале. Гледам, а ете, плодното поле опустело и сите градови ги разурна Господ со жестокоста на својот гнев. Да, вака вели Господ: ‘Сета земја ќе биде ограбена, јас ќе ѝ зададам последен удар. При тоа земјата ќе се завитка во црнина, а небесата и планините ќе потемнат, зашто реков и нема да се раскајам, одлучив и нема да отстапам“ (Еремија 4,24-28).

Сатаната и неговите демони ќе имаат време од илјада години да размислуваат и да ги гледаат последиците од својот бунт против Бога; ќе размислуваат за гревот што го измислиле кој одвел во смрт милијарди луѓе по чиишто гробови и коски ќе газат еден милениум.

А сега, во светлината на текстовите што ги приведовме, да ги анализираме настаните што се одигруваат откако ќе помине милениумот. Прво, во нив го гледаме сатаната, кој е „пуштен од својот затвор“; второ, грешниците, „чијшто број е како морскиот песок“, воскреснати по „илјадата години“ во второто воскресение; трето, „логорот на светите и омилениот град“, четврто, сатаната, заедно со грешниците, го опкружуваат „логорот на светите и омилениот град“ за да го нападанат и да го заземат, и петто, од „небото паѓа оган“ кој ја запалува земјата, претворајќи ја во огнено езеро, „во езеро од оган и сулфур“, кое „ги проголтува“ сатаната и грешниците. Тоа е „втора смрт“

Го повикуваме апостол Јован да ни појасни од каде пристигнаа на земјата „логорот на светите (праведните) и омилениот град“ во логорот.

Тој се оѕвива на нашиот повик и ни кажува: „Јас го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста, украсена за својот маж“ (Откров. 21,2).

Значи, градот, „новиот Ерусалим“, заедно со праведните во него, слегле во логорот на земјата од небото. Апостол Павле ни кажа дека праведните воскреснале во првото воскресение при второто Христово доаѓање и заедно со Христа заминале на небото, а Јован додава дека на небото царувале со него илјада години и, откако го поминале небесниот милениум на небото, тие, заедно со новиот и во новиот Ерусалим, слегуваат на оваа земја. Нема забуна! Праведните биле на небото и од небото слегле на оваа земја.

Според тоа, Библијата не познава и не признава никаков земен милениум, никакво земно илјадагодишно царство на мир и просперитет на оваа земја пред второто Христово доаѓање, туку само и единствено милениум или илјадагодишно царство на небото откако Христос повторно ќе дојде да ги одведе со себе спасените. Библијата исто така познава и признава две буквални воскресенија од мртвите – воскресение на праведните пред милениумот и воскресение на грешните по милениумот.

Основата на вистинското христијанство – Христовата љубов кон човекот – сè повеќе исчезнува од светот. Таа се заменува со верски масовни собири и конгреси, кои само административно ги собираат масите, но не му даваат и вистински дух на меѓучовечкото единство, освен само чувство на организациона припадност. Човештвото духовно и на ниво на сеопшта љубов и хармонија не се издигнува, туку паѓа.

Затоа мислењето што владее кај одделни протестантски верски заедници, кај диспензационалистите, и кај застапниците на движењето Њу ејџ, за земно духовно Христово илјадагодишно царство или за милениум пред крајот на светот – нема основа во Божјата реч. Таа наука за илјадагодишно царство на правда и мир, за некаков процут или рај овде на земјава, кога доброто ќе го надвладее злото пред личното Господово, второ Христово доаѓање, може некому да му се допаѓа, но тоа е само сон и тешка илузија, нешто што е противно на Христовата наука и на науката на неговите апостоли, зашто тие учеле дека „пченицата и каколот ќе растат заедно до жетвата“; дека „лошите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други, а и себеси“; дека „во последните денови ќе настапат тешки времиња, зашто луѓето ќе бидат себични, среброљупци, фаленичари, горделиви, пцујачи; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; без љубов, непомирливи, злобни, клеветници, невоздржани, свирепи, непријатели на доброто, предавници, безобѕирни, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се откажале од нејзината сила“, и дека царството на темнината ќе постои сè до Господовото враќање, кога Господ Исус ќе го уништи „со здивот на својата уста и ќе го искорени со појавата на своето доаѓање“ (Матеј 13,30.38-41; 2. Тимотеј 3,1-5; 2. Солуњаните 2,8).

Христос не најавува милениум пред своето второ доаѓање. Тој ја опишува состојбата на светот во тие денови: „Како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот човечки. Зашто како што во деновите пред потопот луѓето јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, сè до денот кога Ное влезе во ковчегот, и не сфатија додека не дојде потопот и однесе сè, така ќе биде и при доаѓањето на Синот човечки.“ Христос овде не изнесува земен милениум, илјада години, кога сите треба да се приготват за вечноста. Тој ни објаснува дека, пред Синот човечки повторно да дојде, ќе настапи време кое ќе биде исто со времето на Ное. Денеска светот оди по ист пат. Тој не покажува никакви ласкави знаци на илјадагодишна слава. Престапниците на Божјиот закон земјата ја исполнуваат со зло. Нивната распуштеност, нивниот развратен живот, нивните нескротени страсти, бргу го исполнуваат светот со насилство. Силното беззаконие на тоа време потполно одговара на беззаконието во ова поколение.

Значи, последното време Христос го опишува не како време на правда, мир и љубов, туку како време на војни, судири и немири, и до крајни можни граници расипано Ноево и содомско време со силно беззаконие што ќе го искорени само Тој со своето второ доаѓање (Матеј 24. глава).

За тој толку очекуван и посакуван илјадагодишен мир на земјата апостол Павле кажува: „Зашто самите вие дорбо знаете дека Господовиот ден ќе дојде како крадец во ноќ. Кога ќе велат: ‘Мир и безбедност’, тогаш ненадејно ќе падне погибел врз нив, како породилни маки врз породилна жена, и не ќе можат да избегаат“ (1. Солуњаните 5,2.3).

И, да повториме, никаков милениум, никакво илјадагодишно царство на правда, мир, среќа и спокојство на оваа земја пред да дојде Христос! Милениумот е предвиден за праведните кога наскоро ќе заминат со Христа на небото. Таму тие ќе го поминуваат тоа среќно и благословено време со Христа и во друштво на другите безгрешни небесни светови.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Второто Христово доаѓање“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...

Лажна доктрина за тајно вознесение

Се рекламира серија книги под наслов „Оставени“, продадена до сега во повеќе од 50 милиони примероци, со феноменален комерцијален успех, која зборува за последните настани. Таа ни дава ваква слика за последните денови на земјата: „Во еден хаотичен миг, одненадеж ќе...

За диспензационализмот и диспензационалистите

Накусо за диспензационалистите и за нивната теологија. Називот „диспензационализам“ потекнува од верувањето дека историјата на спасението е поделена на „одвоени диспензации“, или изделени временски сегменти, и во секој од тие сегменти Бог спрема луѓето постапува на...

Христовото доаѓање е видливо

Постојат христијани кои тврдат дека Исус веќе дошол или дека ќе дојде на нашиот свет невидливо за нашите очи. Од библиска гледна точка ова е погрешно. Христос му кажал на првосвештеникот за време на судењето: „Јас ви велам: ‘Отсега ќе го гледате Синот човечки како...

Библијата за милениумот

Милениумот е мошне битен период во Божјиот план за повторно воспоставување на мир и ред во растресената и оштетена вселена. Тој е преоден период од светот на смртта во светот на вечниот живот, од бунтот - во највозвишена хармонија. Зборот „милениум“ не се појавува во...

1. Милениум на земјата пред да дојде Христос – Не!

Мнозинството поборници на оваа теорија се христијани. Ова сфаќање главно е прифатено и во Светскиот екуменски сојуз на црквите, кој настојува да ги обедини сите христијански правци. Според него: Човештвото со својот напредок само ќе создаде Божје царство на мир на...

Праведните ќе им судат на грешниците

Кога зборувавме за небесниот истражен суд кажавме дека небесниот суд во Библијата се одвива во три фази: „Предмилениумски суд“, или „истражен суд“, кој уште се нарекува и „предадвентен суд“, кој се врши на небото пред второто Христово доаѓање, или пред неговиот втор...

Конечен крај на гревот и грешниците

Додека силите на злото размислуваат за сè што се случило, почнува процес кој на крај ќе ги наведе да сфатат дека згрешиле и погрешно му го припишале на Бога своето сопствено зло. Но, на крајот од милениумот, кога Бог повторно ќе ги врати безбожниците во живот (ќе ги...

Новата земја и вечниот живот

  Апостол Јован ни кажува: „Видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа.“ Што уште видел? „Тогаш го видов светиот град, новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога, стокмен како невеста украсена за својот маж“ (Откровение 21,1.2)....

Дојди, Господе Исусе!

„Духот и невестата велат: ‘Дојди!’ И кој слуша нека рече: ‘Дојди!’ И кој е жеден - нека дојде, и кој сака - нека земе дарум од водата на животот!“ „Оној (Христос), кој го сведочи ова, говори: ‘Да, доаѓам, скоро!’ Амин! Да, дојди Господе Исусе!“ (Откровение 22,17;...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат