Спасението на никој начин не може да се заработи како плата
Ако на кој било начин ние би можеле спасението да го заработиме со нашите заслуги и со нашите добри дела како плата, во извесна смисла тоа би значело дека Бог е должнен да нè спаси. Тоа значи дека Бог нешто ни должи и негова обврска е да ни го исплати тој свој долг што го има спрема нас, да ни додели спасение како компензација за долгот што ни го должи, а тоа не е библиска, туку католичка наука.
Кажавме дека Католичката црква тврди оти таа има толку голем духовен „капитал“ кој го „заработиле“ десетици илјади светци и маченици со своите одвишни добри дела, што со него би можеле да се откупат гревовите на цел свет направени во сите времиња.
Теологијата на Католичката црква учи дека грешникот се спасува од гревот со добри дела и со милостина. Наведуваме пример од католичката апокрифна книга Тобија: „Милостината ослободува од смртта; таа чисти од секој грев“ (Тобија 12,9). – Тоа е суштина и темел на католичката теологија за спасение со добри дела и со милостина која нема место во исклучително јасната библиска теологија која кажува дека спасението е апсолутен дар на Божјата благодат и на ништо друго: „Зашто по благодатта сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар!“ (Ефесците 2,8).
Да го ставиме споменатиот текст „милостината ослободува од смртта“ на вагата на Библијата! Давид доаѓа пред Бога не на Бога да му понуди своја милостина, туку од Бога да бара Божја милостина за својот грев што го направил: „Смилувај ми се Боже, според твоето милосрдие, според големите помилувања избриши го моето беззаконие.“ Всушност, Давид немал ниту можел на Бога да му прикаже некаква своја милостина, зашто бил екстремно немилстив спрема своите ближни. Правејќи прељуба и убивајќи човек, тој безмилосно уништил многу повеќе од двајца свои ближни, и пред Бога, наместо милостина, прикажал свирепа немилостина (немилосрдност) која заслужувала смрт. Заради тоа, ослободување од смртта и спасение Давид бара по друга основа – во Божјата милост и во Божјата доброта, односно во Божјата благодат.
Ист случај е и со разбојникот на крстот, кој бил „злосторник“. Значи, двајцата биле немилостиви и не можеле да очекуваат ослободување од смртта врз основа на некаква своја милостина. Исто така не можеле да очекуваат спасение ниту од Божјиот закон, зашто обајцата го газеле законот и обајцата биле престапници, беззаконици и грешници и како грешници осудени на смрт од погазениот закон.
Вториот дел од споменатиот текст дека „милостината чисти од секој грев“, е целосно надвор од сите библиски димензии. По ова прашање Библијата е толку јасна што тоа не може погрешно да се разбере: „Крвта на неговиот Син, Исус Христос, нè очистува од секој грев“ (1. Јованово 1,7). Не нашата милостина, туку „крвта на Исуса Христа нè чисти од секој грев“ (1. Јованово 1,7).
Спор нема штом ќе се сфати дека заслугите на паднатиот човек во вид на добри дела никогаш не можат на човекот да му обезбедат вечен живот. Божјето царство е изградено без ниту една тула што сме ја создале ние. Спасението е бесплатен „Божји дар“, дар на Божјата благодат што се добива само и единствено „преку вера“ – и на ниту еден друг начин.
Да се помисли дека постои нешто што би можеле ние да додадеме кон „Божјата благодат“ е исто што и да се помисли дека, ако плукнеме во морето, тоа ќе стане поголемо отколку што е.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спасението е плод на нашата вера, а не на нашите дела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПАСЕНИЕТО Е ПЛОД НА НАШАТА ВЕРА, А НЕ НА НАШИТЕ ДЕЛА
Сфаќањето на некои грчки филозофи на стариот век дека душата може да живее и надвор од телото влијаело врз учењето на одделни теолози во христијанската ера, па традиционалната Црква развила пракса врзана за грижа на душата којашто го напушта човекот во мигот на смртта...
Божјата благодат визави нашите добри дела
Господ за царот Давид кажува: „Го најдов Давида, синот Есеев, човек според моето срце, кој ќе ја исполни сета моја волја“ (Дела 13,22). Но тој Божји човек, Давид, го изневерил Бога, направил мошне тежок грев. За што се работи? Ќе споменеме само неколку подробности кои...
За вредноста на добрите дела
Но, откако сме го прифатиле спасението со вера како милосен дар од Бога, откако сме расчистиле со нашето грешно минато и сме станале Божи деца, Божји синови и ќерки, ситуацијата од темел се менува. Како резултат на спасението што сме го добиле од Бога, Бог сега од нас...
Верата не е извор на спасение ниту е спасител
„Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). - „Сола Грација“ - спасение само и единствено со Божјата благодат. Ако нашето спасение е апсолутно продукт на Божјата...
Покајание
За спасение ни се потребни вера и покајание. Но без помош од Светиот Дух ние не можеме дури ни да се покаеме. Светото писмо кажува за Христа: „Него Бог го издигна со својата десница за поглавар и Спасител, да му даде на Израел покајание и проштавање на гревот“ (Дела...
Божјата љубов најсилен поттик за грешникот да се врати во прегратките на својот небесен Татко
Станува збор за загубениот син кој, откако го прокоцкал својот дел од имотот што го добил од својот татко, живеејќи блудно во далечна земја, и откако западнал во екстремно тешка и бедна положба како селски свињар, постигнувајќи го на тој начин апсолутното дно на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.