Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.
Секогаш кога разговараме за Божјиот закон со нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тие ни ги цитираат двата посочени текста од Новиот завет.
Колошаните 2,14-16: „И бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас, Тој ја отстрани кога ја прикова на крстот… Затоа никој да не ве осудува за храна или пијалак, за некаков празник или за млада месечина, или за саботите – нешта кои се само сенка на она што ќе дојде, а суштината е Христос.“
Често наместо „саботи“, во множина, како што треба, ние во овие стихови читаме „сабота“, во еднина, што е груба, намерна или ненамерна грешка на преведувачите. Апостол Павле знаел да прави и тој правел разлика меѓу еднина и множина и преведувачите не треба него да го коригираат. Овде тој ни напишал „саботи“, во множина, и така треба да читаме, како што напишал апостолот, а не како што превеле преведувачите. Преведувачите овде ставаат „сабота“, во еднина, за да докажат дека тука станува збор за редовната седмична „сабота“ и дека неа божем Христос ја укинал на крстот заедно со другите одредби, што не е вистина.
Но, да ги оставиме преводите и преведувачите настрана и последниот суд во врска со тоа да му го препуштиме на Бога, а ние да се сосредоточиме на текстот што е предмет на наше разгледување.
Тврдењето дека законот, заповедите и саботата Христос ги укинал, ги приковал на крстот кога умрел, не е точно. Тоа би значело дека Христос му дава одврзани раце на беззаконието.
Во овој текст не станува збор за Божјите заповеди, туку за одредбите. Што се тоа одредби? Одредби се нарекуваат прописите на обредниот или церемонијалниот закон со кои се регулира системот на принесување на жртви, службата на свештениците во храмот, како и обредите за празнување на годишните празници: Пасха, празникот Пресни лебови, празникот Сеници, Денот на чистење и другите.
Факт е дека во Стариот завет, покрај седмичната сабота, постоеле и други, годишни празници или годишни обредни саботи. Мојсеј дава список на тие годишни празници во 3. Мојсеева 23,1-44.
За разлика од редовната седмична сабота како седми ден во седмицата, како редовен Божји ден за одмор, годишните празници биле подвижни празници и секоја година се совпаѓале со друг ден во седмицата, зашто биле врзани за датуми, а се празнувале повеќе денови. При секој од овие празници, првиот и последниот ден е празнуван како што се празнува „сабота“ како седми ден, и затоа и овие празници се наречени „саботи“. Нивното празнување е одредено со обредниот закон, зашто се негов дел, и се обредни „саботи“, додека саботата како седмичен празник е воспоставена при создавањето на светот и е потврдена со четвртата заповед и таа не е поврзана со обредните „саботи“ кои се дадени во друго време, на друг начин, во други околности и за друга цел.
Еве пример: „Тоа нека ви биде сабота на починка; смирете ги вашите души. Вечерта на деветтиот ден на месецот – од вечер до вечер – празнувајте ја вашата сабота.“ „Нека ви биде тоа саботна починка, за да ги успокоите вашите души“ (3. Мојсеева 23,32; 16,31). – Овде станува збор, не за редовната седмична сабота, туку за еден од седумте годишни празници, за празникот „Ден на чистење“, и за време на тој празник, „деветтиот ден на (седмиот) месецот“ „нека ви биде сабота на починка“, и тој ден требало да се празнува како што се празнува и седмичната сабота. И бидејќи првиот и последниот ден од годишните празници имале саботен карактер, истите се нарекуваат „саботи“, годишни празнични „саботи“.
Уште нешто! Покрај седмичната сабота од Декалогот, и годишните празнични саботи, во Стариот завет постои уште една сабота: „Кога ќе влезете во земјата што ви ја давам, таа земја нека ја пази Господовата саботна починка. Шест години сеј ја твојата нива, шест години режи го твоето лозје и бери го неговиот плод. А седмата година и земјата нека ужива саботна починка, Господова сабота: не засевај ги твоите ниви, ниту режи го твоето лозје. Што ќе порасне само од себе на твојата нива, не жнеј го, ниту го бери грозјето од нережаната лозница. Тоа нека ѝ биде на земјата година на почивање“ (3. Мојсеева 25,1-7.20-22).
Тоа се тие „празници“, тоа се тие „саботи“ за кои зборува Павле во Колошаните 2,16, кои христијаните што празнуваат недела упорно ги заменуваат со „сабота“, во еднина – со седмичната сабота – за да докажат дека таа е прикована на крстот.
Според тоа, во Колошаните 2,16 станува збор за обредниот или за церемонијалниот закон кој имал привремен карактер; сите жртви, јадења и пиења (4. Мојсеева 28. и 29. глава), како и годишните „празници“, или годишните „саботи“, се составен дел на обредниот закон, исто така со привремен карактер; тие, заедно со животинските жртви, се директно поврзани со гревот и со неговото решавање; нивна задача била однапред да укажат на Христовата жртва на Голгота како генерално решение на проблемот на гревот; таа своја задача тие успешно ја завршиле кога Христос со својата смрт на крстот конечно го решил проблемот на гревот и тогаш чесно заминале во историјата на Стариот завет.
Обредните или празничните „саботи“ се само „сенка“ на нешто што ќе се случи во иднина, сенка која однапред најавувала дека на Голгота ќе блесне светлина пред која таа (сенката) ќе исчезне. Тоа го потврдува стих 17: „Нешта кои се само сенка на она што ќе дојде, а суштината е Христос.“ За разлика од нив, од празничните „саботи“ како сенка која исчезнала на Голгота, саботата, како редовен седмичен одмор од Декалогот, е спомен кој укажува на создавањето на нашиот свет за шест дена, а создавањето не е никаква сенка. Според тоа, создавањето, заедно со саботниот ден, како негов составен дел, остануваат за вечни времиња.
Сабота била сенка, тврдат христијаните кои празнуваат недела. Каква сенка, на што сенка? Со што е поврзана таа за да биде нечија или на нешто сенка. Ако таа била сенка на нешто, тогаш и другие заповеди се сенка на нешто? На што сенка? Сенка на Голгота? Не! Тврдат дека Исус ја прекршувал и ја укинал саботата? Воопшто не е јасно зошто Исус би ја укинал саботата. Која причина имал да ја укине? Има ли некаква логика во тоа тврдење? Христос дал сабота, дал заповед, којашто ја напишал заедно со сите Десет заповеди на камените плочи од Синај, а потоа ја гази, ја укинува! Зошто? Какво оправдание постои за тоа?
Кога Христос умрел на крстот, завесата што ги делела двете одделенија во храмот се искинала надве, од горе до долу, и со тоа е означен крајот на обредниот закон, крајот и на годишните или обредните „саботи“, а не крај на моралниот Закон или на Десетте заповеди.
Почитувани, ние мораме уште еднаш да го истакнеме фактот дека Бог прави разлика меѓу седмичната „сабота“ и годишните празнични „саботи“ и со тоа што му наредил на Мојсеја плочите со Божјите заповеди, на кои со Божји прст е напишана и саботата како ден за одмор, да ги стави во ковчегот на заветот внатре, а Мојсеевиот закон, во кој се напишани годишните празнични саботи, да го стави надвор, покрај ковчегот (5. Мојсеева 10,5; 31,25.26). Не смееме да ја превидиме оваа вистина!
Ефесците 2,14-16: „Зашто Тој е наш мир, кој од двете направи едно и го разруши преградниот ѕид, што ги делеше, и во своето тело го укина непријателството, односно законот со неговите заповеди и одредби и создавајќи мир, за во себе да создаде од двата еден нов човек, и обата во едно тело да ги измири со Бога преку крстот, со што во себе го уби непријателството.“
Очигледно е дека Христос го отстранил она што ги разделувало Евреите и многубошците, го „разруши преградниот ѕид – непријателството – што ги делеше“, а не Божјиот закон. Можеби мисли на ѕидот што го одделувал Светилиштето, или храмот, од тремот, кој бил предвиден за многубошците. Христос на крстот го отстранил тој преграден ѕид, ја премостил таа разделба меѓу едните и другите и од двата народа создал еден народ. Христос ги урива сите прегради и разделби меѓу сите народи и од сите нив создава еден народ. Тоа го сторил кога на крстот го укинал обредниот закон кој создавал разделба меѓу нив.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела
Една од најголемите, ако не и најголема грешка и грев што го прават христијаните кои празнуваат недела е нивното тврдење дека саботата, како „еврејска“ установа, е укината и заменета со недела. Дека саботата не е еврејска, ние докажавме во претходните оддели. Друга...
Зошто Исус не воскреснал во саботата?
Се поставува прашање: Зошто Христос не воскреснал во саботата? Можел да воскресне, зар не, но не воскреснал. Зошто? Затоа што сабота е ден за одмор. По напорната битка што ја биел за нашето спасение во Гетсиманија и на Голгота во петокот, којашто го истоштила до...
Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!
Создавањето Христос го завршил в петок и истото го крунисал со саботен ден за одмор во кој се одморил. Адам и Ева, а преку нив и целото човештво, својот живот на оваа земја го почнале со сабота - со мир, со спокојство, со радост и среќа. И првата фаза од планот на...
Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела
Врз основа на што апостолите би ја прифатиле неделата, а би ја потиснале саботата, кога до последен миг не чуле ништо, апсолутно ништо од Христа за тоа? Тие, заедно со него, се одморале во саботата во текот на Христовата смрт - Христос во гробот, а тие „според...
Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението
Но, да нема забуна! Ние воопшто не го намалуваме, а уште помалку го потценуваме значењето на воскресението. Напротив, ние тврдиме дека нашето христијанство е празно и бесмислено, пусто и штуро и без никаква светла иднина, и „ние сме најбедни од сите луѓе ако нема...
Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?
„А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: ‘Мир вам!’“ (Јован 20,19). - Ете „силен“ библиски доказ за неделата, гласно извикнуваат нејзините...
Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата
Беше кажано дека никаде во Библијата саботните прерогативи, како што се: „свет ден“, „благословен ден“, „света сабота“, „Господова сабота“, „моја сабота“, „мој свет ден“ и „Господов ден“ - не ѝ се припишуваат на неделата. Сите овие атрибути биле и остануваат...
Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал
Уште нешто, многу значајно! Кога Христос навистина би ја укинал саботата со своето воскресение и на нејзино место би ја издигнал неделата како христијански празник, тоа би била огромна промена во библиската наука што Тој најверојатно на некој начин би ја најавил. Еве...
Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела
Во потрага по „силни“ библиски докази за да ја оправдаат неделата со којашто во текот на историјата ја замениле „Господовата сабота“ (3. Мојсеева 23,2), христијанските теолози посегаат по текстови од Библијата врз кои вршат своевиден терор, присилувајќи ги да им кажат...
Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?
Еден од „најсилните“ аргументи и библиски докази дека саботата е заменета со недела е фактот што Светиот Дух се излеал врз апостолите кои биле собрани в недела! Така тврдат христијаните, меѓу нив, за жал, и протестантите кои празнуваат недела. Тоа е нивно главно...
Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?
Христос се вознел во четврток, а Светиот Дух врз апостолите го излеал десет дена подоцна, откако се вознел на небото (Дела 1,3-11). Меѓу Христовото вознесение и излевањето на Светиот Дух постои една празна, прескокната недела. Зошто? Зошто апостолите не се собрале...
Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела
Коринќаните 16,2: „Во секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себе колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.“ - Еве, и од овој стих христијаните се обидуваат да ја исцицаат неделата како ден за празнување, иако е очигледно дека тој...
Саботата и ерусалимскиот собор
Овој прв христијански собор, на кој требало да се разрешат некои тешки проблеми во кои западнала младата христијанска црква и на кој присуствувале и апостолите, нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, го користат како аргумент во полза на неделата, велејќи...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.