Зошто Исус не воскреснал во саботата?
Се поставува прашање: Зошто Христос не воскреснал во саботата? Можел да воскресне, зар не, но не воскреснал. Зошто? Затоа што сабота е ден за одмор. По напорната битка што ја биел за нашето спасение во Гетсиманија и на Голгота во петокот, којашто го истоштила до крајни можни граници, Тој заслужено заминал на починка в гроб, почитувајќи ја со тоа четвртата заповед што самиот ја дал при создавањето и на Синај (Лука 24,56).
Кога бил создаден за шест дена, на нашиот свет нешто му недостигало – „менуха!“ Настапила сабота, настапила „менуха“ – одмор, мирување – и светот бил комплетен. Пишано е: „Ги доврши Бог до седмиот ден своите дела што ги создаде. А во седмиот ден се одмори (почиваше, мируваше – менуха)“ (1. Мојсеева 2,2).
Од истиот корен на зборот „менуха“, кој обично се преведува со „мирување“, „мир“ и „почивање“, праведниот Јов извлекува збор со кој ја опишува состојбата за време на смртта за која толку топло копнеел во своите неискажливи, пеколни маки. Тоа е состојба во која човекот пребива мирен, состојба во која злите престануваат да прават зло, а уморните наоѓаат одмор.
Почитувајќи ја првата саботна „менуха“ што самиот ја создал на почетокот, Христос во саботата почивал во својот гроб, како и неговите следбеници, „според законот“ (Лука 23,56).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела
Една од најголемите, ако не и најголема грешка и грев што го прават христијаните кои празнуваат недела е нивното тврдење дека саботата, како „еврејска“ установа, е укината и заменета со недела. Дека саботата не е еврејска, ние докажавме во претходните оддели. Друга...
Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!
Создавањето Христос го завршил в петок и истото го крунисал со саботен ден за одмор во кој се одморил. Адам и Ева, а преку нив и целото човештво, својот живот на оваа земја го почнале со сабота - со мир, со спокојство, со радост и среќа. И првата фаза од планот на...
Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела
Врз основа на што апостолите би ја прифатиле неделата, а би ја потиснале саботата, кога до последен миг не чуле ништо, апсолутно ништо од Христа за тоа? Тие, заедно со него, се одморале во саботата во текот на Христовата смрт - Христос во гробот, а тие „според...
Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението
Но, да нема забуна! Ние воопшто не го намалуваме, а уште помалку го потценуваме значењето на воскресението. Напротив, ние тврдиме дека нашето христијанство е празно и бесмислено, пусто и штуро и без никаква светла иднина, и „ние сме најбедни од сите луѓе ако нема...
Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?
„А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: ‘Мир вам!’“ (Јован 20,19). - Ете „силен“ библиски доказ за неделата, гласно извикнуваат нејзините...
Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата
Беше кажано дека никаде во Библијата саботните прерогативи, како што се: „свет ден“, „благословен ден“, „света сабота“, „Господова сабота“, „моја сабота“, „мој свет ден“ и „Господов ден“ - не ѝ се припишуваат на неделата. Сите овие атрибути биле и остануваат...
Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал
Уште нешто, многу значајно! Кога Христос навистина би ја укинал саботата со своето воскресение и на нејзино место би ја издигнал неделата како христијански празник, тоа би била огромна промена во библиската наука што Тој најверојатно на некој начин би ја најавил. Еве...
Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела
Во потрага по „силни“ библиски докази за да ја оправдаат неделата со којашто во текот на историјата ја замениле „Господовата сабота“ (3. Мојсеева 23,2), христијанските теолози посегаат по текстови од Библијата врз кои вршат своевиден терор, присилувајќи ги да им кажат...
Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?
Еден од „најсилните“ аргументи и библиски докази дека саботата е заменета со недела е фактот што Светиот Дух се излеал врз апостолите кои биле собрани в недела! Така тврдат христијаните, меѓу нив, за жал, и протестантите кои празнуваат недела. Тоа е нивно главно...
Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?
Христос се вознел во четврток, а Светиот Дух врз апостолите го излеал десет дена подоцна, откако се вознел на небото (Дела 1,3-11). Меѓу Христовото вознесение и излевањето на Светиот Дух постои една празна, прескокната недела. Зошто? Зошто апостолите не се собрале...
Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела
Коринќаните 16,2: „Во секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себе колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.“ - Еве, и од овој стих христијаните се обидуваат да ја исцицаат неделата како ден за празнување, иако е очигледно дека тој...
Саботата и ерусалимскиот собор
Овој прв христијански собор, на кој требало да се разрешат некои тешки проблеми во кои западнала младата христијанска црква и на кој присуствувале и апостолите, нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, го користат како аргумент во полза на неделата, велејќи...
Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.
Секогаш кога разговараме за Божјиот закон со нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тие ни ги цитираат двата посочени текста од Новиот завет. Колошаните 2,14-16: „И бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас, Тој ја отстрани...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.