Клучевите од небесното царство

Католичката црква во најголема можна мера го злоупотребува текстот во Евангелието според Матеј 16,15-19:

„Исус им рече (на апостолите): ‘А вие што мислите, кој сум јас?’ Одговори Симон Петар и рече: ‘Ти си Христос, Син на живиот Бог.’ Исус одговори: ‘Блажен си Симоне, сине Јонин, зашто тоа не ти го открија телото и крвта, туку мојот Отец кој е на небесата. А јас пак ти велам дека ти си Петар (што значи карпа) и врз оваа карпа ќе ја изградам мојата Црква и вратата гробна нема да ја надвладее. И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, па сè што ќе сврзеш на земјата, веќе е сврзано на небото, и сè што ќе разврзеш на земјата, веќе е разврзано на небото.“

Кога станува збор за некаква божемна врховна власт што му ја дал Исус само на апостол Петар кога му рекол: „Ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, па сè што ќе сврзеш на земјата, веќе е сврзано на небото, и сè што ќе разврзеш на земјата, веќе е разврзано на небото“ – подоцна истата власт Христос им ја дал и на сите други апостоли (еднакво на сите): „На оние на кои ќе им ги простите гревовите, веќе им се простени; на кои ќе им ги задржите, веќе им се задржани“, и „сè што ќе сврзете на земјата, веќе е сврзано на небото и сè што ќе разврзете на земјата, веќе е разврзано на небото!“ (Јован 20,22.23; Матеј 18,15-18).

Исто така и „клучевите од небесното царство“, преку апостол Петар, како гласноговорник на апостолите, кој често се застапувал за дванаесеттемина, Христос им ги предал на сите апостоли. Петар во никој случај не бил поголем од другите апостоли, не бил поставен над нив, не уживал посебно предимство ниту пак му била дадена поголема власт отколку на другите. Тој подоцна дури со клетва се откажал од својот сакан Учител и станал негов предавник. Во дворот на првосвештеникот, каде што го испитувале Исуса пред големо мноштно насобрани, Петар се откажува од него:

„А Петар седеше надвор во дворот. И се приближи до него една слугинка и му рече: ‘И ти беше со Исуса Галилеецот.’ Но тој се одрече пред сите, велејќи: ‘Не знам што зборуваш.’“ … По вторпат: „И пак се одрече со клетва: ‘Не го познавам тој Човек!’“ … По третпат: „Тогаш почна да се колне и да се заколнува: ‘Не го познавам тој Човек!’ И веднаш запеа петел.“ Пред тоа се колнеше на врност: „Ако затреба дури и да умрам со тебе, нема да се откажам од тебе“, но сега, кога му беше најтешко на Христа, Петар трипати се откажа од него (Матеј 26,35.69-74). Поради тоа постоела опасност тој да биде исклучен од кругот на апостолите.

Според тоа, ако апостол Петар навистина беше таа карпа врз која Христос ја изгради својата Црква, тогаш таа сигурно ќе паднеше во мигот кога падна Петар, кога срамно и со клетва се откажа од Христа, кога гробната врата го надвлада. Фала на Бога што не е така. Петар е човек, како и секој друг човек, камен кој се тркала, а не непоместлива карпа врз која Христос ги поставил темелите и ја изградил својата Црква.

На друго место Исус ни појаснува што се тие „клучеви на небесното царство: „Тешко вам, законици, зашто ги зедовте клучевите од знаењето – самите не влеговте, а им попречивте на оние кои сакаат да влезат“ во Божјето царство (Лука 11,52).

Според тоа, „клучевите од небесното царство“ не се ништо друго туку знаењето или сознанијата што ни ги открива Светиот Дух од Божјата реч кога ја проучуваме со молитва и со искрена желба изворно да ја разбереме Божјата наука во неа, да го разбереме и да го сфатиме Христовото евангелие. Значи, Божјите клучеви од небесното царство се „евангелието, кое е сила Божја за спасение на секој кој верува“ (Римјаните 1,16). „Клучевите од небесното царство (евангелието)“ се општо духовно богатство, привилегија и предимство за спасение што му ги ставил Бог на располагање на целото човештво преку пророците и апостолите и што му стојат при рака на секој човек без никакви предуслови. Тие не се ничиј монопол, па ниту монопол на римскиот бискуп, што би му овозможувал посебен третман и статус, привилегија и можност за најразлични злоупотреби.

Божјата реч, „која е оган“, „чекан кој крши карпа“, „духовен меч“ „поостар од секој меч со две сечила“ (Еремија 23,29; Ефесците 6,17; Евреите 4,12) и евангелието, се духовни клучеви во рацете на секој грешник; тие го отвораат небесното царство.

Кога апостол Петар би добил врховна власт од Христа, тогаш апостол Павле не би смеел јавно да му се противстави и остро да го укори во Антиохија (Галатите 2,11). Исто така, на апостолскиот собор што се одржал во Ерусалим дваесетина години откако Христос заминал на небото, не претседавал Петар, туку Господовиот брат Јаков (Дела 15,13). Јаков не бил дури ни апостол. Тој бил старешина на црквата во Ерусалим.

Пред делегатите на црковниот собор Јаков решително го изнел своето сведоштво, велејќи дека Божја волја е и на незнабошците да им се дадат истите предимства и истата благодат што им се дадени на Евреите. Светиот Дух видел дека е добро на обратените незнабошци да не им се наметнува церемонијалниот закон и мислењето на апостолите во врска со тоа прашање било во согласност со Божјиот Дух. Јаков претседавал со Советот и неговата конечна одлука гласела: „Затоа сметам дека не треба да ги вознемируваме незнабошците кои се обраќаат кон Бога.“ Така е завршена дискусијата.

Овој пример го побива и тврдењето на Римокатоличката црква дека Петар бил глава на црквата. Оние што тврдат, како папата, дека се негови наследници, за таа своја претензија немаат никаков библиски темел. Во животот на Петар нема ништо со што би се докажало дека тој бил издигнат над своите браќа, како заменик на Севишниот. Кога оние што тврдат дека се Петрови наследници би го следеле неговиот пример, секогаш би се задоволиле да останат рамноправни со своите браќа. Во овој случај, по сè изгледа дека Јаков бил избран да ја објави одлуката што ја донеле делегатите на Соборот.

Кога Христос би му дал некој посебен авторитет на еден од учениците и кога би го поставил над другите, тогаш не би ги наоѓале толку често како се препираат околу тоа кој е најголем меѓу нив. Тие би ја прифатиле желбата на својот Учител и би го почитувале оној што го избрал Тој. „За што расправавте патем меѓу себе? Тие молчеа, зашто патем расправаа меѓу себе за тоа кој е најголем.“ (Марко 9,33.44)

Спасителот ги собрал учениците околу себе и им рекол: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите“ (Матеј 18,1-5).

Расправата околу највисокото место претставувала манифестација на истиот дух што се јавил во почетокот на големата борба во горните светови и која го довела Христа од небото на земјата да умре на крст. Пред него се појавила визијата за Луцифера, синот на зората, кој со својата слава ги надминувал сите ангели околу престолот и кој бил поврзан со Божјиот Син со најцврсти врски. Луцифер рекол:

„Ќе се изедначам со Севишниот“ (Исаија 14,12.14), па желбата за извишување внела раздор во небесните дворови и протерала од небото мноштво Божји ангели. Кога Луцифер навистина би сакал да биде сличен на Севишниот, никогаш не би го напуштил своето место што го заземал на небото, бидејќи духот на Севишниот јасно се покажува во несебичната служба. Луцифер ја сакал Божјата моќ, но не и неговиот карактер. Сакал за себе највисоко место, и секое создание, поттикнувано од неговиот дух, ќе го стори истото. На тој начин неизбежно настануваат отуѓеност, неслоги и кавги. Власта станува награда за најсилните. Царството на сатаната е царство на принуда; секој поединец другиот го смета за пречка на својот пат кон напредокот или на скалата по која ќе се искачи до повисоко место.

Додека Луцифер сметал дека она што треба да го постигне – еднаквост со Бога – Возвишениот, Христос, „се лиши од еднаквоста со Бога, земајќи лик на слуга и станувајќи сличен на луѓето. И откако стана сличен на човек, Тој се понизи самиот себеси и стана послушен до смрт, дури до смрт на крст“ (Филипјаните 2,7.8).

Никаде во Библијата немаме запис за тоа дека апостол Петар именувал некого за свој наследник на кого му ги предал клучевите на небесното царство што ги добил од Христа. Никаде во Светото писмо немаме никакво навестување дека Исус именувал или ќе именува некого за свој намесник, уште помалку за свој заменик на оваа земја. Тогаш, од кого ги доби или кој му ги даде на римскиот бискуп прерогативите „свети Отец“, „папа“ (татко), „наследник на апостол Петар“, „намесник на Божјиот Син“, или, уште понеподносливо и најтешко голтливо и непрескокливо „заменик на Божјиот Син“, и сите други титули што самиот си ги припишувал или му ги припишувале други во текот на вековите? Веднаш да кажеме: Одговорите на овие, и на низа други прашања поврзани со папата, се историска, а не библиска категорија.

Овојпат ќе кажеме дека ниту една од споменатите титули не произлегува од Библијата. Не постои континуитет, библиска врска или т.н. апостолско преемство меѓу римскиот бискуп, наречен папа, и апостол Петар за да му ги предаде небесните клучеви. Меѓу нив двајца зјае временска провалија од неколку векови.

Врз основа на документите сочувани од Иринеја (130-200), бискуп од Лион, црковниот историчар Евсевие (Eusebius, 264-340) ги набројува првите 12 старешини (бискупи) на Рим. Меѓу нив воопшто не се спомнува апостол Петар. Набројаните 12 старешини за период од околу 100 години потврдуваат дека тие не се бирани на доживотна должност како старешини, што е наполно спротивно од обичајот римскиот папа да се бира на доживотна должност. Евсевие кажува дека прв старешина на Рим бил Лин (Linus), кого го спомнува апостол Павле во 2. Тимотеј 4,21. Другите старешини биле: Anacletus, Clement, Evarestus, Alexander, Hystus, Telesphorus, Hyginus, Pius, Anicetus, Soter i Eleuterus.1

Тврдењето дека папите се наследници на апостол Петар, кој наводно бил прв „бискуп“, според други „епископ“ или „презбитер“ на Рим, нема никаква основа. Според записите на Клемент Римски и Хризостом, сите овие називи (бискуп, епископ, презбитер) се однесувале на локалните старешини на локалните цркави. Тие воопшто не означувале лице или личност со сесветски карактеристики и димензии, како што е тоа случај со подоцнежните папи.

Тогаш како успеа папата да се добере до толку силно посакуваните „клучеви на небесното царство“ и до титулата „заменик на Божјиот Син“ за да „простува“ и да „задржува“, да „сврзува“, да „разврзува“ и да „разрешува“, да се вивне до невидени височини и да стане најдоминантна верска, политичка и економска светска сила, и со векови да се одржи на тој трон? Одговор: тоа е историја, зашто историјата, околностите и соодветни мигови и трендови исфрлаат на светската сцена големи, позитивни или негативни личности.

Лично апостол Петар кажува за Христа дека „Тој е Каменот (Карпата) која вие, ѕидарите, го отфрливте, а кој стана камен тмелник“, и додава: „Нема спасение во никој друг, ниту има друго име под небото дадено на луѓето, преку кое мора да бидеме спасени“ (Дела 4,11.12). Затоа тој ги повикува верниците своето спасение да го ѕидаат и да го градат врз тој Камен, врз таа Карпа (1. Петрово послание 2,3-8).

Петар е многу јасен: Освен Христос, нема друго име под небото кое може да нè спаси. Ниту еден свештеник, ниту еден папа, ниту каква било институција, духовна или световна, не може да ни го отвори или да ни го затвори небесното царство. Неговите клучеви што сме ги добиле од апостолите е евангелието и со него го отвораме Божјето царство и влегуваме во него. Евангелието нас не нè води преку Рим, преку Цариград ниту преку кој и да е друг духовен центар. Тоа е Божји пат кој нè води директно во Божјето царство на небото. Христос ни кажува: „Јас сум пат, вистина и живот. Никој не може да дојде при Отецот (на небото) освен преку мене“ (Јован 14,6).

Во врска со „клучевите од небесното царство“ да ги прочитамке Христовите зборови од Откровение 1,18 каде што Исус кажува: „Жив сум! Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови. И ги имам клучевите од пеколот и смртта“ – клучевите од подземјето = шеолот = хадесот (адот) = пеколот = гробот. Поимот „клучеви“ Исус го користи за да ни даде вера дека Тој ќе ја отклучи големата темница на смртта и ќе ги ослободи нејзнините заточеници. (За ова опширно зборуваме подоцна во насловот „Библијата за смртта“).

Да заклучиме! Клучевите од рајот и пеколот не ги држи ниту римскиот папа ниту православното свештенство и тие не се господари од рајот и пеколот. Клучевите ги држи Христос, и Тој е господар од рајот и пеколот.

Второ, ако Христовата сторија за богатиот човек и за сиромавиот Лазар (Лука 16,19-31) ја толкуваме буквално, како што прават црквите кои веруваат во пекол, тогаш клучевите од рајот и пеколот ги држи не св. Петар, туку Аврам. Според тоа, господари од рајот и пеколот не се христијаните, туку Евреите, зашто во споменатата сторија ние во рајот го гледаме Аврама како ги пречекува душите на праведниците и ги прибира во својот скут!

Симптоматичен е случајот со новиот папа, Франциско, кој при изборот „одбра скромен папски прстен од сребро. Папскиот или рибарскиот прстен до сега бил од злато со слика на свети Петар во чамец кој фрла мрежа и со името на папата кој го носи. Но, Бергољо (Франциско) одбра прстен од сребро на кој е изгравиран ликот на свети Петар кој ги држи клучевите од рајот.“2 – „Свети Петар кој ги држи клучевите од рајот.“

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Власта што свештениците на традиционалната Црква сами си ја присвоиле“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ВЛАСТА ШТО СВЕШТЕНИЦИТЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА САМИ СИ ЈА ПРИСВОИЛЕ

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Власта што свештениците на традиционалната Црква сами си ја присвоиле“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.   [viz-category-posts...

Власта што земните свештеници на традиционалната христијанска Црква сами си ја присвоиле

Звањето и титулите: „Христов заменик (Vicarius Christi)“, „Заменик на Синот Божји (Vicarius Filii Dei)“, „Наследник на апостол Петар“, „Глава на христијанството (Caput Christianitatis)“, „Водач на свештенството (Dux Cleris)“, „Судија на светот (Arbiter Mundi)“,...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат