Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела
- Коринќаните 16,2: „Во секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себе колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.“ – Еве, и од овој стих христијаните се обидуваат да ја исцицаат неделата како ден за празнување, иако е очигледно дека тој кажува сосем нешто друго. Зар толку многу ни натежнале духовните очи, та не можеме исправно да го прочитаме овој текст? Христос му кажува на законикот: „Како читаш?“ (Лука 10,26). Зар од овој текст можеме да заклучиме дека првите христијани празнувале недела? Во никој случај!
Пред сè, апостол Павле овде не кажува дека христијаните во Коринт се собирале во недела на свето богослужение во црквата. Тој овде само им препорачува на христијаните „во секој прв ден од неделата“ да изделуваат финансискисредства како помош за нивните сиромашни браќа и сестри во Ерусалим, и додава: „за да не собирате кога ќе дојдам“, и ништо друго. Од стихот произлегува дека во недела се собирале финансиски средства, и тоа во домовите, а не се собирале верниците на богослужение.
Павле кажува: „кога ќе дојдам“, но не кажува кога и во кој ден ќе дојде. Тој можеби ќе ги посети не во недела, туку во некој друг ден од седмицата.
Еве сведоштво на еден поранешен Евреин, R. Craig, кој станал христијанин: „Роден сум и воспитан во еврејска вероисповед. Едно од правилата кон кое се придржувавме беше во сабота да не носиме пари дури ни кога одевме на богослужение во синагогата. Во недела кај нас доаѓаше службеник од синагогата да ги собере нашите дарови што беа подготвени и го чекаа него. Неодамна се осведочив дека, освен ортодоксните Евреи, малкумина има такви кои се запознати со оваа традиција. Секогаш сметав дека апостол Павле токму ова го имал на ум кога Коринќаните ги советувал во недела во своите домови да изделуваат дарови за сиромашните и за потребите на црквата.“6
Средбата во Троја (Дела 20,7-11): „А кога во првиот ден на седмицата се состанавме да раскршиме леб, Павле им држеше беседа, зашто утредента сакаше да замине… Во горната соба, каде се бевме собрале, имаше многу светилки… Потоа Павле раскрши леб и поткасна, и им зборуваше долго, сè до мугрите, кога отпатува.“
Факт е дека Апостол Павле имал вечера Господова со верниците во Троја. Јасно е како ден дека таа вечера Господова се одржала ноќе, зашто текстот кажува: „Во горната соба, каде се бевме собрале, имаше многу светилки“ – значи, била ноќ. Се поставува прашање која ноќ – дали ноќта меѓу неделата и понеделникот, или ноќта меѓу саботата и неделата? Ова прашање дава можност за две толкувања на текстот.
Прва варијанта: Овој обред е извршен ноќта меѓу неделата и понеделникот.
Зборовите „во првиот ден на седмицата се состанавме да раскршиме леб“ христијаните ги користат како натамошен „силен“ аргумент со кој докажуваат дека првите христијани се собирале во недела на богослужение и според тоа неделата ја зазела местото на саботата.
Но, внимателната анализа на посочениот текст не ни дава можност за таква претпоставка, а уште помалку таков аргумент и доказ. Прво, првите христијани кршеле леб секој ден во седмицата, а не само во недела (Дела 2,42.46). Второ: Оваа спомената средба била организирана бидејќи Павле се наоѓал во Троја и утредента рано планирал да замине од нивното место. Тие немале богослужение, туку проштална средба со апостол Павле. Затоа овде не може и да се помисли на празнување на неделата.
Понатаму, ако таа вечера Господова е одржана ноќта меѓу неделата и понеделникот, тогаш таа комплетно е одржана во понеделникот, а не во неделата, која веќе поминала. Зошто? Затоа што библиски денот почнува и завршува со заоѓање на сонцето – природни библиски граници на денот се од зајдисонце до зајдисонце. Тие библиски граници ги воспоставил Бог уште при создавањето на нашиот свет: „И би вечер и би утро ден прв… ден втор…“ (1. Мој. 1,5.8; види и: 3. Мојс. 23,32; Немија 13,19).
Втора, пологична варијанта: Таа вечера Господова е одржана ноќта меѓу саботата и неделата. Некои современи англиски преводи кажуваат „во сабота вечер“, кога завршил саботниот ден, зашто сабота е празнувана од петок вечер до сабота вечер, од зајдисонце до зајдисонце.
Очигледно е дека тој саботен ден апостол Павле го поминал со верниците во Троја кои го замолиле и таа ноќ да остане со нив и да им зборува. Единаесеттиот стих кажува: „Им зборуваше долго, сè до мугрите, кога отпатува.“
Павле не останал кај нив во неделата. Учениците се собрале да кршат леб (заедно да јадат) откако завршил саботниот ден, и тој им зборувал „сè до мугрите“ во неделата изутрина, а потоа презел долго патување од речиси 30 км, од Троја до Асос, каде што им се придружил на другите мисионери на брод. Истиот ден со бродот пристигнале во Митилин. Сè заедно Павле тој ден, таа недела, поминал пат долг околу 65 км (Дела 20,13.14).
Сериозно прашање: Ако навистина по воскресението неделата станала свет ден наместо саботата, дали апостол Павле ќе ја погазеше нејзината светост така што токму во тој ден, во недела, ќе поминеше пат долг 65 км? Во никој случај, зашто за саботата ние читаме за учениците: „Во саботата си починуваа според заповедта“ (Лука 23,56). Павле не си починал (не се одморил) во неделата, зашто таа не е свет ден како саботата, туку обичен работен ден како и другите денови.
Лука во книгата Дела на апостолите бележи дури 85 саботни богослуженија, а само еден стих за „првиот ден“ кој зборува за средбата на Павле со верниците во Троја, но, како што видовме, и тој стих не ја поддржува светоста на првиот ден, односно светоста на неделата.
Според тоа, неделата не станала новозаветен празник и ден за одмор наместо саботата која останува и понатаму во сила.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела
Една од најголемите, ако не и најголема грешка и грев што го прават христијаните кои празнуваат недела е нивното тврдење дека саботата, како „еврејска“ установа, е укината и заменета со недела. Дека саботата не е еврејска, ние докажавме во претходните оддели. Друга...
Зошто Исус не воскреснал во саботата?
Се поставува прашање: Зошто Христос не воскреснал во саботата? Можел да воскресне, зар не, но не воскреснал. Зошто? Затоа што сабота е ден за одмор. По напорната битка што ја биел за нашето спасение во Гетсиманија и на Голгота во петокот, којашто го истоштила до...
Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!
Создавањето Христос го завршил в петок и истото го крунисал со саботен ден за одмор во кој се одморил. Адам и Ева, а преку нив и целото човештво, својот живот на оваа земја го почнале со сабота - со мир, со спокојство, со радост и среќа. И првата фаза од планот на...
Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела
Врз основа на што апостолите би ја прифатиле неделата, а би ја потиснале саботата, кога до последен миг не чуле ништо, апсолутно ништо од Христа за тоа? Тие, заедно со него, се одморале во саботата во текот на Христовата смрт - Христос во гробот, а тие „според...
Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението
Но, да нема забуна! Ние воопшто не го намалуваме, а уште помалку го потценуваме значењето на воскресението. Напротив, ние тврдиме дека нашето христијанство е празно и бесмислено, пусто и штуро и без никаква светла иднина, и „ние сме најбедни од сите луѓе ако нема...
Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?
„А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: ‘Мир вам!’“ (Јован 20,19). - Ете „силен“ библиски доказ за неделата, гласно извикнуваат нејзините...
Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата
Беше кажано дека никаде во Библијата саботните прерогативи, како што се: „свет ден“, „благословен ден“, „света сабота“, „Господова сабота“, „моја сабота“, „мој свет ден“ и „Господов ден“ - не ѝ се припишуваат на неделата. Сите овие атрибути биле и остануваат...
Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал
Уште нешто, многу значајно! Кога Христос навистина би ја укинал саботата со своето воскресение и на нејзино место би ја издигнал неделата како христијански празник, тоа би била огромна промена во библиската наука што Тој најверојатно на некој начин би ја најавил. Еве...
Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела
Во потрага по „силни“ библиски докази за да ја оправдаат неделата со којашто во текот на историјата ја замениле „Господовата сабота“ (3. Мојсеева 23,2), христијанските теолози посегаат по текстови од Библијата врз кои вршат своевиден терор, присилувајќи ги да им кажат...
Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?
Еден од „најсилните“ аргументи и библиски докази дека саботата е заменета со недела е фактот што Светиот Дух се излеал врз апостолите кои биле собрани в недела! Така тврдат христијаните, меѓу нив, за жал, и протестантите кои празнуваат недела. Тоа е нивно главно...
Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?
Христос се вознел во четврток, а Светиот Дух врз апостолите го излеал десет дена подоцна, откако се вознел на небото (Дела 1,3-11). Меѓу Христовото вознесение и излевањето на Светиот Дух постои една празна, прескокната недела. Зошто? Зошто апостолите не се собрале...
Саботата и ерусалимскиот собор
Овој прв христијански собор, на кој требало да се разрешат некои тешки проблеми во кои западнала младата христијанска црква и на кој присуствувале и апостолите, нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, го користат како аргумент во полза на неделата, велејќи...
Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.
Секогаш кога разговараме за Божјиот закон со нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тие ни ги цитираат двата посочени текста од Новиот завет. Колошаните 2,14-16: „И бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас, Тој ја отстрани...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.