Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела
Една од најголемите, ако не и најголема грешка и грев што го прават христијаните кои празнуваат недела е нивното тврдење дека саботата, како „еврејска“ установа, е укината и заменета со недела. Дека саботата не е еврејска, ние докажавме во претходните оддели. Друга голема причина со која христијаните ја правдаат оваа замена на саботата со недела е Христовото воскресение во првиот ден на седмицата, па велат: Христос воскреснал во недела и тоа е доказ дека Тој ја укинал саботата, односно саботата ја заменил со недела. За тоа Лазар Милин ќе каже: „Воскресението Христово е настан кој има значење на круна на целокупното дело на спасението на човештвото од ропството на гревот, смртта и сатаната. Тој е ден на победата на правдата над неправдата, вистината над лагата, животот над смртта, благодатта над гревот, Христа над антихристот, Бога над сатаната. Тоа е ден на избавувањето на целокупниот човечки род од ропството на гревот, смртта и сатаната… Воскресението е радост! Тоа е ослободување на човекот од ропството на гревот, на смртта и на сатаната… ден кога Христос ги победи смртта и сатаната.“ „Во Светото писмо нема никаде формално-законска заповед да се празнува неделата… дека заповед за празнување на неделата не е потребна, бидејќи важноста на тој ден произлегува од самиот факт на воскрсението Христово и на неговото значење за спасението на човештвото, како и од потребата заедно со Христа да се радуваме на неговата победа и на спасението што ни го донесе со воскрсението.“1 Истата порака ни ја упатува и Прот. проф. Трајан Митревски.2 Огромна грешка на православието и на сите христијани кои празнуваат недела! Тврдењето дека воскресението е „круна на целокупното дело на спасението на човештвото од ропството на гревот, смртта и сатаната“, дека „тоа е ден на избавувањето на целокупниот човечки род од ропството на гревот, на смртта и сатаната“ и дека „тоа е ден кога Христос ги победи смртта и сатаната“ – да повториме, е огромна грешка и промашување на христијанството. Господа, смртта и сатаната Христос ги победи не во неделата изутрина кога воскресна, кога стана од мртвите, туку во петокот кога умре на крстот: „Тој (Христос) зеде учество во тоа, та со смртта го уништи оној кој ја има власта над смртта, односно ѓаволот, и да ги избави оние кои заради стравот од смртта, цел живот беа робови“ (Евреите 2,14.15). Кристално јасно, зар не? Смртта и сатаната Христос ги победи и ги уништи во петокот на Голгота, кога нè ослободи и нè откупи и од ропството на гревот и смртта. И, ако треба некој ден да се слави како спомен на Христовата победа над гревот, над смртта и сатаната, како спомен на нашиот откуп од гревот, тогаш тоа треба да биде петок, а не недела! Драги мои, воскресението во неделата изутрина никого не го исчистило од гревовите, ниту пак го ослободило од ропството на смртта како „плата за гревот“. Тоа го сторила Христовата крв пролеана на Голгота во петокот: „Христос умре за нашите гревови.“ „Крвта Христова ќе ја исчисти нашата совест од мртвите дела.“ „Кој нè љуби и кој нè ослободи (откупи) од нашите гревови со својата крв.“ „Крвта на неговиот Син Исус Христос нè исчистува од секој грев.“ „Кој се даде себеси за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот зол свет“ (1. Коринќаните 15,3; Евреите 9,14; Откровение 1,5; 1. Јованово 1,7; Галатите 1,4). Ако ги анализираме овие два дена – петокот и неделата – ќе видиме дека главната очајна битка со гревот и со сатаната за нашето спасение Христос ја водел на Голгота во петокот, каде што ја извојувал и славната победа над нив. Таа битка на Голгота била битка што нашиот Спасител можел да ја загуби, и тоа би било катастрофа не само за нашиот свет, туку и за целата вселена. Во петокот во Гетсиманија од Христовото чело се тркалале дробни капки крвава пот. Во петокот на Голгота Христос е обвиен со густ мрак и темнина и е изложен на најжестоки искушенија; таму Тој ја пие горчливата чаша и се моли: „Оче мој, Оче мој, зошто ме напушти!“ „Ако е можно, нека ме одмине оваа чаша да не ја пијам!“ Во неделата Христос немал никаква битка пред себе во која би учествувал и битка што би можел да ја загуби, ниту пак некакво искушение што тебало да го совлада. Корените и темелите на воскресението се поставени на Голгота каде што пукале и трештеле громови кои го гаѓале и го убиле Христа. Воскресението е готова работа, непорекливо, извојувано, неспорно, незапирливо, спонтано… Тоа за него не било проблематично, зашто се подразбирало само по себе, бидејќи истото било природен и логичен резултат на победите што Христос веќе ги извојувал над гревот, над смртта и сатаната во петокот. Во неделата не е извојувана никаква нова, ниту дополнителна ниту оригинална победа. Штом била извојувана славната победа над гревот и смртта на Голгота, воскресението никој немал право ниту пак можел да му го оспорува. „Зашто не можеше смртта да го задржи“ (Дела 2,24). А и сам Исус кажува за себе: „Јас ја давам својата душа (својот живот) за повторно да ја земам. Никој не ми ја одзема, туку јас ја давам сам од себе. Имам власт да ја дадам и имам власт да ја земам пак“ (Јован 10,17-18). Значи, Христос немал никаков проблем што би требало доплнително да го реши ниту пак некаква пречка што би требало да ја отстрани за да воскресне. Сатаната не можел да го задржи Исуса во гробот исто како и чеп од плута што не може да задржи ерупција на вулкан.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Зошто Исус не воскреснал во саботата?
Се поставува прашање: Зошто Христос не воскреснал во саботата? Можел да воскресне, зар не, но не воскреснал. Зошто? Затоа што сабота е ден за одмор. По напорната битка што ја биел за нашето спасение во Гетсиманија и на Голгота во петокот, којашто го истоштила до...
Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!
Создавањето Христос го завршил в петок и истото го крунисал со саботен ден за одмор во кој се одморил. Адам и Ева, а преку нив и целото човештво, својот живот на оваа земја го почнале со сабота - со мир, со спокојство, со радост и среќа. И првата фаза од планот на...
Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела
Врз основа на што апостолите би ја прифатиле неделата, а би ја потиснале саботата, кога до последен миг не чуле ништо, апсолутно ништо од Христа за тоа? Тие, заедно со него, се одморале во саботата во текот на Христовата смрт - Христос во гробот, а тие „според...
Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението
Но, да нема забуна! Ние воопшто не го намалуваме, а уште помалку го потценуваме значењето на воскресението. Напротив, ние тврдиме дека нашето христијанство е празно и бесмислено, пусто и штуро и без никаква светла иднина, и „ние сме најбедни од сите луѓе ако нема...
Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?
„А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: ‘Мир вам!’“ (Јован 20,19). - Ете „силен“ библиски доказ за неделата, гласно извикнуваат нејзините...
Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата
Беше кажано дека никаде во Библијата саботните прерогативи, како што се: „свет ден“, „благословен ден“, „света сабота“, „Господова сабота“, „моја сабота“, „мој свет ден“ и „Господов ден“ - не ѝ се припишуваат на неделата. Сите овие атрибути биле и остануваат...
Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал
Уште нешто, многу значајно! Кога Христос навистина би ја укинал саботата со своето воскресение и на нејзино место би ја издигнал неделата како христијански празник, тоа би била огромна промена во библиската наука што Тој најверојатно на некој начин би ја најавил. Еве...
Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела
Во потрага по „силни“ библиски докази за да ја оправдаат неделата со којашто во текот на историјата ја замениле „Господовата сабота“ (3. Мојсеева 23,2), христијанските теолози посегаат по текстови од Библијата врз кои вршат своевиден терор, присилувајќи ги да им кажат...
Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?
Еден од „најсилните“ аргументи и библиски докази дека саботата е заменета со недела е фактот што Светиот Дух се излеал врз апостолите кои биле собрани в недела! Така тврдат христијаните, меѓу нив, за жал, и протестантите кои празнуваат недела. Тоа е нивно главно...
Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?
Христос се вознел во четврток, а Светиот Дух врз апостолите го излеал десет дена подоцна, откако се вознел на небото (Дела 1,3-11). Меѓу Христовото вознесение и излевањето на Светиот Дух постои една празна, прескокната недела. Зошто? Зошто апостолите не се собрале...
Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела
Коринќаните 16,2: „Во секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себе колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.“ - Еве, и од овој стих христијаните се обидуваат да ја исцицаат неделата како ден за празнување, иако е очигледно дека тој...
Саботата и ерусалимскиот собор
Овој прв христијански собор, на кој требало да се разрешат некои тешки проблеми во кои западнала младата христијанска црква и на кој присуствувале и апостолите, нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, го користат како аргумент во полза на неделата, велејќи...
Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.
Секогаш кога разговараме за Божјиот закон со нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тие ни ги цитираат двата посочени текста од Новиот завет. Колошаните 2,14-16: „И бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас, Тој ја отстрани...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.