Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

„А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: ‘Мир вам!’“ (Јован 20,19). – Ете „силен“ библиски доказ за неделата, гласно извикнуваат нејзините застапници и бранители. Во неделата, продолжуваат понатаму, кога Христос воскреснал, апостолите се собрале на свето богослужение да празнуваат недела и да го прославуваат Христовото воскресение. Христос им се јавил на учениците, а пред тоа и на жените, во неделата, кога воскреснал. Неколкупати во текот на тој ден Исус имал средба со своите следбеници, па според тоа, треба ли поголем доказ од овој дека Христос со своето воскресение неделата ја посветил како ден за одмор наместо старата „еврејска“ сабота, прашуваат нашите браќа христијани кои празнуваат недела.

Ве молам, почекајте малку! Не бидете премногу самоуверени. Стихот кажува дека учениците се собрале на куп во неделата и се заклучиле „поради страв од Евреите“, а не заради тоа да празнуваат недела. Уште помалку се собрале во неделата за да го празнуваат Христовото воскресение и во спомен на воскресението да ја воведат неделата како ден за одмор наместо саботата. Тоа што Исус им се јавил на Марија Магдалена и на другите жени во неделата изутрина кога воскреснал било потребно за да се види и да се потврди дека Тој воскреснал, да се објави неговото воскресение како гаранција за нашето воскресение, а не да се истакне неделата како ден за одмор.

Значи, овие „златни алки“ во синџирот на христијанските аргументи за неделата како празник се ’рѓосани, гнили и испокинати. Зошто? Затоа што учениците воопшто не знаеле, не очекувале ниту пак верувале дека Христос ќе воскресне. Па како можеле тогаш да ја празнуваат неделата? Ним никој не им кажал дека треба да празнуваат недела. Во петокот, откако го закопале Христа, „во саботата почиваа според законот“ – значи, и во саботата се собрале, како и во неделата, но во саботата Христос не им се јавил затоа што Тој не воскреснал во саботата (Лука 23,56). Според тоа, сè додека Христос не умрел, па и кога умрел, учениците знаеле само за саботата како ден за одмор. Ниту по Христовата смрт во петокот во нивниот ум воопшто не била зачната никаква мисла и идеја за замена на саботата со недела.

„А тие (учениците), кога чуја дека е жив и дека таа (Марија) го видела, не поверуваа. Потоа им се јави во друг лик, на двајца од нив, по патот, кога одеа надвор од градот. И тие отидоа и им јавија на другите, но и ним не им поверуваа. Најпосле им се јави и на единаесеттемина, додека седеа крај трпезата, и ги прекори заради нивното неверие и закоравеноста на срцата, бидејќи не им поверуваа на оние што го видоа воскреснат… Марија од Магдала, Јоана и Марија, мајката на Јакова, и други жени со нив, им го кажаа тоа (дека Христос воскреснал) на апостолите. А ним овие зборови им се чинеа невистина (други преводи: им изгледаа како празна шега, како лага) и не сакаа да им поверуваат“ (Марко 16,11-14; Лука 24,10.11). – И во овие текстови четири пати се кажува дека апостолите не поверувале оти Христос воскреснал, дека тие вести за неговото воскресение се „празна шега“ или „лага“, па апсурд е да се тврди дека тие во неделата се собрале да го слават воскресението и со тоа да празнуваат недела.

Во повеќе наврати Христос на учениците им зборувал за своите страдања, за својата смрт и за своето воскресение, но никаде, буквално никаде во Библијата нема никаква трага, никакво навестување за некаква светост на неделата како спомен на неговото воскресение, можност за замена на саботата со недела.

Осум дена подоцна Исус пак им се јавува на собраните ученици, овојпат заради Тома, кој не бил присутен при првата средба на учениците со својот воскреснат Господ (Јован 20,26). Не е кажано кој е тој ден. Ако е понеделник, тогаш учениците, освен во недела, се собирале и во другите денови на седмицата, што не е спорно. Ако, пак, тој ден бил недела, тогаш на неделата како недела во Библијата не ѝ се дава посебно значење, зашто таа овде не се именува дури ни со нејзиното вистинско име, како „прв ден“, ами како некојси осми ден.

Дека на неделата не ѝ се дава посебно значење се гледа и од други примери. Сам Христос неделата во која ќе воскресне не ја именува како „прв ден“, ами како „трет ден“: „Почна да ги учи дека Синот човечки треба многу да пострада, да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците, и да биде убиен и на третиот ден да воскресне“ (Марко 8,31).

Ако постоеше идеја кај Христа со своето воскресение да ја менува саботата со недела, во оваа пригода Тој веројатно ќе ја најавеше таа можност, ќе дадеше некаков сигнал, и наместо да каже „да воскресне на третиот ден“, или „по три дни“, на денот на воскресението, односно на неделата како недела ќе ѝ дадеше некакви препознатливи атрибути што би ја издигнале над саботата и над другите денови. Но од тоа нема ни трага затоа што за Христа важно беше да го истакне воскресението како воскресение, а не денот на воскресението.

Уште појасно и непорекливо е Исусовото сведоштво што им го даде на апостолите по своето воскресение, непосредно пред да се вознесе, кога им рече: „Напишано е дека Христос треба да настрада и да воскресне од мртвите на третиот ден“ (Лука 24,46).

Замислете, и по своето воскресение, кога конечно требаше неделата да ја прогласи за празник, за „славен ден на воскресението“ и за „Господов ден“, Христос не го стори тоа. За него неделата и по неговото воскресение остана само како „трет ден“ и ништо повеќе.

На ист начин, како и неговиот Учител, Христос, размислува и апостол Павле кога вели: „Христос умре за нашите гревови, според Писмата, беше погребан и воскресна на третиот ден, според Писмата“ (1. Коринќаните 15,3.4). Значи, и апостол Павле, триесетина години подоцна, го возвишува воскресението, а на денот на воскресението не му придава никаква важност. Уште повеќе, тој ден не го нарекува со неговото вистинско име како „прв ден“, туку го именува со „трет ден, според Писмата“. Според тоа, и за апостол Павле неделата не е „света недела“, туку обичен „трет ден“.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата не е заменета со недела“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Една од најголемите, ако не и најголема грешка и грев што го прават христијаните кои празнуваат недела е нивното тврдење дека саботата, како „еврејска“ установа, е укината и заменета со недела. Дека саботата не е еврејска, ние докажавме во претходните оддели. Друга...

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Се поставува прашање: Зошто Христос не воскреснал во саботата? Можел да воскресне, зар не, но не воскреснал. Зошто? Затоа што сабота е ден за одмор. По напорната битка што ја биел за нашето спасение во Гетсиманија и на Голгота во петокот, којашто го истоштила до...

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Создавањето Христос го завршил в петок и истото го крунисал со саботен ден за одмор во кој се одморил. Адам и Ева, а преку нив и целото човештво, својот живот на оваа земја го почнале со сабота - со мир, со спокојство, со радост и среќа. И првата фаза од планот на...

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Врз основа на што апостолите би ја прифатиле неделата, а би ја потиснале саботата, кога до последен миг не чуле ништо, апсолутно ништо од Христа за тоа? Тие, заедно со него, се одморале во саботата во текот на Христовата смрт - Христос во гробот, а тие „според...

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Но, да нема забуна! Ние воопшто не го намалуваме, а уште помалку го потценуваме значењето на воскресението. Напротив, ние тврдиме дека нашето христијанство е празно и бесмислено, пусто и штуро и без никаква светла иднина, и „ние сме најбедни од сите луѓе ако нема...

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Беше кажано дека никаде во Библијата саботните прерогативи, како што се: „свет ден“, „благословен ден“, „света сабота“, „Господова сабота“, „моја сабота“, „мој свет ден“ и „Господов ден“ - не ѝ се припишуваат на неделата. Сите овие атрибути биле и остануваат...

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Уште нешто, многу значајно! Кога Христос навистина би ја укинал саботата со своето воскресение и на нејзино место би ја издигнал неделата како христијански празник, тоа би била огромна промена во библиската наука што Тој најверојатно на некој начин би ја најавил. Еве...

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Во потрага по „силни“ библиски докази за да ја оправдаат неделата со којашто во текот на историјата ја замениле „Господовата сабота“ (3. Мојсеева 23,2), христијанските теолози посегаат по текстови од Библијата врз кои вршат своевиден терор, присилувајќи ги да им кажат...

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

  Еден од „најсилните“ аргументи и библиски докази дека саботата е заменета со недела е фактот што Светиот Дух се излеал врз апостолите кои биле собрани в недела! Така тврдат христијаните, меѓу нив, за жал, и протестантите кои празнуваат недела. Тоа е нивно главно...

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Христос се вознел во четврток, а Светиот Дух врз апостолите го излеал десет дена подоцна, откако се вознел на небото (Дела 1,3-11). Меѓу Христовото вознесение и излевањето на Светиот Дух постои една празна, прескокната недела. Зошто? Зошто апостолите не се собрале...

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Коринќаните 16,2: „Во секој прв ден од неделата, секој од вас нека оддели и остави при себе колку што може, за да не собирате кога ќе дојдам.“ - Еве, и од овој стих христијаните се обидуваат да ја исцицаат неделата како ден за празнување, иако е очигледно дека тој...

Саботата и ерусалимскиот собор

Овој прв христијански собор, на кој требало да се разрешат некои тешки проблеми во кои западнала младата христијанска црква и на кој присуствувале и апостолите, нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, го користат како аргумент во полза на неделата, велејќи...

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

Секогаш кога разговараме за Божјиот закон со нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тие ни ги цитираат двата посочени текста од Новиот завет.   Колошаните 2,14-16: „И бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас, Тој ја отстрани...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат