Покајание
За спасение ни се потребни вера и покајание. Но без помош од Светиот Дух ние не можеме дури ни да се покаеме. Светото писмо кажува за Христа: „Него Бог го издигна со својата десница за поглавар и Спасител, да му даде на Израел покајание и проштавање на гревот“ (Дела 5,31). Покајанието доаѓа од Христа исто толку сигурно колку и проштавањето (Пс. 51).
И верата доаѓа од Бога. Во една пригода апостолите го замолиле Христа: „Господе, засили ја нашата вера“ (Лука 17,5).
Спасителот сторил три работи за нас: Прво, ни создал јаже и стап (некој морал да создаде јаже и стап). Второ, ни ги подал јажето и стапот, и трето, со нивна помош нè извлекол од бездната, од реката. Ни дал вера, дури и покајание, и со помош на таа вера и покајание, нè извлекол од сигурната смрт.
Значи, ништо не е наше. И верата, и покајанието, и проштавањето и спасението – сè, апсолутно сè, е од Бога. Наше е сето тоа да го прифатиме како бесплатен подарок од Бога.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Спасението е плод на нашата вера, а не на нашите дела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
СПАСЕНИЕТО Е ПЛОД НА НАШАТА ВЕРА, А НЕ НА НАШИТЕ ДЕЛА
Сфаќањето на некои грчки филозофи на стариот век дека душата може да живее и надвор од телото влијаело врз учењето на одделни теолози во христијанската ера, па традиционалната Црква развила пракса врзана за грижа на душата којашто го напушта човекот во мигот на смртта...
Божјата благодат визави нашите добри дела
Господ за царот Давид кажува: „Го најдов Давида, синот Есеев, човек според моето срце, кој ќе ја исполни сета моја волја“ (Дела 13,22). Но тој Божји човек, Давид, го изневерил Бога, направил мошне тежок грев. За што се работи? Ќе споменеме само неколку подробности кои...
Спасението на никој начин не може да се заработи како плата
Ако на кој било начин ние би можеле спасението да го заработиме со нашите заслуги и со нашите добри дела како плата, во извесна смисла тоа би значело дека Бог е должнен да нè спаси. Тоа значи дека Бог нешто ни должи и негова обврска е да ни го исплати тој свој долг...
За вредноста на добрите дела
Но, откако сме го прифатиле спасението со вера како милосен дар од Бога, откако сме расчистиле со нашето грешно минато и сме станале Божи деца, Божји синови и ќерки, ситуацијата од темел се менува. Како резултат на спасението што сме го добиле од Бога, Бог сега од нас...
Верата не е извор на спасение ниту е спасител
„Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесците 2,8.9). - „Сола Грација“ - спасение само и единствено со Божјата благодат. Ако нашето спасение е апсолутно продукт на Божјата...
Божјата љубов најсилен поттик за грешникот да се врати во прегратките на својот небесен Татко
Станува збор за загубениот син кој, откако го прокоцкал својот дел од имотот што го добил од својот татко, живеејќи блудно во далечна земја, и откако западнал во екстремно тешка и бедна положба како селски свињар, постигнувајќи го на тој начин апсолутното дно на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.