СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

Беше објаснет процесот на „чистење“ и „помирување“ на грешниците со Бога во Светилиштето на Стариот завет. На денот на споменатото „чистење“ и „помирување“  првосвештеникот влегувал во светињата над светињите со крв на жртвуван јарец и со неа прскал над поклопецот/капоретот, односно над Божјиот закон.

Зошто крв над Божјиот закон? Зошто со крвта да се прска токму законот од Синај, плочите од Синај? Затоа што грешниците што ги принесувале жртвите на жртвеникот во дворот на Светилиштето го газеле и го прекршувале токму тој закон од Синај, токму Десетте Божји заповеди што биле напишани на двете камени плочи што биле сместени во ковчегот во светињата над светињите. Грешниците се огрешиле спрема тој закон и станале грешници (1. Јованово 3,4), а плата за гревот на грешниците е смрт (Римјаните 6,23). Значи, прекршениот Божји закон од десет заповеди барал смрт за грешникот, ја барал неговата крв.

Но, во Стариот завет Бог предвидел замена, предвидел наместо со крвта на грешникот, законот да биде испрскан со крвта на животното што било жртвувано за таа пригода; наместо грешникот, за него да биде жртвувано соодветно животно; наместо грешникот, да умре животно.

На тој начин била задоволена погазената правда на законот, биле задоволени барањата на погазениот закон за смрт на грешникот.

Со таа и таква Божја промисла се усогласени, помирени и ставени во совршена хармонија двете најнепомирливи неприкосновени Божји особини: Божјата правда и Божјата милост меѓу кои нема ништо заедничко. Тој процес на помирување меѓу Божјата правда и Божјата милост, или тој процес на помирување меѓу грешниците и Бога, што се вршел над капоретот или над Божјиот престол на милоста меѓу двата златни херувими во Светилиштето, е истиот процес на помирување меѓу грешниците и Бога што се врши на Голгота и што продолжува во небесното Светилиште, со таа разлика што на Голгота и во небесното Светилиште грешниците не се чистат со животинска крв, туку со крвта на нашиот Спасител што ја пролеал на крстот.

Она што беше кажано порано дека „правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале на Голгота“, со наполно исто значење може да се каже и за спасението на грешниците во Стариот завет: „Правдата и милоста се сретнале, се прегрнале и се бакнале над престолот на Божјата милост меѓу двата златни херувими во Светилиштето.“ Од таа причина тоа место во Светилиштето се вика „престол на милоста“, престол на Божјта милост во Стариот завет.

Според тоа, наполно исправно е да кажеме дека Голгота од Новиот завет е присутна на Синај, меѓу двата златни херувими над ковчегот со синајскиот  Божји закон, во Светилиштето на Стариот завет, и Синај од Светилиштето во Стариот завет е присутен на Голгота во Новиот завет, а Синај и Голгота заедно, како нераскинлив Божји тандем и како два главни столба врз кои почива планот на спасението, се присутни и во небесното Светилиште, каде што Бог конечно го решава и разрешува проблемот на гревот не само на нашата планета, туку проблемот на гревот како вселенски проблем.

Да, планот на спасението на човештвото од гревот почива врз два еднакво значајни столба – врз Синај и Голгота. Без Синај Голгота станува бесмислена, недефинирана, бесцелна и беспредметна, што значи, без Синај Христовата жртва на Голгота е бесмислена, недефинирана, бесцелна и беспредметна.

Исто така, без Голгота Синај ја губи својата библиска  смисла и целта на своето постоење во планот на спасението. Без Голгота Бог напразно би слегол од небото на Синај, попусто би го изговорил својот закон, Десетте заповеди, напразно истите би ги напишал на камени плочи и попусто нив би му ги предал на човештвото како свое лично писмо. Без Голгота, која единствено може да ја задоволи крутата погазена правда на Синај, грешниците не би имале никаква можност за спасение од гревот, зашто силата на синајскиот оган може да ја совлада единствено силата на Божјата благодат од Голгота. Тие две сили – силата на Синај и силата на Голгота – се две наполно исти по интензитет, но со спротивна насока. Нивните насоки се независни една од друга. Секоја од нив има различни и екстремни барања. Одат паралелно и никаде не се вкрстуваат, освен на Голгота и над Божјиот ковчег со Десетте Божји заповеди во Светилиштето, каде што се помируваат, се ракуваат и се бакнуваат. Во двата случаја нив ги помирува Христовата жртва.

На Синај е откриена и покажана неприкосновената Божја правда и праведност, а Голгота е прикажана како океан од кој блика Божја благодат како единствена сила која го спасува грешникот од синајскиот оган на Божјиот закон, односно од  извлечениот меч на неговата погазена законска правда кој се дигнал против него да го убие за неговиот грев и мечот го враќа во неговата корица окрвавен со Христовата крв.

Според тоа, уште еднаш: Синај се потпира врз Голгота и се потврдува на Голгота, а Голгота се потпира врз Синај и се потврдува на Синај! Врз тој нераскинлив тандем од Синај и Голгота, како што кажавме, врз тие два еднакво значајни столба, почива планот на спасението на човештвото. (Повеќе за оваа тема во поднасловот „Синај не може да се прескокне со стап“).

 

 

 

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат