Канонот на Новиот завет

Книгите на Новиот завет ни ги напишале апостолите и нивните најблиски соработници по Христовата смрт. Тука се четирите евангелија, Делата на апостолите, посланијата на апостолите и Откровението што ни го напишал апостол Јован, вкупно 27 на број. Тие се веродостојни канонски книги од кои е создаден канонот на Новиот завет, зашто се пишувани под контрола и водство на Светиот Дух. Сите 27 списи или книги апостолите ги напишале со своја рака до крајот на првиот век по Христа.

Што се однесува до апокрифите на Новиот завет, јасно е дека речиси сите тие настанале по Христовата смрт, од вториот век на новата ера и понатаму, чиишто автори се познати или непознати, или зад кои стојат лажни имиња и некакви псевдоними. Многубројни автори почнале да пишуваат и напишале море новозаветни апокрифни или лажни евангелија, лажни дела на апостолите и посланија, па дури и лажни или апокрифни апокалипси (откровенија), обично напишани во име на некои од  апостолите.

Според тоа, во првите векови, додека уште не биле собрани апостолските списи во збирка на званичен канон на Новиот завет, меѓу христијаните, покрај оригиналните апостолски списи, кружеле и голем број новозаветни апокрифни списи кои им создавале тешкотии не само на обичните верници, туку и на тогашните црковни авторитети при изборот на вистинските или оригиналните апостолски записи. Некои од црковните отци прифаќале и апокрифи како канонски книги, а други отфрлале и некои од апостолските списи како апокрифи. Дел од апостолските списи што ги прифаќале некои цркви од еден крај на православната вселена, други цркви од друг крај истите ги отфрлале, и обратно. Некои од апостолските списи што биле прифатени порано, подоцна биле отфрлени, и обратно.

Таа конфузија меѓу христијаните во првите векови била прилично голема, и затоа се јавила насушна потреба од тој заеднички кош да се изделат апостолските списи од апокрифите и од нив да се создаде званична канонска збирка, слична на Стариот завет, да се создаде канон и на Новиот завет. Значајно е да нагласиме дека тој процес на собирање и препознавање на автентичноста и каноничноста на новозаветните книги, исто како и во врска со книгите на Стариот завет, го надгледувал и со него управувал Светиот Дух, кој не дозволил во канонот на Новиот завет да влезе ниту еден апокриф или од него да биде испуштен некој канонски спис. Основа за канонизацијата била автентичноста на апостолската доктрина во нив.

Некои од оние духовни великани, кои денес во православието се ценат и се почитуваат како „светители“ или „блажени“, не само што не придонесувале позитивно за одредување на канонот на Новиот завет, туку отворено застапувале спротивни ставови во врска со боговдахновеноста на различни списи на апостолите. Според тоа, во врска со канонот на Новиот завет очигледно е големо разногласие меѓу црковните отци кои не биле секогаш на висина на својата задача.

Во третиот и четвртиот век настапува формирање на Новиот завет во облик што го имаме денес. Голема улога при формирањето на Новиот завет одиграле источните цркви, или црквите од источната вселена, кои Новиот завет го прифатиле како „Свети писма“. До средината на четвртиот век веќе немало сомневање во автентичноста на новозаветните текстови, освен во Откровението, кое не се наоѓало на списокот на книгите на Новиот завет на соборот во Лаодикија во 367 г. Исто така и некои од посланијата на апостолите долго и тешко се пробивале во умовите на црковните отци додека не си го нашле своето заслужено место што им припаѓа во канонот на Новиот завет. Особено Посланието до Евреите морало да изоди трнлив пат додека и тоа конечно не си го зазело своето место во канонот.

Во 367 г. александрискиот епископ Атанасие, во своето 39-то Велигденско послание им објавил на верниците дека канонот на Стариот и Новиот завет е одреден и дека не може да се менува. Истата година оваа препорака на Атанасие за канонот на Светото писмо ја прифаќа и соборот во Лаодикија. Атанасие дал список на книгите за Новиот завет. Римската црква исто така го прифаќа овој канон на Атанасие на својот Концил во 382 г. До соборот во Картагина во 397 г. сите книги на Стариот и Новиот завет се канонизирани, вклучувајќи го и Откровението. Одлуките на овој собор се потврдени на следниот собор во Картагина во 419 г. Меѓутоа, се смета дека канонот на Новиот завет конечно е усвоен и прифатен од страна на сите цркви дури на вториот трулонски (Quinisextine) сабор во Цариград во 692 г. Но и таму се усвоени два канона на Новиот завет: еден со Откровението, а друг без Откровението Јованово. Дури во списите на грчките цркви во 10 век може да се најде Откровението како дел на Новиот завет. Јасно е дека црковните отци не постапувале секогаш соборно едномислено.

Според тоа, далеку од вистината е тврдењето на Православната црква дека таа ни го создала Новиот завет затоа што него ни го составиле и ни го канонизирале нејзините црковни отци, иако, како што видовме, сè до десеттиот век црковните отци биле во недоумица кои книги се правоверни, а кои еретички, и на тој начин создавале конфузија речиси илјада години.

Од друга страна, ако ѝ погледнеме на вистината во очи, ќе видиме дека Православнта црква навистина создала некоја „нова“, своја Библија. Имено, како што видовме, православието во целост, сè до денес, и по „две илјади години“ од неговото постоење, не е начисто кои книги од Стариот завет треба, а кои не треба да ги признае како канонски и, почитувајќи ги старозаветните апокрифи како боговдахновени (второканонски), и во многу голема мера темелејќи ја својата теологија на нив, создава нов канон на Светото писмо, за кое Господ Исус Христос и апостолите воопшто не знаеле ниту од него цитирале.

Во врска со Новиот завет, денешната Православна црква, иако тврди дека нејзините „свети отци“ го формирале канонот на христијанските списи, при што ги отфрлиле апокрифите, токму врз некои од отфрлените апокрифи темели значаен дел од  своето црковно учење, како на пример, она за Богородица (апокриф: Протоевангелие на Јакова) итн. Истакнатиот православен теолог, Јустин Поповиќ, признава дека многу нешта од православното учење потекнуваат од апокрифните евангелија: „Во историјата за раѓањето на Господа Исуса Христа се изнесени подробности кои ги нема во евангелската благовест. Речиси сите тие подробности се позајмени од таканаречените апокрифни евангелија. На прво место тука спаѓа ‘Протоевангелието (Прво евангелие) на Јакова’, кое, без сомнение, е најстар споменик на апокрифната книжевност.“3

Според тоа, очигледно е дека Православната црква не се согласува со сегашниот обем на новозаветниот канон, и кога би се прашала таа, и него значително би го проширила – најверојатно меѓу неговите корици би прибрала дел од „апокрифните евангелија“, првенствено она за света Богородица, а и добар дел од своето „свето предание“, и на тој начин би создала Библија каква што ѝ е потребна нејзе, Библија по своја мерка, можеби „Нов завет плус“, сличен на „Септуагинта плус“, со што и практично би докажала дека „светото предание“ е еднакво по важност со Библијата и дека тоа претставува втор извор на вистината, еднаков по важност со изворот на вистината кој извира од Светото писмо.

Оттаму и произлегува силното и пренагласено незадоволство и жалење на православието со сегашниот обем на Новиот завет кога трди:

„Ние не се задоволуваме со оние зборови што ги спомнуваат апостолите и евангелието, туку и пред и по нив произнесуваме и други, што сме ги примиле од ненапишано учење кои имаат голема сила за извршување на Светата тајна.“4

„Усното предавање/пренесување на учењето на Исуса Христа и на настаните на евангелската историја е – Свето предание. Тоа во Црквата постои паралелно со Светото писмо и го дополнува (…), но во евангелието ни приближно не е сè запишано… Многу настани и понатаму се прераскажувале усно. На пример, прераскажувањата за раѓањето на Богородица, за нејзиното воведение во Храмот, за нејзиното славно успение, не се напишани во Евангелието.“5

„Ако Светото писмо поседува толку силни докази за својата вистинитост, зар тие не се доволни и без светото предание? Не, не се доволни!“6

„Погрешно е Библијата да се смета за самодоволна и за самотолкувачка, зашто таа сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање.“7

Историското христијанство, кое денес во светот постои во лицето на Римокатоличката и Православните цркви, вклучува во себе непрегледен број учења и верувања воведени во нивните црковни догми во текот на многу векови кои се темелат исклучиво на древните апокрифни текстови кои не се наоѓаат во Новиот завет. Веќе ги спомнавме подробностите за раѓањето и животот на Исусовата мајка, Марија, за која апокрифното „Протоевангелие на Јакова“ (книга за раѓањето на Марија и едно од најстарите апокрифи, кое настанало во 2 век по Христа) преде многу легенди кои на никој начин не можат да се поврзат со изворните текстови на апостолите.

Зошто православието ги дава тие силни изјави и тврдења што ги приведовме: „Ние не се задоволуваме со оние зборови што ги спомнуваат апостолите и евангелието“; „во евангелието ни приближно не е сè запишано“; „ако Светото писмо поседува толку силни докази за својата вистинитост, зар тие не се доволни и без светото предание? НЕ, НЕ СЕ ДОВОЛНИ!“; светото предание „во Црквата постои паралелно со Светото писмо И ГО ДОПОЛНУВА!“ „Библијата… сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање.“

Независно од тоа дали Православната црква (се разбира, и Католичката) ќе се согласи или не со заклучокот што произлегува од нејзините тврдења што ги посочивме, непореклива е следната сушта вистина: Во времето кога ги канонизирала книгите на Новиот завет, традиционалната Црква во најголема мера веќе живеела не според апостолските канонски книги, туку токму според апокрифите. Тоа е тежок беспримерен апсурд кој останува исклучиво како апсурд на Црквата сè до крајот на светот! При канонизацијата на Новиот завет таа формално и привидно ги отфрлала и ги отфрлила апокрифите, а од друга страна сета била проникната со нив и живеела според нив! Ја отфрлила само нивната черупка (лушпа), а ја апсорбирала нивната внатрешна содржина. Привидно ја отфрлила теологијата на апокрифите, а нивната (апокрифната) теологија веќе станала нејзина стожерна теологија.

Православието е свесно за тоа, за тој голем апсурд, и затоа, кога тврди дека Светото писмо не е доволно и дека „Светото предание во Црквата постои паралелно со Светото писмо И ГО ДОПОЛНУВА“, дека „Библијата… сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање“, тоа зад себе остава отворена врата и одврзани раце и на сите можни начини се обидува со товарот на апокрифите што го носи на себе да влезе внатре во канонот на Новиот завет и таму да направи некаков компромис меѓу Божјата теологија на апостолските канонски книги и лажната теологија на апокрифите. Таму, внатре во канонот на Новиот завет да најде некакво оправдание за својата апокрифна теологија, да најде решение за своите промашувања.

Но, православието со историскиот багаж на апокрифите ниту може да се провлече внатре во канонот, ниту да направи некаков компромис меѓу тие две теологии, меѓу кои нема никакво соодветство, никаква компатибилност ниту комплементарност. Светиот Дух, кој речиси илјада години се борел со тврдокорноста, со разногласието и разноумието на црковните отци, ги присилил да ни дадат канон не по своја, туку по Божја волја, не по своја, туку по Божја мерка. Според тоа, сегашниот канон на Новиот завет не е волја на Православната црква, туку Божја волја, волја на Светиот Дух, кој, кога би им дозволил на црковните отци да ја спроведат својата волја, тие најверојатно меѓу канонските книги на Новиот завет би ги прибрале и би ги канонизирале и апокрифите чијашто теологија, како што кажавме, веќе ја сместиле во црковната теологија на Православната црква.

Но, пред вратата на канонот и на Стариот и на Новиот завет Бог поставил свој, Божји филтер, кој е многу селективен и не пропушта ништо да влезе внатре, апсолутно ништо што нема Божји печат, што не е вдахновено од него. Според тоа, Православната црква попусто се обидува и се бори да ја отвори вратата на канонот на Новиот завет, да влезе внатре, да го пополни и дополни со своето „светоотечко предание“, и на истото да му даде божествени димензии и Божји печат, еднаков со канонските книги. Да, попусто се обидува и се бори да го стори тоа. Таа, со својот историски багаж од старозаветните и новозаветните апокрифи е и останува надвор од Божјиот библиски канон, зашто Бог ја затворил неговата врата, а кога Бог ќе затвори, никој не може да отвори, да влезе во него да дополнува и скусува, да додава и одзема, да прекројува и менува, да калеми и прекалемува…

Бог ни обрнува посебно внимание да не гибаме во неговата света Реч. „Тревата се суши, цветот свенува, а Речта на нашиот Бог останува вечно“ (Исаија 40,8). Таа мора да остане онаква каква што ни ја напишале Божјите пророци и апостоли под водство на Светиот Дух:

Откровение 22,18.19: „Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го одземе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга!“ Овие зборови на апостол Јован важат за последната книга на Библијата, за Откровението.

Но иста забрана за додавање и одземање кон и од списите на Библијата Бог поставил и некаде на почетокот од Библијата, кај Мојсеја. 5. Мојсеева 4,2: „Не додавајте ниту збор повеќе од она што ви го заповедам, ниту да одземате од него!“

А таква забрана за додавање и одземање кон и од сите списи на Светото писмо Бог поставил и кон средината на Библијата: Мудри изреки 30,6: „Не додавај кон неговите зборови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец!“ Со тоа Бог кажува: Светото писмо е доволно, комплетно. Нему не му е потребно никакво дополнение.

Бог е јасен кога кажува: „Не додавај ништо… ниту збор повеќе“ кон она што е напишано во Библијата; „немој да додаваш“, немој да дополнуваш, немој да дотураш, немој да одземаш…, зашто Бог „ќе те разобличи“, и пред Бога ќе „излезеш лажливец“.

Почитувани, Бог кажува НЕ!, а православието кажува ДА! Православието кажува: Светото писмо не е доволно, не е достаточно, не е комплетно, и тоа треба и мора да се дополнува со „светото предание“! Чудно, несфатливо, но болно вистинито! (Со оваа мтерија пак ќе се сретнеме и ќе ја дополниме во насловот „Библијата и преданието“.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Свето писмо или Библија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

СВЕТО ПИСМО ИЛИ БИБЛИЈА

Светото писмо или Библијата е Божја книга или Божја реч. Тоа е писмо што му е дадено на човештвото од Бога преку одбрани луѓе, пророци и апостоли. Во Светото писмо се поместени Божјите пораки што ги добивале овие свети Божји луѓе директно од Бога и ги запишале со...

Божјиот свет библиски канон и човечките црковни канони

Канон означува нешто што е одмерено, признато и прифатено сообразно со некое поставено мерило. Канон е грчки збор кој значи „утврдено правило“. Така Семитите нарекувале стап или трска за мерење, па оттаму се применува за означување на мерила, на норми или правила. Во...

Повеќе за апокрифите

Малку повеќе за историските неканонски книги или апокрифи од Стариот завет кои традиционалната Црква ги прибрала меѓу кориците на пророчките канонски книги на Библијата. Зборот „апокриф“ (грчки apokrypto  - крие, таи, закопува) содржи во себе мисла за нешто нејасно,...

Традиционалната црква: Црквата го составила канонот на Светото писмо и затоа само таа има право и само таа знае исправно да го толкува!?

„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата. Без сомнение, тоа е постаро од Светото писмо зашто,...

Христос и Божјата реч

На различни места и во различни преводи Новиот завет за Библијата користи повеќе различни зборови со наполно исто значење: „Божја реч“, “Пророчка реч“, „Реч“, „Божје слово“, „Слово“, „Писмо“, „Писма“, „Свети Писма“, „Духовен меч“, „Вистина“, „апостолско учење“,...

Апостолите и Божјата реч

Главен предмет на сите проповеди на апостол Павле во текот на целокупната негова апостолска служба била Божјата реч, што се гледа од многу извештаи кои се запишани на страниците на Библијата. Тој и Варнава на Кипар, „во Саламис, го навестуваа Божјето слово во...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат