Апостолите и Божјата реч
Главен предмет на сите проповеди на апостол Павле во текот на целокупната негова апостолска служба била Божјата реч, што се гледа од многу извештаи кои се запишани на страниците на Библијата.
Тој и Варнава на Кипар, „во Саламис, го навестуваа Божјето слово во еврејските синагоги“; проконзулот на Кипар „ги повика Варнава и Савле (Павле) и побара да го чуе Божјето слово“; Евреите се бунат против тоа и Павле и Варнава им велат: „Требаше најнапред вам да ви се проповеда Божјето слово, но бидејќи вие го отфрлате од себе и не се сметате достојни за вечен живот, еве, ние им се обраќаме на незнабошците“; „верејците … го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го проучуваа Писмото за да проверат дали е така“; „солунските Евреи дознаа дека Павле и во Вереја го проповеда Божјето слово, дојдоа и таму и го спотнаа и го растревожија народот“; верниците во Филипа „без страв го проповедаа Божјето слово“; Павле им благодари на верниците во Солун „зашто Божјето слово го примивте од нас не како човечко слово, туку како Божје слово кое дејствува во вас кои верувате“; на својот соработник, Тимотеј, Павле му кажува: „уште од детството ги познаваш Светите Писма“… „Божјето слово не е оковано“, и го заколнува: „Те заколнувам пред Бога и пред Исуса Христа… проповедај го Словото“ – не преданија, не традиција, не обичаи и прикаски, туку проповедај ја Речта, Светото писмо, му остава аманет Павле на својот наследник, Тимотеј, „зашто Божјето слово е живо, делотворно и поостро од секој меч со две сечила, и пробива до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и срцевината и е способно да ги суди мислите и намерите на срцето“; „веродостојно е Словото (Писмото) и достојно за целосно примање“; „сеќавајте се на оние кои ви го говореа Божјето слово“; „земете го мечот на Духот, кој е Божјето слово (Библијата)“ (Дела 13,5.7.46; 17,11.13; Филипјаните 1,14; 1. Солуњаните 2,13; 2. Тимотеј 3,15; 2,9; 4,1-2; Евреите 4,12; 1. Тимотеј 1,15; Евреите 13,7; Ефесците 6,17).
Овие многубројни библиски текстови што ги приведовме кажуваат дека апостол Павле насекаде ја проповедал само и единствено Божјата реч, Божјето слово, и ништо друго. Според тоа, тврдењето на православието дека апостол Павле на Коринќаните им предал некакви преданија со поинаква порака и содржина, преданија според теркот на православното „свето предание“, воопшто не е точно: „Ве пофалувам, браќа, зашто во сè си спомнувате за мене и ги држите преданијата така како што сум ви ги предал“ (1. Коринќаните 11,1). Павле и Коринќаните ги пофалува и им благодари исто како и на верниците во Солун, за кои кажува: „Зашто Божјето слово го примивте од нас не како човечко слово, туку како Божје слово“.
И другите апостоли го навестувале Божјето слово. Тие се молат: „Господе, погледни на нивните закани и дај им на твоите слуги да го навестуваат твоето Слово сосема смело… А кога се помолија, се затресе местото каде што беа собрани и сите се исполнија со Светиот Дух и смело го навестуваа Божјето слово“; апостолите им велат на своите ученици: „Не е праведно ние да го оставиме Божјето слово и да служиме околу трпезите… А Божјето слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим значително се зголемуваше, а и мнозина свештеници ѝ се покоруваа на верата“; „Самарија (покраина) го прими Божјето слово“; „и незнабошците (неевреите) го примија Божјето слово… кое растеше и се распространуваше“; апостол Петар ни кажува: „Имаме најсигурна пророчка реч“, и ги повикува првите христијани и нас, и ни остава аманет: „да ги имате на ум зборовите што однапред ги кажаа светите пророци, и заповедта на Господа и Спасителот, која ви ја предадоа вашите апостоли“ (Дела 4,29-31; 6,2.7; 8,14; 11,1; 12,24; 2. Петрово 1,19; 3,1-2).
И апостол Павле ги предава верниците во Божји раце и ги повикува да внимаваат на Божјата пишана Реч: „Затоа бдејте и помнете дека три години, ноќе и дење, не прекратив да го советувам секој еден од вас. И сега ве предавам на Бога и на Речта на неговата благодат, кој може да изградува и да ви даде наследство меѓу сите осветени“ (Дела 20,31-32). Ги повикува да се вооружат со сето духовно Божје оружје, чијшто составен дел е Божјето слово како „духовен меч“: „Облечете се во сето Божје оружје за да можете да се одржите пред лукавствата на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против управителите, против властите, против световните мрачни сили на овој свет, против духовните сили на злото под небесата. Затоа земето го сето Божје оружје за да можете да се противставите во лош ден и, откако ќе свршите сè, да се одржите!… Земете го шлемот на спасението и мечот на Духот, кој е Речта Божја“, Божјето слово, Библијата (Ефесците 6,11-18).
Темелот на пророците и апостолите, врз кој треба да бидат надѕидани верниците, се Стариот и Новиот завет како интегрална Библија или Свето писмо. Во тој темел нема место за никакви преданија, традиции или какви било други човечки науки. Ние треба да ги следиме стапките на првите христијани кои „беа постојани во апостолското учење“ (Дела 2,42).
Апостолите исто така, како и нивниот Спасител, ја проповедале библиската наука интегрално, и науката на Стариот завет, која била запишана во старозаветните свети списи на пророците, и науката на Новиот завет која веќе била изговорена од Христа и од почеток запишана во нивниот ум и во нивните срца, а подоцна и во нивните свети новозаветни списи.
По својата смрт Павле ги предава верниците на Речта Божја, не на преданијата: „И сега ве предавам на Бога и на Речта на неговата благодат, кој може да изградува и да ви даде наследство меѓу сите осветени“ (Дела 20,31-32). Според тоа, Речта Божја дава спасение, наследство.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Свето писмо или Библија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СВЕТО ПИСМО ИЛИ БИБЛИЈА
Светото писмо или Библијата е Божја книга или Божја реч. Тоа е писмо што му е дадено на човештвото од Бога преку одбрани луѓе, пророци и апостоли. Во Светото писмо се поместени Божјите пораки што ги добивале овие свети Божји луѓе директно од Бога и ги запишале со...
Божјиот свет библиски канон и човечките црковни канони
Канон означува нешто што е одмерено, признато и прифатено сообразно со некое поставено мерило. Канон е грчки збор кој значи „утврдено правило“. Така Семитите нарекувале стап или трска за мерење, па оттаму се применува за означување на мерила, на норми или правила. Во...
Повеќе за апокрифите
Малку повеќе за историските неканонски книги или апокрифи од Стариот завет кои традиционалната Црква ги прибрала меѓу кориците на пророчките канонски книги на Библијата. Зборот „апокриф“ (грчки apokrypto - крие, таи, закопува) содржи во себе мисла за нешто нејасно,...
Канонот на Новиот завет
Книгите на Новиот завет ни ги напишале апостолите и нивните најблиски соработници по Христовата смрт. Тука се четирите евангелија, Делата на апостолите, посланијата на апостолите и Откровението што ни го напишал апостол Јован, вкупно 27 на број. Тие се веродостојни...
Традиционалната црква: Црквата го составила канонот на Светото писмо и затоа само таа има право и само таа знае исправно да го толкува!?
„Усното Свето предание што го сочувала Православната црква во чистота сè до денес го изразува животот на Светиот Дух во Црквата и на исправен начин нè оспособува во целост, и како што треба, да ја сфатиме Библијата. Без сомнение, тоа е постаро од Светото писмо зашто,...
Христос и Божјата реч
На различни места и во различни преводи Новиот завет за Библијата користи повеќе различни зборови со наполно исто значење: „Божја реч“, “Пророчка реч“, „Реч“, „Божје слово“, „Слово“, „Писмо“, „Писма“, „Свети Писма“, „Духовен меч“, „Вистина“, „апостолско учење“,...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.