Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал
Уште нешто, многу значајно! Кога Христос навистина би ја укинал саботата со своето воскресение и на нејзино место би ја издигнал неделата како христијански празник, тоа би била огромна промена во библиската наука што Тој најверојатно на некој начин би ја најавил.
Еве два примера за две такви големи промени и новини што ги внел Христос во новозаветното верување – промени што најтранспарентно и на време ги најавил. Станува збор за библиското крштавање и за вечерата Господова. Тоа се две новозаветни категории кои имаат свои корења во Стариот завет – во обрезанието и во празникот Пасха.
За крштавањето Христос им дал јасна заповед на апостолите: „Одете и направете од сите народи мои ученици, крштавајќи ги во име на Отецот, Синот и Светиот Дух!“ „Кој ќе поверува и ќе биде крстен, ќе биде спасен“ (Матеј 28,19; Марко 16,16).
А за вечерата Господова читаме: „Господ Исус онаа ноќ, во која беше предаден, зеде леб, и откако заблагодари, го раскрши и рече: ‘Ова е моето тело, кое е за вас. Правете го ова за мој спомен!“ (1. Коринќаните 11,24)
Друга новозаветна новина е миењето на нозе за која имаме заповед од Христа: „Ако јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете вам, и вие сте должни да си ги миете нозете еден на друг, зашто јас ви дадов пример и вие да правите онака како што ви направив јас вам“ (Јован 13,14-15).
Почитувани, ако Христос ја укина саботата со своето воскресение, ќе ни дадеше заповед да празнуваме недела, како што ни даде заповед за вечерата Господова, за крштавањето и за миењето на нозе.
„Сосем сигурно знаеме, ќе каже господин Милин, дека заповед за празнување на неделата не е потребна, бидејќи важноста на тој ден произлегува од самиот факт на Христовото воскресение.“ Од посочените зборови на господин Милин произлегува дека неделата како христијански празник се подразбира сама по себе.3
Нема подразбирање само по себе. Во Божјата реч постои единствено она неприкосновено „Пишано е!“ За една таква евентуална есенцијална промена, замена на саботата со недела, Бог не би ни оставил простор и можност да нагаѓаме, да претпоставуваме и да подразбираме. Тој тоа би го регулирал со јасна заповед, како во случајот со крштавањето и со вечерата Господова.
Затоа што христијаните многу работи подразбираат на свој начин надвор од рамките на она „пишано е“, Божјата реч пуздер ја направиле и христијанството го контаминирале со неподносливо грди контаминенти и примеси и го спуштиле на најниско можно рамниште.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата...
Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела
Една од најголемите, ако не и најголема грешка и грев што го прават христијаните кои празнуваат недела е нивното тврдење дека саботата, како „еврејска“ установа, е укината и заменета со недела. Дека саботата не е еврејска, ние докажавме во претходните оддели. Друга...
Зошто Исус не воскреснал во саботата?
Се поставува прашање: Зошто Христос не воскреснал во саботата? Можел да воскресне, зар не, но не воскреснал. Зошто? Затоа што сабота е ден за одмор. По напорната битка што ја биел за нашето спасение во Гетсиманија и на Голгота во петокот, којашто го истоштила до...
Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!
Создавањето Христос го завршил в петок и истото го крунисал со саботен ден за одмор во кој се одморил. Адам и Ева, а преку нив и целото човештво, својот живот на оваа земја го почнале со сабота - со мир, со спокојство, со радост и среќа. И првата фаза од планот на...
Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела
Врз основа на што апостолите би ја прифатиле неделата, а би ја потиснале саботата, кога до последен миг не чуле ништо, апсолутно ништо од Христа за тоа? Тие, заедно со него, се одморале во саботата во текот на Христовата смрт - Христос во гробот, а тие „според...
Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението
Но, да нема забуна! Ние воопшто не го намалуваме, а уште помалку го потценуваме значењето на воскресението. Напротив, ние тврдиме дека нашето христијанство е празно и бесмислено, пусто и штуро и без никаква светла иднина, и „ние сме најбедни од сите луѓе ако нема...
Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?
„А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: ‘Мир вам!’“ (Јован 20,19). - Ете „силен“ библиски доказ за неделата, гласно извикнуваат нејзините...
Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата
Беше кажано дека никаде во Библијата саботните прерогативи, како што се: „свет ден“, „благословен ден“, „света сабота“, „Господова сабота“, „моја сабота“, „мој свет ден“ и „Господов ден“ - не ѝ се припишуваат на неделата. Сите овие атрибути биле и остануваат...
Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела
Во потрага по „силни“ библиски докази за да ја оправдаат неделата со којашто во текот на историјата ја замениле „Господовата сабота“ (3. Мојсеева 23,2), христијанските теолози посегаат по текстови од Библијата врз кои вршат своевиден терор, присилувајќи ги да им кажат...
Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?
Еден од „најсилните“ аргументи и библиски докази дека саботата е заменета со недела е фактот што Светиот Дух се излеал врз апостолите кои биле собрани в недела! Така тврдат христијаните, меѓу нив, за жал, и протестантите кои празнуваат недела. Тоа е нивно главно...
Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?
Христос се вознел во четврток, а Светиот Дух врз апостолите го излеал десет дена подоцна, откако се вознел на небото (Дела 1,3-11). Меѓу Христовото вознесение и излевањето на Светиот Дух постои една празна, прескокната недела. Зошто? Зошто апостолите не се собрале...
Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела
Коринќаните 16,2: „Во секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себе колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.“ - Еве, и од овој стих христијаните се обидуваат да ја исцицаат неделата како ден за празнување, иако е очигледно дека тој...
Саботата и ерусалимскиот собор
Овој прв христијански собор, на кој требало да се разрешат некои тешки проблеми во кои западнала младата христијанска црква и на кој присуствувале и апостолите, нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, го користат како аргумент во полза на неделата, велејќи...
Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.
Секогаш кога разговараме за Божјиот закон со нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тие ни ги цитираат двата посочени текста од Новиот завет. Колошаните 2,14-16: „И бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас, Тој ја отстрани...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.