За њуејџовските астрални (вселенски) патувања
Иако веќе зборувавме за астралните патувања, овој дел од книгава бара повторно да се навратиме на нив, зашто њуејџовските астрални патувања имаат поинаква основа за разлика од оние што ги опишавме порано како возбудливи искуства и чудни претсмрни доживувања низ кои поминуваат безброј милиони и здрави и болни луѓе кои се соочуваат со смртта. Њуејџовските астрални патувања се јавуваат за време на медитацијата и јогата што ги практикуваат други милиони луѓе од цел свет.
Дел од четвртата медитација на Фостер опфаќа „вознесение на небото“, подобро познато кај следбениците на Њу ејџ како „астрална проекција“ или „вонтелесно искуство“, „вонтелесна активност“.
„По извесно време се јавува некој длабок копнеж за отиснување во горните предели, над облаците. Во својата имагинација дозволи му на своето духовно тело, кое е преплавено со светлина, да излезе од тоа физичко тело. Сврти се така за да можеш да се видиш себеси како лежиш на тревата и повторно увери го своето тело дека бргу ќе се вратиш. Замисли го своето духовно битие, живо и треперливо, како се издигнува низ облаците и во стратосферата. Забележи го своето физичко тело, ритчињата и шумите, како исчезнуваат додека ја напушташ земјата. Навлегувај сè подлабоко во вселената, сè додека ништо веќе не постои, освен топлото присуство на вечниот Творец. Почивај во неговото присуство. Тивко слушај, очекувајќи го она што не може ниту да се насети. Внимателно забележи го секое дадено упатство.“3
Ширли Мек Лејн, прочуена следбеничка на Њу ејџ во осумдесеттите и деведесеттите години од 20 век, ја опишува својата прва астрална проекција: „Чувствував како летам низ просторот, како го исполнувам и понатаму се реам, излегувајќи од моето тело, сè додека не почнав да се издигнувам високо. Бев свесна дека моето тело остана во водата. Погледнав долу и го видов. Покрај него стоеше Дејвид. Мојот дух, или ум, или душа, или што и да беше друго, се издигнуваше сè повеќе во просторот. Директно низ таванот од куќата, над базенот, и нагоре над реката на самракот. Буквално чувствував дека летам… Движејќи се сè повисоко, додека не ги забележав планините и пределот под себе, препознавајќи го она што го видов во текот на денот.“4
Ширли всушност не разбрала што се случило со неа, но нејзиниот пријател и духовен учител, Дејвид, ѝ рекол дека нејзината душа го напуштила нејзиното тело. „Ти сметаш дека токму тогаш доживеав астрална проекција“, прашала Ширли.
„Секако“, одговорил, „јас го сторив тоа утрово токму овде, додека ти шеташе. Патував насекаде над овие места… Во астралниот свет можеш да одиш секаде каде што сакаш и да сретнеш различни групи други души.“5
Ширли Мек Лејн го индуцира своето вонтелесно искуство длабоко дишејќи и втренчено гледајќи во лелеав пламен на свеќа сè додека не почувствува дека и самата станала пламенче. „Јас немам ниту рака, ниту нога, ниту тело, ниту физички облик. Во мојот ум станав простор. Чувствувам како летам низ просторот, како го исполнувам и одлетувам, како излегувам од моето тело, додека не почнам да се издигнувам.“6 Таа има астрални патувања кога ќе посака.
Ширли Мек Лејн употребува запалена свеќа. Други т.н. „астрални врати или капии“, кои им помагаат на окултистите на Њу ејџ при астралните патувања, се симболи и слики.
Ориенталниот мистицизам учи дека ние, покрај нашето физичко тело, имаме и астрално, етерично, невидливо тело, или тело слично на дух, кое може да се издели од физичкото тело за време на несвесната или изменетата состојба на свеста. Тој исто така учи дека оваа етерична душа е поврзана со физичкото тело со помош на тенки сребрени врвки, слични на папочната, па кога оваа врвка ќе се прекине, настапува смрт.
Астралните проекции се вообичаени кај хиндуистичката и кинеската јога. Шаманите од племенските култури тврдат дека „можат сами да излегуваат од своето тело секогаш кога ќе посакаат преку екстатична состојба на свеста.“7
Кога некое лице се наоѓа во самоиндуцирана состојба на свеста, било заради мистична медитација или за вонсетилно искуство, тоа не ги контролира своите умни способности и се наоѓа во опасност од демонско влијание и опседнатост. Од друга страна, кога Божјите слуги, како што се апостол Павле и писателот на Откровението Јован, кога ќе добијат некое видение или откровение, Бог е крај нив да ги заштити.
Сатаната и неговите демони знаат дека постои вистинска бесвесна состојба кога Бог им дава виденија и откровенија на своите слуги па, како и сè друго, ја искривоколчуваат и оваа метода на Божји сообраќај со луѓето, давајќи им свои, ѓаволски виденија и откровенија на оние кои не се библиски упатени, станувајќи на тој начин марионетки во нивните раце. Демоните ги иницираат сите овие мистични медитации кај медитиентите и целосно застануваат зад сите појави што се случуваат и одигруваат за време додека тие се во таква екстатична состојба или во транс, и во тие мигови наполно го контролираат нивниот ум. Не Бог, не Божјите ангели, туку демоните ги водат медитиентите на астрални и вселенски патувања. Библијата ни кажува што е од Бога, а што од демоните. За тоа е доста зборувано и објаснувано во книгава.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПИРИТИСТИЧКИОТ СКЕЛЕТ НА НОВАТА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА „НОВА ЕПОХА“ (New Age)
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Светот гори во спиритистичкиот оган
Денес, повеќе од кога и да е порано, митовите, легендите и измислените приказни стануваат актуелни на духовен план, како кај христијаните, така и кај сите духовно ориентирани луѓе. Популарни се само оние духовни учители кои проповедаат ветувања за национален подем, а...
Новата епоха (New Age)
Поимот е земен од астрологијата, па затоа и самата замисла и темелот на Њу ејџ (New Age- во светот е прифатено ова име) целосно се астролошки. Веднаш да кажеме дека тоа не е единствена институција, ниту единствена организација, туку широка мрежа на различни ограноци,...
Суштината на учењето на Њу ејџ
Да се потсетиме на она што веќе го кажавме! Се тврди дека кај секој човек постои пониско и повисоко „јас“, пониска и повисока „свест“. Според Њу ејџ, решението за сите проблеми лежи во откривањето на своето повисоко „јас“, на својата „божествена суштина“, а проблемот...
За медитацијата и медитирањето
Зборот „медитација“, „медитира“, доаѓа од санскритскиот збор medha,, кој буквално значи „го лоцира својот центар, својата внатрешна мудрост“. Сега медитацијата се проучува и му се одобрува секому, почнувајќи од гуруите во долга бела облека, па сè до лекарите. При...
Јогата и Њу ејџ
Медитацијата и јогата одат заедно. Тие сочинуваат нераскинлив тандем, една органска целина. Според тоа, кога зборуваме за медитацијата, мислиме и на јогата, и обратно. Зборот јога е санскритски збор и значи „соединува, здружува“, се впрегнува во јарем. Тоа е посебна...
Односот на Њу ејџ спрема христијанството
За Њу ејџ Христос не е конкретна личност, туку искра, божествена суштина, принцип длабоко во нас: „... првенствено едно нелично, неограничено суштество кое се открива како светлина, како сила, како моќно поле на зрачење. Тоа е Христово поле на зрачење кое се појавило...
Дефинирање на медицината на движењето Њу ејџ
Една медицинска сестра кажува: „Ако навистина се случи да ве излекуваат, тоа станува ваш постојан начин на живеење. Вас ве придружува изменета состојба на свеста; тоа кај вас ја зголемува телепатијата. Тоа е авантура.“8 Постојат 120 алтернативни холистички исцелувачки...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.