Верата не е извор на спасение ниту е спасител

„Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). – „Сола Грација“ – спасение само и единствено со Божјата благодат. Ако нашето спасение е апсолутно продукт на Божјата благодат, тогаш каква е улогата на нашата вера во нашето спасение?

Сте паднале во амбис! Наидува некој кој ви подава јаже за да ве извади од него. Оној горе, што ви го подава јажето, ви вели: „Фатете се за јажето и цврсто држете се за него и јас ќе ве извлечам од амбисот!“ Вие сте послушале, и спасени сте од сигурна смрт.

Јажето не е ваш спасител. Ваш спасител е оној што ви го подал јажето и кој ве извлекол од амбисот во кој сте паднале. Единствена ваша улога била таа што вие сте го послушале неговиот повик и што сте се фатиле и цврсто сте се држеле за јажето додека тој не ве извлекол надвор. Јажето било само помошно средство и во вашите раце и во рацете на вашиот спасител со чијашто помош тој ве спасил.

Или, сте паднале во река во која сте се давеле. Некој од брегот ви подал стап и ве извлекол на суво. Ваш спасител не е стапот, туку оној кој ви го подал него и кој ве извлекол на брегот. Единствена ваша улога во сето тоа била таа што вие сте се фатиле за стапот и што цврсто сте се држеле за него додека вашиот спасител не ве извлекол од водата во која сигурно би се удавиле. Додека сте длабоко во амбисот и додека се давите во матните води на реката, вам не можат да ви помогнат никакви ваши заслуги ниту какви било ваши добри дела за да се избавите од смртта која ви била повеќе од сигурна.

Јажето и стапот се онаа спасителна вера со којашто нашиот Спасител, Исус Христос, ги извлекува грешниците потонати во амбисот на гревот, кои се дават во матните води на беззаконието! Извор на спасението и спасител не е верата, туку Христос. Верата е единствено средство со чијашто помош Тој ги спасува грешниците од гревот.

Да заклучиме! Спасение не со наши заслуги и не со наши дела! Спасение не со вера и дела – односно не со вера плус дела! Спасение само и единствено „по благодат преку вера во Исуса Христа“ (Галатите 2,16).

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спасението е плод на нашата вера, а не на нашите дела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

СПАСЕНИЕТО Е ПЛОД НА НАШАТА ВЕРА, А НЕ НА НАШИТЕ ДЕЛА

Сфаќањето на некои грчки филозофи на стариот век дека душата може да живее и надвор од телото влијаело врз учењето на одделни теолози во христијанската ера, па традиционалната Црква развила пракса врзана за грижа на душата којашто го напушта човекот во мигот на смртта...

Божјата благодат визави нашите добри дела

Господ за царот Давид кажува: „Го најдов Давида, синот Есеев, човек според моето срце, кој ќе ја исполни сета моја волја“ (Дела 13,22). Но тој Божји човек, Давид, го изневерил Бога, направил мошне тежок грев. За што се работи? Ќе споменеме само неколку подробности кои...

Спасението на никој начин не може да се заработи како плата

Ако на кој било начин ние би можеле спасението да го заработиме со нашите заслуги и со нашите добри дела како плата, во извесна смисла тоа би значело дека Бог е должнен да нè спаси. Тоа значи дека Бог нешто ни  должи и негова обврска е да ни го исплати тој свој долг...

За вредноста на добрите дела

Но, откако сме го прифатиле спасението со вера како милосен дар од Бога, откако сме расчистиле со нашето грешно минато и сме станале Божи деца, Божји синови и ќерки, ситуацијата од темел се менува. Како резултат на спасението што сме го добиле од Бога, Бог сега од нас...

Покајание

За спасение ни се потребни вера и покајание. Но без помош од Светиот Дух ние не можеме дури ни да се покаеме. Светото писмо кажува за Христа: „Него Бог го издигна со својата десница за поглавар и Спасител, да му даде на Израел покајание и проштавање на гревот“ (Дела...

Божјата љубов најсилен поттик за грешникот да се врати во прегратките на својот небесен Татко

Станува збор за загубениот син кој, откако го прокоцкал својот дел од имотот што го добил од својот татко, живеејќи блудно во далечна земја, и откако западнал во екстремно тешка и бедна положба како селски свињар, постигнувајќи го на тој начин апсолутното дно на...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат