Новата епоха (New Age)

Поимот е земен од астрологијата, па затоа и самата замисла и темелот на Њу ејџ (New Age– во светот е прифатено ова име) целосно се астролошки. Веднаш да кажеме дека тоа не е единствена институција, ниту единствена организација, туку широка мрежа на различни ограноци, групи и правци составено од луѓе кои доаѓаат од разалични средини, но имаат ист начин на размислување (феминизам, екологија, окултизам, психологија, хиндуизам, будизам, мистично христијанство и многу други правци), иста желба за духовен напредок. Може да се каже дека тоа е сеопшто движење на цел свет за духовно издигнување, за духовен подем.

Според учењето на Њу ејџ, сега, за што веќе кажавме нешто во претходниот наслов, влегуваме во „нова, седма астролошка епоха, наречена „Аквариус“ или „Водолеец“ – која ќе трае следните 2.000 години. Новиот период од 2.000 години ќе биде обележан со духовна просветеност, со братство, со мир и хармонија… Се смета дека седмата астролошка епоха го опфаќа зенитот од развојот на човештвото. Поради тоа, таа е исклучителна, посебна. На нејзиниот почеток ќе се појави нов „христос“ кој ќе го обележи почетокот на новата епоха и кој ќе го обедини цел свет во една светска религија. Целта на системот на Њу ејџ е да го приготви светот за појавување на новиот христос и за воспоставување на еден нов светски духовен систем, за новата светска религија1, која треба да настане со комплетно обединување на човештвото со помош на сите можни „духовни“ средства.

Во нацртот за светската религија на Њу ејџ постои план за обединување на сите вери на светот во една нова заедничка,  универзална светска религија во која ќе веруваат сите заедно. Според таа идеја, човештвото духовно ќе се издигне на ниво на сеопшта љубов, хармонија и мир и на тој начин ќе се отстранат и ќе се решат сите проблеми на човештвото. Секако, оние што не ќе го прифатат тоа, ќе мора да бидат присилени или елиминирани. Значи, на повидок е најголема инквизиција во историјата на човештвото.

Наводно тој замислен, утопистички прогрес на човештвото, ќе се постигне со медитација и со реинкарнација, која подразбира духовен напредок, продуховување на луѓето, подигање на духовната свест на повисок степен.

Она што вчудовидува кај Њу ејџ: тој планира потполно соединување на овој видлив со невидливиот свет. Тоа е универзален систем со кој појавите на духовите ќе бидат секојдневна реалност. Во зенитот на големиот план треба да се појави сам Исус Христос на земјата.

Окултизам и сатанизам. Бидејќи се надминати поделбите меѓу доброто и злото, Њу ејџ е отворен кон сите окултни правци. И самиот проникнат со спиритуален карактер (призивање на духовите на древните мудреци и гуруи), тој се здружува со сите спиритистички правци, па и со сатанизмот. Всушност, Њу ејџ е збир на сите окултни правци кои се стремат кон една нова епоха во која ќе завладеат „духовните сили“, односно духовите на „Новата епоха“. Окултните пракси не се критикуваат, туку се добредојдени како стара „универзална мудрост“. Така тој ги обединува сите окултни редови во еден единствен фронт. Целта на Њу ејџ е да ја отстрани границата меѓу видливиот или материјалистичкиот и невидливиот или духовниот свет.

Бидејќи според Њу ејџ сатаната не е опасен, туку „добротвор на човештвото“, „просветител – Луцифер“, тој треба да се открие и на човештвото да му покаже подобар пат. Според тоа, зад ова движење (Њу ејџ), кое го освојува светот и станува доминантно на светската сцена, стои директно сатаната, кој е негов иницијатор, инспиратор и татко. Всушност, тоа е негово дело и може да се замисли што му се приготвува на сегашното човештво, на чиешто чело треба да застане најголемиот измамник, тиран и убиец. За тоа кој е сатаната, всушност веќе доста е кажано во оваа книга.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

СПИРИТИСТИЧКИОТ СКЕЛЕТ НА НОВАТА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА „НОВА ЕПОХА“ (New Age)

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...

Светот гори во спиритистичкиот оган

Денес, повеќе од кога и да е порано, митовите, легендите и измислените приказни стануваат актуелни на духовен план, како кај христијаните, така и кај сите духовно ориентирани луѓе. Популарни се само оние духовни учители кои проповедаат ветувања за национален подем, а...

Суштината на учењето на Њу ејџ

Да се потсетиме на она што веќе го кажавме! Се тврди дека кај секој човек постои пониско и повисоко „јас“, пониска и повисока „свест“. Според Њу ејџ, решението за сите проблеми лежи во откривањето на своето повисоко „јас“, на својата „божествена суштина“, а проблемот...

За медитацијата и медитирањето

Зборот „медитација“, „медитира“, доаѓа од санскритскиот збор medha,, кој буквално значи „го лоцира својот центар, својата внатрешна мудрост“. Сега медитацијата се проучува и му се одобрува секому, почнувајќи од гуруите во долга бела облека, па сè до лекарите. При...

Јогата и Њу ејџ

Медитацијата и јогата одат заедно. Тие сочинуваат нераскинлив тандем, една органска целина. Според тоа, кога зборуваме за медитацијата, мислиме и на јогата, и обратно. Зборот јога е санскритски збор и значи „соединува, здружува“, се впрегнува во јарем. Тоа е посебна...

Односот на Њу ејџ спрема христијанството

За Њу ејџ Христос не е конкретна личност, туку искра, божествена суштина, принцип длабоко во нас: „... првенствено едно нелично, неограничено суштество кое се открива како светлина, како сила, како моќно поле на зрачење. Тоа е Христово поле на зрачење кое се појавило...

За њуејџовските астрални (вселенски) патувања

Иако веќе зборувавме за астралните патувања, овој дел од книгава бара повторно да се навратиме на нив, зашто њуејџовските астрални патувања имаат поинаква основа за разлика од оние што ги опишавме порано како возбудливи искуства и чудни претсмрни доживувања низ кои...

Дефинирање на медицината на движењето Њу ејџ

Една медицинска сестра кажува: „Ако навистина се случи да ве излекуваат, тоа станува ваш постојан начин на живеење. Вас ве придружува изменета состојба на свеста; тоа кај вас ја зголемува телепатијата. Тоа е авантура.“8 Постојат 120 алтернативни холистички исцелувачки...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат