Суштината на учењето на Њу ејџ
Да се потсетиме на она што веќе го кажавме! Се тврди дека кај секој човек постои пониско и повисоко „јас“, пониска и повисока „свест“. Според Њу ејџ, решението за сите проблеми лежи во откривањето на своето повисоко „јас“, на својата „божествена суштина“, а проблемот е во тоа што мнозинството луѓе не се свесни за тој принцип, за тоа „божествено јадро“ во себе.
Како можеме да го откриеме тоа повисоко „јас“ во себе за да постигнеме вистински живот и среќа? Одговор: тоа се постигнува со медитација, „со влегување во себеси“, со „самоспознавање“, за да се открие тој внатрешен божествен принцип. Кога некој ќе го открие своето „повисоко јас“ во себе и ќе ја прошири својата свесност, така што во тоа искуство е вклучен и космичкиот духовен свет, тогаш ќе може да влезе во таа духовна реалност. Конечна цел: престанок на реинкарнацијата – безбројните повторни раѓања – и слевање со тој безличен космички „божествен принцип“.
Контакт со „вишото јас“ е можен само ако се исклучи „пониското јас“, односно свеста. Потребно е човекот да дојде во потсвесна состојба, да се „ослободи од својата пониска свест“ за да можат „повисоките сили“ да дејствуваат врз умот. За таа цел се препорачуваат: медитација (систем на исклучување на свеста), хипноза, мистични искуства (контакт со натприродното, посматрање на невидливи појави и суштества), енергетски влијанија на кристалите, биопирамиди, разни видови на екстатични состојби, транс, хипнотички средства – билки, наркотични средства – дрога и сите други влијанија кои го исклучуваат „пониското јас“ – свеста. Во оптек е сè што може да го доведе човековиот ум во потсвесна состојба погодна за транс – контакт со „отадешното“, со „космичкиот свет“. За да може човекот да го доживее тоа искуство, за да заплови во својот внатрешен свет, мора да му се исклучи резонирањето на сопствениот разум (ум), да му се исклучи сопствената свест, за да стапи под контрола на „повисоката интелигенција“.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПИРИТИСТИЧКИОТ СКЕЛЕТ НА НОВАТА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА „НОВА ЕПОХА“ (New Age)
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Светот гори во спиритистичкиот оган
Денес, повеќе од кога и да е порано, митовите, легендите и измислените приказни стануваат актуелни на духовен план, како кај христијаните, така и кај сите духовно ориентирани луѓе. Популарни се само оние духовни учители кои проповедаат ветувања за национален подем, а...
Новата епоха (New Age)
Поимот е земен од астрологијата, па затоа и самата замисла и темелот на Њу ејџ (New Age- во светот е прифатено ова име) целосно се астролошки. Веднаш да кажеме дека тоа не е единствена институција, ниту единствена организација, туку широка мрежа на различни ограноци,...
За медитацијата и медитирањето
Зборот „медитација“, „медитира“, доаѓа од санскритскиот збор medha,, кој буквално значи „го лоцира својот центар, својата внатрешна мудрост“. Сега медитацијата се проучува и му се одобрува секому, почнувајќи од гуруите во долга бела облека, па сè до лекарите. При...
Јогата и Њу ејџ
Медитацијата и јогата одат заедно. Тие сочинуваат нераскинлив тандем, една органска целина. Според тоа, кога зборуваме за медитацијата, мислиме и на јогата, и обратно. Зборот јога е санскритски збор и значи „соединува, здружува“, се впрегнува во јарем. Тоа е посебна...
Односот на Њу ејџ спрема христијанството
За Њу ејџ Христос не е конкретна личност, туку искра, божествена суштина, принцип длабоко во нас: „... првенствено едно нелично, неограничено суштество кое се открива како светлина, како сила, како моќно поле на зрачење. Тоа е Христово поле на зрачење кое се појавило...
За њуејџовските астрални (вселенски) патувања
Иако веќе зборувавме за астралните патувања, овој дел од книгава бара повторно да се навратиме на нив, зашто њуејџовските астрални патувања имаат поинаква основа за разлика од оние што ги опишавме порано како возбудливи искуства и чудни претсмрни доживувања низ кои...
Дефинирање на медицината на движењето Њу ејџ
Една медицинска сестра кажува: „Ако навистина се случи да ве излекуваат, тоа станува ваш постојан начин на живеење. Вас ве придружува изменета состојба на свеста; тоа кај вас ја зголемува телепатијата. Тоа е авантура.“8 Постојат 120 алтернативни холистички исцелувачки...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.