Власта што земните свештеници на традиционалната христијанска Црква сами си ја присвоиле
Звањето и титулите: „Христов заменик (Vicarius Christi)“, „Заменик на Синот Божји (Vicarius Filii Dei)“, „Наследник на апостол Петар“, „Глава на христијанството (Caput Christianitatis)“, „Водач на свештенството (Dux Cleris)“, „Судија на светот (Arbiter Mundi)“, „Намесник на Божјиот Син“, „Непогрешлив учител на Црквата (екс катедра)“, „патријарх“, „поглавар“ или едноставно „свештеник“ – онака како што се сфаќаат и прифаќаат денес во христијанството, се историска, а не библиска категорија.
Папата Иноќентие III тврдел дека на Петар му е доверена не само Црквата, туку и целиот свет.
Оваа теорија настојувала да го издигне папата над световните владетели. Папата Бонифацие VIII, при јубиларната 1300-та година, седејќи на Константиновиот престол, опашан со царски меч и со круна на главата, мавтал со жезол и ликувал пред мноштво поклоници: „Јас сум цезар, јас сум цар!“1
Оваа спомената духовна елита на Традиционалната христијанска црква, екстремната злоупотреба на својата духовна власт во Црквата ја темели на неколку текстови од Божјата реч, толкувајќи ги така како што ѝ одговара нејзе за да си создаде себеси максимално поволни погодности и можности за манипулација со верниците. Тие текстови ги истргнува не само од интегралното учење на Новиот завет, туку и од контекстот на евангелијата.
Библиски принцип: Ниту една теологија за која било тема или предмет не е исправна ако е изградена само врз основа на еден стих истргнат од интегралноста на Библијата. За да имаме исправна теологија за секој предмет, потребно е да ги собереме на едно место сите текстови во Библијата кои се поврзани со тој предмет, да ги поврземе еден со друг во заеднички контекст кој ќе ни послужи како единствена вистинска основа за создавање на исправна теологија за предметот што го проучуваме.
Еве еден текст што го вадат свештениците од заедничкиот контекст и го злоупотребуваат:
„Дувна (Исус) во нив и им рече: ‘Примете го Светиот Дух! На оние на кои ќе им ги простите гревовите, веќе им се простени; на кои ќе им ги задржите, веќе им се задржани’“ (Јован 20,22.23). – Ете доказ за нашата власт да проштаваме гревови, велат свештениците. „Со власта што ми е дадена од него (од Христа), ти простувам и те разрешувам од сите твои гревови!“, му вели свештеникот на покајникот.
Овде Христос употребува идно свршено време (пасив). Што значи тоа? Уште пред да стане верник на Црквата, грешникот се покајал за своите гревови, ги оставил и побарал прошка од Бога за нив. Бог (не свештеникот) му простил и со крштавањето веќе го разрешил од нив. Дури потоа Црквата него го прима во своите редови со добредојде. Таа задача Бог ѝ ја доверил на Црквата, не на апостолите. За тоа како треба да им проштаваме, да ги сврзуваме, разврзуваме и разрешуваме гревовите на грешниците, имаме јасни Божји упатства:
„Ако ти згреши брат ти, појди и искарај го насамо. Ако те послуша, си го придобил брата си. Ако пак не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па од устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор. А ако не ги послуша нив, кажи ѝ на црквата; па ако не ја послуша и црквата, нека ти биде како неверник и како даночник. Вистина ви велам, сè што ќе сврзете на земјата, веќе е сврзано на небото и сè што ќе разврзете на земјата, веќе е разврзано на небото“ (Матеј 18,15-18).
Овде Христос апостолите ги гледа како интегрален дел на Црквата која го решава проблемот на гревот и гешниците. Никаде во Библијата Тој не ги изделува апостолите од Црквата и на ниту еден од нив не му дава можност гешниците да ги повикува во исповедална за да се исповедаат пред неговото уво, ниту пак му дава право тој да им го прости гревот.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Власта што свештениците на традиционалната Црква сами си ја присвоиле“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ВЛАСТА ШТО СВЕШТЕНИЦИТЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА САМИ СИ ЈА ПРИСВОИЛЕ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Власта што свештениците на традиционалната Црква сами си ја присвоиле“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Клучевите од небесното царство
Католичката црква во најголема можна мера го злоупотребува текстот во Евангелието според Матеј 16,15-19: „Исус им рече (на апостолите): ‘А вие што мислите, кој сум јас?’ Одговори Симон Петар и рече: ‘Ти си Христос, Син на живиот Бог.’ Исус одговори: ‘Блажен си Симоне,...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.