Јогата и Њу ејџ
Медитацијата и јогата одат заедно. Тие сочинуваат нераскинлив тандем, една органска целина. Според тоа, кога зборуваме за медитацијата, мислиме и на јогата, и обратно. Зборот јога е санскритски збор и значи „соединува, здружува“, се впрегнува во јарем. Тоа е посебна техника за вежбање на концентрацијата придружувано со задржување на дишењето, со релаксација (опуштање на телото), со посебна диета и со силно воздржување од сите видови на сетилниот живот, сè со цел човекот целосно да завладее со своето тело, особено со телесните органи и со нивните функции кои не се под контрола на волјата. Јогата опфаќа метафизички патеки или метафизички духовни дисциплини кои наводно на јогистите им помагаат да се ослободат од надворешниот свет и да се соединат со „конечната стварност“. Овој вид метафизичка духовна дисциплина бара правилен став на телото, како што е ставот лотос, ритмичко дишење, силна концентрација и сосредоточеност (интроспективна медитација – самопосматрање, вронување во себеси) и повторување на соодветни формули во мислите, како aum, om. Најмногу раширен вид е т.н. „хата“ (hatha) јога при што јогистите користат различни ставови. Најраспространета положба или став за мистична медитација што ја користат Индусите и будистите е хата јогата наречена lotos . Оној што медитира, користејќи го овој вид јога, седи со прекрстени нозе, со исправен грб, со дланките на колена, така што палецот и кажипрстот се допираат, а очите остануваат затворени. Тоа е угоден став или стил со мистична причина не само на ориенталните мистичари, туку и пошироко. Сите јоги, независно од тоа дали се hatha, karma или bhaktri, претставуваат хиндуистички, метафизички духовни патеки кои водат кон изменета состојба на свеста и на крај човекот го поврзуваат со натприродните сили. Сите овие мистични искуства по природа се окултни, па затоа не треба да бидат дел на христијанскиот начин на живеење. Транс – изменета состојба на свеста. Транс е состојба во која свеста и слободната волја на човекот се наполно исклучени и тие не се веќе никаков фактор кој одлучува и кој ги контролира натамошните активности и постапки на човекот. За време на транс тој не е свесен за себе и за својата околина. Во таква состојба тој е марионетка во рацете на некој друг кој управува со него. Транс може да се предизвика со автосугестија или со хипноза, а понекогаш настапува и одненадеж (кај луѓето кои се под власт на натприродните, демонските сили). Секој транс е идентичен со хипнозата и многу е опасен, бидејќи медиумот наполно им се предава на демонските сили кои целосно располагаат со неговиот ум. Бог никому не му дозволува, па ни самите ние не треба никому да му дозволиме да управува со нашиот ум и да ни ја одзема слободата на слободен избор и на слободно и непречено размислување и одлучување. Кога сме под хипноза, ние сме робови на хипнотизерот и играчки во рацете на демоните со чијашто помош тој ја изведува хипнозата над нас. Стручњаците за овие појави тврдат дека во состојба на трнас духовите дури и физички трајно ги менуваат клетките на нашиот мозок. Последиците се јасни. Веруваме дека сето ова треба да биде мошне оддалечено од искрените христијани.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПИРИТИСТИЧКИОТ СКЕЛЕТ НА НОВАТА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА „НОВА ЕПОХА“ (New Age)
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спиритистичкиот скелет на новата светска религија „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. [viz-category-posts...
Светот гори во спиритистичкиот оган
Денес, повеќе од кога и да е порано, митовите, легендите и измислените приказни стануваат актуелни на духовен план, како кај христијаните, така и кај сите духовно ориентирани луѓе. Популарни се само оние духовни учители кои проповедаат ветувања за национален подем, а...
Новата епоха (New Age)
Поимот е земен од астрологијата, па затоа и самата замисла и темелот на Њу ејџ (New Age- во светот е прифатено ова име) целосно се астролошки. Веднаш да кажеме дека тоа не е единствена институција, ниту единствена организација, туку широка мрежа на различни ограноци,...
Суштината на учењето на Њу ејџ
Да се потсетиме на она што веќе го кажавме! Се тврди дека кај секој човек постои пониско и повисоко „јас“, пониска и повисока „свест“. Според Њу ејџ, решението за сите проблеми лежи во откривањето на своето повисоко „јас“, на својата „божествена суштина“, а проблемот...
За медитацијата и медитирањето
Зборот „медитација“, „медитира“, доаѓа од санскритскиот збор medha,, кој буквално значи „го лоцира својот центар, својата внатрешна мудрост“. Сега медитацијата се проучува и му се одобрува секому, почнувајќи од гуруите во долга бела облека, па сè до лекарите. При...
Односот на Њу ејџ спрема христијанството
За Њу ејџ Христос не е конкретна личност, туку искра, божествена суштина, принцип длабоко во нас: „... првенствено едно нелично, неограничено суштество кое се открива како светлина, како сила, како моќно поле на зрачење. Тоа е Христово поле на зрачење кое се појавило...
За њуејџовските астрални (вселенски) патувања
Иако веќе зборувавме за астралните патувања, овој дел од книгава бара повторно да се навратиме на нив, зашто њуејџовските астрални патувања имаат поинаква основа за разлика од оние што ги опишавме порано како возбудливи искуства и чудни претсмрни доживувања низ кои...
Дефинирање на медицината на движењето Њу ејџ
Една медицинска сестра кажува: „Ако навистина се случи да ве излекуваат, тоа станува ваш постојан начин на живеење. Вас ве придружува изменета состојба на свеста; тоа кај вас ја зголемува телепатијата. Тоа е авантура.“8 Постојат 120 алтернативни холистички исцелувачки...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.