Христос и Божјата реч

На различни места и во различни преводи Новиот завет за Библијата користи повеќе различни зборови со наполно исто значење: „Божја реч“, “Пророчка реч“, „Реч“, „Божје слово“, „Слово“, „Писмо“, „Писма“, „Свети Писма“, „Духовен меч“, „Вистина“, „апостолско учење“, „негова (Христова) наука“, „моја (Христова) наука“, „наука апостолска“, „наука Господова“…

Во пустината на искушението Исус се соочил со сатаната во екстремно тешки и неповолни услови и околности, кога сатаната го нагрвалувал и опсипувал со силни искушенија: „Ако си Божји Син, заповедај им на овие камења да станат лебови“; „ако си Божји Син, фрли се долу (од врвот на храмот)“; „ќе ти го дадам сето ова (сиот свет), ако паднеш и ми се поклониш!“ – Тој се бранел, се одбранил и го победил сатаната со единственото и најсилно Божје оружје, со „мечот на Духот, кој е Божјето слово“, со Писмото, како темел на својата вера: „Оди си, сатано, зашто е напишано!“

Три пати ги одбива жестоките напади на сатаната со зборовите: „Пишано е!“ Библијата, како духовен меч, е силна зашто е вистинита света Божја книга, свете Божја реч. Затоа Христос се моли на Отецот да ги посвети своите следбеници токму со неа: „Посвети ги со вистината; твојата Реч (Библијата) е вистина“ (Ефесците 6,17; Матеј 4,1-11; Јован 17,17).

Христос не проповедал ништо друго, освен Божјата реч: „Народот се туркаше околу него за да ја слуша Божјата реч“, која е духовно „семе“ што го преродува човекот кој ја чита (Лука 5,1; 8,11).

Многу убави и значајни се следните Христови зборови: „Моја мајка и мои браќа се оние кои ја слушаат Божјата реч и ја извршуваат.“ Прекрасно, ние сме Христови браќа и сестри ако ја слушаме и ја извршуваме неговата Реч. Тогаш сме блажени: „Блажени се оние кои ја слушаат Божјата реч и ја извршуваат“ (Лука 8,21; 11,28).

Грев е и грешиме кога постапуваме поинаку, кога наместо Писмото, извор за нашата вера користиме преданија: „И така правите престап спрема Божјата реч со својата традиција (со предание) која вие ја воспоставивте“, или ја наследивте од вашите предци. „Грешите, зашто не ги разбирате Писмата“, им кажува Исус на еврејските духовни учители, наречени „садукеи“ (Марко 7,13; 1. Петрово 1,18; Матеј 22,29).

По своето воскресение Исус патем поучува двајца свои ученици од Писмото и, откако ги поучил: „Тогаш им го отвори умот за да ги разберат Писмата“ (Лука 24,45). А Евреите ги повикува:

„Ако продолжите да го следите моето Слово, навистина сте мои ученици, и ќе ја знаете вистината, и вистината ќе ве избави“, ќе ве спаси (Јован 8,31). Според тоа, ние сме вистински христијани и вистински Христови ученици ако го следиме „Словото“ или Библијата, зашто само таа е „вистина“. Сè друго води на погрешен пат и во пропаст.

Затоа Христос ни го одредува и ни го покажува единствениот извор на нашата вера: „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото, од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода.“ Да, само „Писмото“ (Sola skriptura) – категоричен е Исус, и нè повикува: „Истражувајте ги Писмата… тие сведочат за мене!“ – „Писмата сведочат“ за Христа. Писмото за вас „не е празна реч, туку е ваш живот.“ (Јован 7,38; 5,39; 5. Мојсеева 32,47).

Христос ја проповедал Божјата реч интегрално. Кон старозаветната димензија на приведените текстови за Божјата реч во овој поднаслов Христос додава новозаветна димензија и тие не се веќе текстови кои остануваат исклучиво во рамките на Стариот завет, туку добиваат заедничка интегрална димензија и стануваат текстови на интегралниот канон на Светото писмо, текстови кои подеднакво му припаѓаат и на Стариот и на Новиот завет, кои му припаѓаат на Светото писмо во целост. Христос однапред точно знаел и видел дека апостолите верно ќе ја запишат  науката што Тој ја изговорил усно, и дека од нивните списи ќе се формира нов канон, канонот на Новиот завет кој, заедно со канонот на Стариот завет, ќе го формираат интегралниот Божји библиски канон на Светото писмо. За тој интегрален канон апостол Павле, поттикнат и научен токму од Христовиот Дух, кажува: „Сето Писмо е од Бога дадено“ (2. Тимотеј 3,16). Кога апостол Павле ги кажал тие зборови („Сето Писмо е од Бога дадено“), поголем дел од новозаветните списи веќе биле напишани. И библиските текстови за Божјата реч што веќе ги приведовме навистина не можат да се разберат поинаку освен така дека, кога Христос кажува: „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото“, Тој мисли на целото Свето писмо, интегрално, на Стариот и Новиот завет заедно.

Сепак, православните теолози упорно се трудат да докажат дека оваа Христова изјава се однесува на Стариот завет зашто, „Кога Христос се изјаснил на овој начин за Писмото, Новиот Завет не ни бил почнат да се пишува!“ – Но, овој проблем ќе го разрешиме подоцна во насловот „Божјиот закон – Десетте Божји заповеди“, во поднасловот „Кој верува во мене како што е кажано во Писмото!“

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Свето писмо или Библија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

СВЕТО ПИСМО ИЛИ БИБЛИЈА

Светото писмо или Библијата е Божја книга или Божја реч. Тоа е писмо што му е дадено на човештвото од Бога преку одбрани луѓе, пророци и апостоли. Во Светото писмо се поместени Божјите пораки што ги добивале овие свети Божји луѓе директно од Бога и ги запишале со...

Божјиот свет библиски канон и човечките црковни канони

Канон означува нешто што е одмерено, признато и прифатено сообразно со некое поставено мерило. Канон е грчки збор кој значи „утврдено правило“. Така Семитите нарекувале стап или трска за мерење, па оттаму се применува за означување на мерила, на норми или правила. Во...

Повеќе за апокрифите

Малку повеќе за историските неканонски книги или апокрифи од Стариот завет кои традиционалната Црква ги прибрала меѓу кориците на пророчките канонски книги на Библијата. Зборот „апокриф“ (грчки apokrypto  - крие, таи, закопува) содржи во себе мисла за нешто нејасно,...

Канонот на Новиот завет

Книгите на Новиот завет ни ги напишале апостолите и нивните најблиски соработници по Христовата смрт. Тука се четирите евангелија, Делата на апостолите, посланијата на апостолите и Откровението што ни го напишал апостол Јован, вкупно 27 на број. Тие се веродостојни...

Традиционалната црква: Црквата го составила канонот на Светото писмо и затоа само таа има право и само таа знае исправно да го толкува!?

„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата. Без сомнение, тоа е постаро од Светото писмо зашто,...

Апостолите и Божјата реч

Главен предмет на сите проповеди на апостол Павле во текот на целокупната негова апостолска служба била Божјата реч, што се гледа од многу извештаи кои се запишани на страниците на Библијата. Тој и Варнава на Кипар, „во Саламис, го навестуваа Божјето слово во...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат