Повеќе за апокрифите

Малку повеќе за историските неканонски книги или апокрифи од Стариот завет кои традиционалната Црква ги прибрала меѓу кориците на пророчките канонски книги на Библијата.

Зборот „апокриф“ (грчки apokrypto  – крие, таи, закопува) содржи во себе мисла за нешто нејасно, магливо, скриено, нешто со сомнително потекло, поттурено, лажно.

Апокрифите не се божествено инспирирани или божествено вдахнати од Светиот Дух, бидејќи не се дадени од Бога, и нивното место не е меѓу пророчките канонски книги инспирирани и дадени од Бога. Сите апокрифи се подметнати во канонот на Стариот завет.

За да го одбегнат терминот „апокриф“, кој има негативен призвук, нашите браќа, православните теолози, кои го прифатиле библискиот канон заедно со апокрифите, за апокрифните книги го вовеле католичкиот термин „дефтероканонски книги“, што би значело отприлика „второканонски“ или „секундарно канонски книги“, половично или нецелосно инспирирани, книги од понизок ранг. Соодветно на тоа, првите би биле „првично канонски“ или „примарно канонски книги“, дадени со полна или со целосна Божја инспирација, со полна канонска содржина и вредност.

Многу нелогично и конфузно! Според таа логика, Бог некогаш е првичен или примарен, а некогаш се спушта на пониско ниво и станува секундарен, нешто од рангот на втора рака!

Бог е секогаш примарен и првичен и сè што прави Тој е примарно и првично. Кај него нема ништо секундарно, ништо од втора рака. Според тоа, апокрифите можат да се наречат со кое било друго име за да се одбегне нивната негативна конотација, сепак, тие се и остануваат апокрифи, човечка творба, бидејќи нивната содржина отстапува од содржината на библиските канонски книги и затоа за нив нема место меѓу книгите на библискиот канон. Како што кажавме, тие библиски изданија со старозаветните апокрифи не се Божји библиски канон, кој носи Божји печат, туку се црковни канони кои носат само црковен печат.

Многу доктрини на Католичката и Православната црква произлегуваат и се темелат токму на апокрифите кои двете споменати цркви ги поместиле во своите библии со чија помош разрешуваат многубројни погрешни делови од својата теологија кои не можат да ги оправдаат и разрешат на ниту еден друг начин. Тие се полни со мистицизам, зашто, наводно содржат тајни, скриени доктрини, кои се достапни само за просветлените и просветените. Приведуваме неколку примери за тоа:

„Распори риба, извади ѝ ги срцето, црниот дроб и жолчката… кого-годе го мачи демон или зол дух – маж или жена, сè едно – пред него или пред неа треба тоа да се запали и никогаш нема веќе да ги мачи злиот дух“ (Товит 6,4-8).

Ова е чиста вражба, како и секоја друга вражба, без ниту трунка библиска вистина. Христос многу јасно кажува дека „Овој род (демоните) со ништо не може да се истера, освен со пост и молитва“ (Марко 9,29). – Не со спалување на срце, на црн дроб и жолчка од риба. Не! Лошите духови од луѓето се истеруваат само со пост и молитва пред Бога.

Во Светото писмо Црквата не само што додала цели книги, апокрифи, туку и одделни библиски канонски списи  начичкала со други, исто така апокрифни стихови со кои го замаглува нивното изворно учење. Таков е случајот со книгата „Мудри Соломонови изреки“, во кои, покрај другите многубројни апокрифни стихови, во 15-та глава во 27-от стих таа инсталирала апокрифен стих во кој се тврди дека „Со милостиња и чесност гревовите се чистат“. Кон овој апокрифен стих со извртена теологија, Црквата го додава и апокрифниот стих од Товит 12,7-10, во кој, исто така, како и во претходниот случај, нема ниту трунка библиска вистина. Товит кажува: „Милостината избавува од смрт и може да очисти од секој грев.“

Овие две тврдења дека: „Со милостиња и чесност гревовите се чистат“ и дека „Милостината избавува од смрт и може да очисти од секој грев“, се составен дел на теологијата на традиционалната Црква и се целосно надвор од Библијата и немаат ништо заедничко со нејзината изворна теологија.

Ако тие две тврдења на традиционалната Црква се точни, тогаш и Хитлер, и Сталин, и Мао Ѕедунг, и Пол Пот и сите најголеми грешници, можеле да дадат голема милостина за да се очистат од своите гревови и да се избават од смртта. Или фарисејот од споредбата за ферисејот и цариникот би бил очистен од гревовите и избавен од смртта зашто бил богат и давал милостина, а сиромавиот немал таква можност и поради тоа тој не би можел да се очисти од својот грев и да се избави од смртта. Или богатите грешници можат да дадат голема милостина за да се очистат од гревот и да се избават од смртта.

Не милостината, туку „крвта на Исуса Христа нè исчистува од секој грев“ (1. Јованово 1,7). Од смртта единствено може да нè избави Христос кој со „својата смрт го уништи оној кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот, и да ги избави оние кои, заради стравот од смртта, цел живот беа во ропство“ (Евреите 2,14.15). Услов: За да нè исчисти од гревот, Христос од нас бара за него да се покаеме и да го оставиме. Прва Христова проповед била: „Покајте се, зашто се приближи царството Божје!“ На денот Педесетница апостол Петар, исполнет со Светиот Дух, станал и одржал силна проповед, а нродот „кога слушнаа, им се разжали во срцете и му рекоа на Петар и на другите апостоли: ‘Што ќе правиме, луѓе, браќа?’ А Патар им рече: ‘Покајте се и секој од вас да се крсти во име на Исуса Христа, за проштавање на гревовите; и ќе го примите дарот, Светиот Дух… оние кои со радост ја примија неговата реч се крстија; и во тој ден се приклучија околу 3.000 души“ (Дела 2,37.38.41).

Дали треба да губиме време за да го објасниме овој толку едноставен и јасен извештај од Педесетница за тоа како се чисти грешникот „од секој грев“ и како се избавува од смртта? Дали тие 3.000 души дале некаква милостина за да се очистат од своите гревови? Тие го прашуваат Петар: „Што ќе правиме, луѓе, браќа?“ Петар не им вели: Одете и правете милостина за да се очистите од вашите гревови и да се избавите од смртта. Не! Тој им вели: „Покајте се и секој од вас да се крсти во име на Исуса Христа, за проштавање на гревовите!“

Нема друг начин ниту друго средство за чистење од гревот и за избавување од смртта, освен покајание и напуштање на гревот. Но, за ова многу повеќе подоцна, кога ќе зборуваме за улогата на верата и делата во нашето спасение.

Уште еден пример за погрешната теологија на апокрифите: „Зашто, ако не веруваше дека паднатите војници ќе воскреснат, ќе беше излишно и беспредметно да се моли за мртвите… Затоа за покојните принесе жртва како надомест за да им се простат гревовите“ (2. Книга за Макавејците 12,43-46). За оваа погрешна апокрифна теологија за мртвите, и општо за смртта, во книгава посветуваме големо внимание во насловот „Библијата за смртта“, каде што ова прашање ќе добие библиска разврска. Овде само да кажеме дека оваа опачна наука на апокрифите, која бара од нас да се молиме за мртвите и за нив да принесуваме жртва за да им се простат гревовите, е стопроцентна невистина и суштина не само на сите пагански науки, туку и суштински дел на теологијата на Католичката и Православната црква.

Приведените текстови од апокрифите јасно покажуваат дека нив Црквата на разни начини ги инсталирала во Божјата реч за да ја замагли нејзината изворност со цел да дојде до израз нивната погрешна теологија со која таа веќе била длабоко проникната. Таа (Црквата) сосила ги пика овие апокрифни текстови во Библијата, обидувајќи се со нивна помош да ги покрие и некако да ги оправда своите теолошки промашувања. Но, како што рековме, Божјиот филтер што го поставил Бог пред влезот на светиот канон на Библијата е премногу селективен и тој не дозволува да влезе во неа ништо, апсолутно ништо што нема Божји печат.

Како можеме да оцениме дали некоја книга е канонска или апокрифна? „Кој верува во мене“, нè повикува Христос, „како што е кажано во Писмото, од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода“ (Јован 7,38). На кое Писмо нè повикува Исус? На она од коешто читал Тој кога го учел народот во синагогите, на еврејскиот канон на Стариот завет или на еврејската Библија, која се состои од 39 пророчки канонски книги. Во него, како што видовме, ги немало и ги нема апокрифните книги. Канонот на Новиот завет, кој се состои од 27 книги, е додаден кон канонот на Стариот завет подоцна, по Христовата смрт.

Зошто токму еврејскиот канон на Стариот завет да ни биде мерило? Сосем разбирливо и логично! Бог својата Реч, Библијата, му ја дал на човештвото преку одбрани Божји луѓе, пророци и апостоли, Евреи. Павле прашува и одговара: „И така, каква предност има Евреинот? Голема, во секој поглед. Пред сè, ним им се доверени Божјите зборови“, Божјата реч, а нашиот Спасител кажува: „Спасението доаѓа од Евреите“ (Римјаните 3,1.2; Јован 4,22).

Да, Евреите уживаат голема предност пред другите народи. Читавме дека тие на светот му го дале Светото писмо и Христа како Спасител на грешниците. Марија, Еврејка, ни го родила Спасителот; Христос, Евреин, е наш Спасител; пророците и апостолите, со кои е поврзано Светото писмо, се Евреи. Првите христијани, кои го посеале семето на христијанството, се Евреи. Во ранохристијанскиот период зародиш на секоја црква биле Евреи кои го формирале стожерот на идниот Божји „избран народ“. Остатокот на верните Евреи го формирале јадрото на идната Божја црква, на идниот Божји народ. Првите христијански цркви биле еврејски цркви. Значи, јадрото на првата и идната христијанска црква било еврејско, зашто било составено исклучиво од Евреи. Според тоа, христијанството се родило во еврејството и без еврејството нема христијанство. Всушност, еврејството го родило и му ги дало библиските темели на христијанството, и затоа ние не можеме да зборуваме за некакво христијанство изолирано од еврејството, туку само и единствено за јудеохристијанство. Според тоа, името „христијанство“ не е исправно. Исправно е да се каже „јудеохристијанство“. Од таа причина, ако некој треба да ни состави и да ни даде збирка на светите пророчки книги, да ни го даде светиот канон на Божјата реч, да ни даде Библија, тогаш, секако, тоа им припаѓа на Евреите. И тие ни го составиле и ни го дале канонот на Стариот завет со 39 канонски книги, ни ја дале еврејската Библија која не содржи апокрифи, а ни ги напишале и списите (книгите) на Новиот завет.

Јудаизмот (еврејството) е единствен по тоа што Бог му се обратил на цел еден народ кој го видел и чул со свои сопствени очи и уши, повеќе милиони едновремено присутни. Тоа историско грандиозно искуство е камен темелник на еврејската вера. Постојат други религии на светот, но ниедна од нив не може да се спореди со почетоците на јудаизмот. Сите други религии почнуваат со поединец кој тврдел дека разговарал со Бога или дека ја досегнал вистината. Тој поединец постепено го ширел своето учење, создавајќи основа за новата религија. Заправо, за разлика од јудаизмот, сите големи светски религии го следат овој модел.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Свето писмо или Библија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

СВЕТО ПИСМО ИЛИ БИБЛИЈА

Светото писмо или Библијата е Божја книга или Божја реч. Тоа е писмо што му е дадено на човештвото од Бога преку одбрани луѓе, пророци и апостоли. Во Светото писмо се поместени Божјите пораки што ги добивале овие свети Божји луѓе директно од Бога и ги запишале со...

Божјиот свет библиски канон и човечките црковни канони

Канон означува нешто што е одмерено, признато и прифатено сообразно со некое поставено мерило. Канон е грчки збор кој значи „утврдено правило“. Така Семитите нарекувале стап или трска за мерење, па оттаму се применува за означување на мерила, на норми или правила. Во...

Канонот на Новиот завет

Книгите на Новиот завет ни ги напишале апостолите и нивните најблиски соработници по Христовата смрт. Тука се четирите евангелија, Делата на апостолите, посланијата на апостолите и Откровението што ни го напишал апостол Јован, вкупно 27 на број. Тие се веродостојни...

Традиционалната црква: Црквата го составила канонот на Светото писмо и затоа само таа има право и само таа знае исправно да го толкува!?

„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата. Без сомнение, тоа е постаро од Светото писмо зашто,...

Христос и Божјата реч

На различни места и во различни преводи Новиот завет за Библијата користи повеќе различни зборови со наполно исто значење: „Божја реч“, “Пророчка реч“, „Реч“, „Божје слово“, „Слово“, „Писмо“, „Писма“, „Свети Писма“, „Духовен меч“, „Вистина“, „апостолско учење“,...

Апостолите и Божјата реч

Главен предмет на сите проповеди на апостол Павле во текот на целокупната негова апостолска служба била Божјата реч, што се гледа од многу извештаи кои се запишани на страниците на Библијата. Тој и Варнава на Кипар, „во Саламис, го навестуваа Божјето слово во...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат