Светот гори во спиритистичкиот оган
Денес, повеќе од кога и да е порано, митовите, легендите и измислените приказни стануваат актуелни на духовен план, како кај христијаните, така и кај сите духовно ориентирани луѓе. Популарни се само оние духовни учители кои проповедаат ветувања за национален подем, а не вистинска духовна вистина. Мноштво легенди и приказни за натприродна моќ на различни луѓе, учители, светци, гуруи, па дури и за остатоци од нивните мртви тела (мошти) ги преплавуваат страниците на духовните книги, списанија и говори. Вистинската духовна храна – Светото писмо – не само што се занемарува, туку и се отфрла.
На телевизија сè почесто слушаме и гледаме емисии од областа на парапсихолошките феномени, биоенергетски исцелувања, магија, комуникација со духови и за многу друго окултно. Тоа не е ништо друго освен современ спиритизам зад кој стои директно сатаната кој со помош на програмите на ТВ нè води во царството на духовите и светот рапидно го приготвува за најголемата можна измама на сите времиња – за појавата на лажниот христос и христоси.
Интересот за таинствени чуда сè повеќе ја преплавуваат општата јавност. Тоа не е веќе работа на мали тајни кругови и здруженија, туку на целото човештво! Мнозинството денешни луѓе, кои до неодамна беа проникнати со исклучиво материјалистички начин на размислување, наеднаш денес се свртуваат кон нешто невидливо, натприродно.
За тоа посебна заслуга има Холивуд. Полека и префинето, американските филмови ги приготвија нашите умови за можност да се прифати окултното. Особено фантастичните филмови од типот „Ѕвездени патеки“, „Војна на ѕвездите“ и многу други, имаа за цел да нè убедат во постоење на некои нови цивилизации кои сакаат да дојдат на земјата и да ја освојат нашата планета.
Често за тоа се земаат одредени елементи од библискиот судир меѓу доброто и злото и се пренесуваат во меѓугалаксичките простори, сведувајќи ги само на подрачје на физички пресметки. Исто така, некои поими од Библијата се заменуваат со други. Наместо „Бог нека биде со тебе“, се кажува: „Силата нека биде со тебе“. Бог како личност се заменува со сила, со енергија. Дури и во некогаш најпопуларниот филм „Е.Т.“, главниот јунак, вонземјанец, „Ети“, со својата смрт, со воскреснувањето и заминувањето на небото, во умовите на гледачите го заменува Исуса Христа.
Многу филмови јасно или индиректно прикажуваат живот по смртта. Често се прикажуваат луѓе кои по својата смрт повторно продолжуваат да дејствуваат, позитивно или негативно. Филмовите се полни со вампири, со призраци, со сеништа, со духови, со материјализации на покојните, со разни чуда, со натприродни појави, со магии; речиси во сите нив натприродните, отадешните сили, остануваат неуништливи и непобедливи.
Дали овој сè посилен интерес за натприродното е нормален прогрес во науката, или во прашање е нешто друго? Се наметнува и прашањето: Зошто во последно време толку силно се пропагираат разни хиндуистички правци и медитациите и религиите од Далечниот Исток? Која е целта на нивното масовно ширење во христијанскиот свет? Кој стои зад тоа? Каде води сето тоа?
За да добиеме одговори на овие прашања, потребно е да го побараме потеклото на заедничката идеја што се провлекува низ сите нив. Тоа е идејата за нови рамки и габарити на конечниот врв на човечката историја, идеја на движењето наречено New Age Movement („Њу ејџ“ – „Нова епоха“, „Нова ера“) чијшто темел е астрологијата којашто ја пропагира на еден нов и сеопфатен начин.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПИРИТИСТИЧКИОТ СКЕЛЕТ НА НОВАТА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА „НОВА ЕПОХА“ (New Age)
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Новата епоха (New Age)
Поимот е земен од астрологијата, па затоа и самата замисла и темелот на Њу ејџ (New Age- во светот е прифатено ова име) целосно се астролошки. Веднаш да кажеме дека тоа не е единствена институција, ниту единствена организација, туку широка мрежа на различни ограноци,...
Суштината на учењето на Њу ејџ
Да се потсетиме на она што веќе го кажавме! Се тврди дека кај секој човек постои пониско и повисоко „јас“, пониска и повисока „свест“. Според Њу ејџ, решението за сите проблеми лежи во откривањето на своето повисоко „јас“, на својата „божествена суштина“, а проблемот...
За медитацијата и медитирањето
Зборот „медитација“, „медитира“, доаѓа од санскритскиот збор medha,, кој буквално значи „го лоцира својот центар, својата внатрешна мудрост“. Сега медитацијата се проучува и му се одобрува секому, почнувајќи од гуруите во долга бела облека, па сè до лекарите. При...
Јогата и Њу ејџ
Медитацијата и јогата одат заедно. Тие сочинуваат нераскинлив тандем, една органска целина. Според тоа, кога зборуваме за медитацијата, мислиме и на јогата, и обратно. Зборот јога е санскритски збор и значи „соединува, здружува“, се впрегнува во јарем. Тоа е посебна...
Односот на Њу ејџ спрема христијанството
За Њу ејџ Христос не е конкретна личност, туку искра, божествена суштина, принцип длабоко во нас: „... првенствено едно нелично, неограничено суштество кое се открива како светлина, како сила, како моќно поле на зрачење. Тоа е Христово поле на зрачење кое се појавило...
За њуејџовските астрални (вселенски) патувања
Иако веќе зборувавме за астралните патувања, овој дел од книгава бара повторно да се навратиме на нив, зашто њуејџовските астрални патувања имаат поинаква основа за разлика од оние што ги опишавме порано како возбудливи искуства и чудни претсмрни доживувања низ кои...
Дефинирање на медицината на движењето Њу ејџ
Една медицинска сестра кажува: „Ако навистина се случи да ве излекуваат, тоа станува ваш постојан начин на живеење. Вас ве придружува изменета состојба на свеста; тоа кај вас ја зголемува телепатијата. Тоа е авантура.“8 Постојат 120 алтернативни холистички исцелувачки...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.