За вредноста на добрите дела
Но, откако сме го прифатиле спасението со вера како милосен дар од Бога, откако сме расчистиле со нашето грешно минато и сме станале Божи деца, Божји синови и ќерки, ситуацијата од темел се менува. Како резултат на спасението што сме го добиле од Бога, Бог сега од нас очекува наполно нов живот без грев и верна и предана служба исполнета со многубројни добри дела. И ние, од љубов кон Бога што ни подарил спасение од гревот и вечен живот, сега правиме добри дела. Всушност, нашиот нов живот во Христа е наполно проникнат и гарниран со добри дела.
Уште повеќе, откако сме станале негови деца, Бог нашата вера и љубов, како и нашата благодарност кон себе, а и нашата верна и предана служба, постојано ги проверува преку нашите добри дела. И ние, како христијани, сме должни да правиме добри дела. Нашата вера сега мора да има добри дела, односно, да се докаже на дело со добри дела. Нашата нова вера не може да преживее без добри дела. Тоа се дела „на верата“, дела на новиот живот во Исуса Христа, за разлика од „делата на законот“ во поранешниот грешен живот со кои тропавме на погрешна врата за да влеземе во Божјето царство.
Ова ќе го потврдиме со нова низа стихови чијашто порака, на прв поглед, е спротивна на пораката од претходната група стихови за нашите поранешни добри дела со кои се обидувавме да го заслужиме или да го купиме спасението – што не беше можно.
„Зашто негово (Божје) дело сме, создадени во Христа Исуса за добри дела, кои Бог однапред ги приготви за да живееме во нив“ (Ефесците 2,10). – Христос нас нè избави од гревот и нè пресоздаде, од нас направи нови луѓе, нови созданија, за да правиме добри дела. „Оние што поверувале во Бога да се стремат да прават добри дела“ (Тит 3,8).
„Кој (Христос) се даде себеси за нас за да нè избави од секое беззаконие и да си исчисти за себе сопствен народ ревносен за добри дела“ (Тит 2,14). – Христос произведува во нас добри дела.
„Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси?… Покажи ми ја ти својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата преку моите дела“ (Јаков 2,14.18).
„Така и верата, ако нема дела, мртва е сама по себе… Верата без дела е неделотворна“ (Јаков 2,17.20).
Верата родила и раѓа добри дела. Значи, новата вера е извор на добри спасоносни дела. Делотворна вера значи жива вера, нешто што е живо, што е продуктивно, нешто што произведува, што докажува дека е живо, што не е само интелектуално, замислено, неделотворно и пасивно… Сега можеме да кажеме дека ние се спасуваме со верата, но ќе ни се суди според делата. Ние не се спасуваме со делата, но без делата ќе пропаднеме.
Верата на Аврама: „Нашиот татко Аврам не беше ли оправдан преку делата кога го принесе својот син Исак на жртвеникот? Гледате ли дека верата соработуваше со неговите дела, и преку делата верата стана совршена… Гледате ли дека човекот се оправдува преку делата, а не само преку верата“ (Јаков 2,21-24).
Пред да биде потврден, прифатен и запишан на светите страници на Божјата реч како татко на верата, Аврам бил ставен на тешка проверка, односно, Бог неговата вера ја ставил на кантар за да се види колку тежи – побарал од него нешто што не побарал од ниту еден друг човек на оваа земја – од човечка гледна точка нелогично и несфатливо. Бог побарал од Аврама да го жртвува својот син, својот единец, Исак. И, што гледаме? Пред налетите на ненадејното и силно искушение што се урнало врз неговата душа во која зафучил жесток оркан, и распнувајќи се меѓу љубовта кон својот син Исак и послушноста кон Бога, Аврам останал простум, прифаќајќи го Божјиот повик да го жртвува својот син, со што својата вера ја докажал на дело.
Таквата активна вера, која има дела, ќе биде наградена со вечен живот: „Ќе дојде Синот човечки во славата на својот Отец, со своите ангели, и тогаш секому ќе му возврати според неговите дела“ (Матеј 16,27).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спасението е плод на нашата вера, а не на нашите дела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПАСЕНИЕТО Е ПЛОД НА НАШАТА ВЕРА, А НЕ НА НАШИТЕ ДЕЛА
Сфаќањето на некои грчки филозофи на стариот век дека душата може да живее и надвор од телото влијаело врз учењето на одделни теолози во христијанската ера, па традиционалната Црква развила пракса врзана за грижа на душата којашто го напушта човекот во мигот на смртта...
Божјата благодат визави нашите добри дела
Господ за царот Давид кажува: „Го најдов Давида, синот Есеев, човек според моето срце, кој ќе ја исполни сета моја волја“ (Дела 13,22). Но тој Божји човек, Давид, го изневерил Бога, направил мошне тежок грев. За што се работи? Ќе споменеме само неколку подробности кои...
Спасението на никој начин не може да се заработи како плата
Ако на кој било начин ние би можеле спасението да го заработиме со нашите заслуги и со нашите добри дела како плата, во извесна смисла тоа би значело дека Бог е должнен да нè спаси. Тоа значи дека Бог нешто ни должи и негова обврска е да ни го исплати тој свој долг...
Верата не е извор на спасение ниту е спасител
„Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). - „Сола Грација“ - спасение само и единствено со Божјата благодат. Ако нашето спасение е апсолутно продукт на Божјата...
Покајание
За спасение ни се потребни вера и покајание. Но без помош од Светиот Дух ние не можеме дури ни да се покаеме. Светото писмо кажува за Христа: „Него Бог го издигна со својата десница за поглавар и Спасител, да му даде на Израел покајание и проштавање на гревот“ (Дела...
Божјата љубов најсилен поттик за грешникот да се врати во прегратките на својот небесен Татко
Станува збор за загубениот син кој, откако го прокоцкал својот дел од имотот што го добил од својот татко, живеејќи блудно во далечна земја, и откако западнал во екстремно тешка и бедна положба како селски свињар, постигнувајќи го на тој начин апсолутното дно на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.