Традиционалната црква: Црквата го составила канонот на Светото писмо и затоа само таа има право и само таа знае исправно да го толкува!
„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата. Без сомнение, тоа е постаро од Светото писмо зашто, да не било тоа, тогаш ни ден денес не би го имале Светото писмо. Без Светото предание сè уште би траела борбата на Црквата за утврдување на автентичноста на новозаветните книги. Конкретно, Светото писмо на Новиот завет никогаш не би заживеало.“8
„Црквата е таа која конечно одредила кои книги ќе го сочинуваат Писмото. Таа го произвела, одбранила и сочувала сè до денешен ден.“9
„Светото писмо на Новиот завет настанало на основа на животот на Црквата во Бога. Накратко, таа (Црквата) го напишала и го сочувала.“10
„Црквата, како чуварка на Божјето откровение… поседува благодатен дар непогрешно да ја објаснува Божјата реч или вистините на Светото писмо, и во случај на недоумица и спорови на овие вистини им дава точна дефиниција која се вика догма.“11
Прво и основно тврдење на православието што веднаш го истакнува по инерција гласи: „Православната црква е единствена правоверна Црква која верува и Го слави Бога на прав начин и која постои од самиот ден на Педесетница.“ Ова ни наликува на фалбата и самоувереноста на старозаветната Црква за која пророк Еремија кажува: „Не надевајте се на лажливи зборови: ‘Ова е храмот Господов, храмот Господов, храмот Господов’“ (Еремија 7,4). Дури и апостолите биле восхитени со храмот и му се пофалиле на Исуса: „Му пристапија неговите ученици за да му ги покажат градбите на храмот. А Исус им рече: ‘Нема да остане ни камен на камен кој нема да биде урнат.’“ (Матеј 24,1-2)
На друго место Библијата кажува: „Немој да речеш во своето срце: ‘Заради мојата праведност ме доведе Господ за да ја наследам таа (добра) земја… Поради беззаконијата на овие народи Господ ги прогонува од пред тебе. Не заради твојата праведност и не заради правината на твоето срце ти одиш да ја наследиш нивната земја… Затоа знај сега дека не заради твојата праведност Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, бидејќи ти си тврдоглав народ.’“ (5. Мојсеева 9,4-6)
Споредбата меѓу старозаветната и традиционалната Црква е очигледна. Точно е тоа дека традиционалната Црква го составила и го канонизирала Новиот завет. Но точно е и тоа дека Господ на Православната црква (ја именуваме само неа, зашто борбата околу канонизацијата на Новиот завет се водела на нејзините простори) не ѝ дал задача да ни го состави канонот на Новиот завет затоа што таа била и е праведна; не ѝ дал таква задача затоа што токму таа, според нејзината фалба: „Православната црква е правоверна Црква која верува и Го слави Бога на прав начин и која постои од самиот ден на Педесетница.“ – Далеку од тоа.
Во периодот кога традиционалната (Православната и Католичката) Црква го составувала канонот на Новиот завет, и канонот на Светото писмо во целост, таа веќе била потоната во оној длабок отпад што го преткажал апостол Павле: „Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ Бог, која ја придоби Тој со својата крв. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе произлезат луѓе кои ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.“ (Дела 20,28-30)
Ова пророштво на апостол Павле е јасно. Во Црквата однадвор „ќе се втурнат меѓу вас лути волци (јудаисти, гностици…) кои нема да го штедат стадото“, но Црквата ќе биде нападната и однатре. Од епископите, што ги ракоположил лично Павле, и другите апостоли, се изделиле епископи кои зборувале „искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе“, и успеале во тоа – ја искривиле изворната евангелска наука и ги одвлекле „учениците заедно со себе“ на странпатица, го свртиле токот на христијанството и го повеле во погрешна насока. Јасно е дека Црквата била нападната однадвор и однатре, и под дејство на тој двоен напад и притисок, таа потклекнала и паднала.
Според тоа, не е точно тврдењето дека „Православната црква е правоверна Црква која верува и Го слави Бога на прав начин и која постои од самиот ден на Педесетница.“ Уште помалку е точно нејзиното тврдење дека Бог токму нејзе ѝ дал задача да ни го состави канонот на Новиот завет и токму нејзе ѝ дал ексклузивно право таа исправно да ни го толкува затоа што навистина таа е вистинската Божја црква од почеток, од Педесетница!
Токму заради тоа искривено учење се јавил императив, неопходна потреба, апостолите многу педантно и детално писмено да ни образложат секоја подробност на единственото исправно изворно христијанско учење, и така исправно да ѝ го предадат на Црквата. Зошто? Затоа што лажните учители уште додека биле живи апостолите не се притеснувале да шират различни кривоверства, и во доста случаи успевале да ги свртат христијаните од вистинскиот пат. А колку повеќе се подразбирало дека по смртта на директните Христови следбеници, кои имале можност лично да ги слушаат зборовите од усните на Спасителот, ќе успеат да ги заведат верниците со лажни науки, доколку не би постоеле апостолски записи кои ќе ја содржат комплетно Божјата вистина необременета со преданија и со човечки примеси?
Дарги мои, да го согледаме овој проблем и од друга страна! Непореклива вистина е дека Бог управува со светот и со настаните што се случуваат на светската сцена воопшто. Бог никогш не е затечен од никакви непогодни околности кои би можеле да му ги врзат рацете и да му оневозможат да ги исполни своите намери и планови. За него не постои никаков безизлез. Секогаш има решение и за најтешките проблеми во најтешки времиња и во безизлезни ситуации.
Бог поставува и симнува цареви од престол. Своите намери и планови Тој често ги исполнува и преку најголеми безбожници. Историјата на светот Бог ја води преку световни луѓе, водачи, меѓу кои има и такви кои воопшто не го познаваат, а уште помалку му служат, и диктатори и секакви други. Бог ги доведувал асирските и вавилонските цареви за да ги казни гревовите на својот народ, Израел, за неговото идолопоклонство. Бог му наредил на диктаторот Навуходоносор да дојде и да ги разруши и Ерусалим и храмот.
Својата вистина Бог ја објавувал и преку отпаднати пророци, пророци кои го изневериле Бога. Таков е случајот со пророкот Валам, Божји пророк кој, од верен и предан Божји пророк, станал „вражар“ (Исус Навин 13,22), и токму преку тој отпаднат пророк, кој го изневерил Бога, преку еден вражар, Бог ни дал многу значајни пророштва од кои најубаво е пророштвото за ѕвездата на Исуса Христа: „Го гледам, но не е тоа сега, го посматрам, но не одблиску. Ѕвезда од Јакова се издига и жезол од Израел!“ (4. Мојсеева 24,17)
Интересно е да се следи опирањето на Валама, кој по секоја цена настојува да го протурка своето сфаќање, своите намери, планови и желби, да ја протурка својата теологија, а ја игнорира Божајата заповед и Божјата теологија; Божјите намери и планови ги турка на страна. Меѓутоа, Бог му праќа магарица да го предупреди дека треба да ги исполни, не своите, туку Божјите намери и планови.
Друг случај, Даниел 10,12-14: „Но тој (ангелот Гаврил: 9,21) ми рече: ‘Не бој се Даниеле! Од првиот ден кога го управи своето срце за да разбереш, и да се понизиш пред твојот Бог, твоите зборови беа услишени, и јас сакав да дојдам според твоите зборови. Но кнезот на персиското царство (сатаната, н. з.) ми се противеше 21 ден. Меѓутоа, Михаел, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне, зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар. А сега дојдов да ти соопштам што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.’“
Во ова видение на Даниел гледаме како сатаната и ангелот Гаврил ги одмеруваат своите сили на дворот на персискиот цар Кир. Даниел сфатил дека се исполнило пророштвото на Еремија за седумдесетгодишното вавилонско ропство на Израелците, и царот Кир требало со декрет да ги ослободи од ропство за да можат да се вратат во својата татковина и, според пророштвото, да го изградат разурнатиот Ерусалим и уништениот храм. Сатаната се опира и го стврднува срцето на Кир за да не ги пушти Израелците, а ангелот Гаврил се обидува да го смекне неговото срце за да ги пушти. Силите се изедначени и борбата трае 21 ден. На помош на Гаврил му доаѓа Христос и проблемот е решен во полза на Израелците, онака како што предвидува пророштвото. Покрај враќањето на Израелците од ропство, тоа пророштво точно го одредува и времето кога ќе се роди Месија, и сите други параметри и околности поврзани со тоа. На тој начин Бог ги исполнил своите намери и планови, го исполнил своето пророштво преку еден незнабожечки цар, не заради неговата праведност и верност кон Бога, туку заради потребите на Божјиот план за спасение на гршниот човечки род.
Канонот на Новиот завет Бог ни го дал преку Православната црква заради спасението на човечкиот грешен род, заради спасението на грешниците, а не заради правоверноста на Православната црква која тврди дека токму таа е „правоверна Црква која верува и Го слави Бога на прав начин и која постои од самиот ден на Педесетница“.
За време на канонизацијата на Новиот завет, која траела многу подолго од 21 ден, речиси 1.000 години, се водела иста жестока борба меѓу сатаната и Гаврил, како на персискиот двор, кога Светиот Дух преку еден незнабожец ги спровел своите палнови. Тогаш Светиот Дух срцето на царот го смекнал за само 21 ден и Бог го исполнил својот палн. Но, за да го исполни својот палн при канонизацијата на Новиот завет, на Бога му биле потребни речиси 1000 години да го смекне срцето на тврдокорните православни „христијански“ учители и да создаде атмосфера за прифаќање на канонот на Новиот завет. На Светиот Дух му биле потребни речиси 1000 години да го наштима раштиманото едногласие, едномислие и едноумие на „светите отци“ за „едногласно и едномислено“ да го прифатат канонот на Новиот завет.
Изјавите: Православната црква го родила Новиот завет; Новиот завет произлегол од Православната црква; без Православната црква ние не би го имале Новиот завет итн, се само илузии на Православнта црква и ништо повеќе, зашто во времето кога го канонизирала Новиот завет, таа била надвор од него.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Свето писмо или Библија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СВЕТО ПИСМО ИЛИ БИБЛИЈА
Светото писмо или Библијата е Божја книга или Божја реч. Тоа е писмо што му е дадено на човештвото од Бога преку одбрани луѓе, пророци и апостоли. Во Светото писмо се поместени Божјите пораки што ги добивале овие свети Божји луѓе директно од Бога и ги запишале со...
Божјиот свет библиски канон и човечките црковни канони
Канон означува нешто што е одмерено, признато и прифатено сообразно со некое поставено мерило. Канон е грчки збор кој значи „утврдено правило“. Така Семитите нарекувале стап или трска за мерење, па оттаму се применува за означување на мерила, на норми или правила. Во...
Повеќе за апокрифите
Малку повеќе за историските неканонски книги или апокрифи од Стариот завет кои традиционалната Црква ги прибрала меѓу кориците на пророчките канонски книги на Библијата. Зборот „апокриф“ (грчки apokrypto - крие, таи, закопува) содржи во себе мисла за нешто нејасно,...
Канонот на Новиот завет
Книгите на Новиот завет ни ги напишале апостолите и нивните најблиски соработници по Христовата смрт. Тука се четирите евангелија, Делата на апостолите, посланијата на апостолите и Откровението што ни го напишал апостол Јован, вкупно 27 на број. Тие се веродостојни...
Христос и Божјата реч
На различни места и во различни преводи Новиот завет за Библијата користи повеќе различни зборови со наполно исто значење: „Божја реч“, “Пророчка реч“, „Реч“, „Божје слово“, „Слово“, „Писмо“, „Писма“, „Свети Писма“, „Духовен меч“, „Вистина“, „апостолско учење“,...
Апостолите и Божјата реч
Главен предмет на сите проповеди на апостол Павле во текот на целокупната негова апостолска служба била Божјата реч, што се гледа од многу извештаи кои се запишани на страниците на Библијата. Тој и Варнава на Кипар, „во Саламис, го навестуваа Божјето слово во...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.