Расколот во традиционалната Црква во 1054 г. пукнал во сабота

Зошто во 1054 година настанал големиот раскол во традиционалната христијанска Црква и зошто таа се поделила на Источна Православна и Западна Латинска или Римокатоличка црква? Постојат повеќе причини кои го предизвикале расколот, меѓу кои најважни се: Целибатот! Свештениците во Католичката црква не стапуваат во брак, додека во Православната црква тие се женат. Настанале расправии околу употребата на животинска крв и месо од удавени животни. Исто така расправале дали за време на причеста, или евхаристијата, верниците треба да се причестуваат со бесквасен леб или со леб приготвен со квасец. Католичката црква своите верници ги причестува со бесквасен леб, а Православната со леб приготвен со квасец.

Се појавиле тешки теолошки проблеми, расправии и поделби во врска со прашањето на повластиците што произлегувале од првенството што го уживал римскиот бискуп, односно папа, над другите бискупи, чијшто примат кај него подгревал желба да се наметне како духовен наследник на св. Петар и видлива глава на Црквата или поглавар над целото христијанство. Значи, тешки расправии меѓу цариградскиот и римскиот бискуп околу првенството.

Во првите илјада години на христијанството се почитувал систем наречен „пентархија“ – систем од пет апостолски катедри, од кои римската била прва, а следат цариградската, александриската, антиохиската и ерусалимската.

Учењето за папско првенство своите корени ги наоѓа и во канонското предание на Црквата којашто ја следи административниот поредок на тогашната просторно огромна Римска империја. Римската патријаршија духовно ја покривала цела тогашна Западна Европа и добар дел од Северна Африка, и разбирливо е што во Црквата не можело да се случи ништо без знаење на папата. Според тоа, паганскиот Рим на папството му создал извонредно погодни просторни и временски услови и можности за непречен развој и успех во секој поглед. И затоа не е чудно што подоцна и папскиот Рим толку долго покажувал иста ароганција, грубост и суровост што ги наследил од својот претходник, кој со светот, како што е кажано, управувал со железна тупаница.

Кога Источната црква била загрозена од мухамеданците, римските епископи покажувале желба духовно под своја власт да ги стават остатоците од православните патријаршии на пентархијата, поаѓајќи од фактот дека Рим не е само духовен, туку и светски центар. Така настанала теоријата за папското првенство која особено теолошки е образложувана по големиот раскол од 1054 г.

Поделби настанале и во врска со прашањето наречено „Филиокве“ (латински filioque – и од Синот). Според римокатоличкото учење, Светиот Дух произлегува од Отецот и од Синот, а според учењето на Православната црква, Тој произлегува само од Отецот.

Не помалку значајно прашање било и прашањето за постот во сабота. Во тоа време Римската црква, на чело со римскиот бискуп, саботниот ден го прогласила за ден на пост. Источната црква, на чело со патријархот во Цариград, одбила саботата да ја прогласи за ден на пост. Напнатоста се засилувала, така што папата Лав IX (Leo IX) пратил во Цариград (Константинопол) своја делегација (легати) на чело со кардиналот Хумберт. Тие дошле во Цариград и се обиделе да разговараат со тогашниот цариградски патријарх Керулариј (Cerularius). Меѓутоа, разговорите не донеле никакво заедничко позитивно решение за спорните прашања.

Значи, историските податоци велат дека Источната и Западната црква, покрај другото, се судриле и околу прашањето дали треба и како треба да се празнува саботниот ден. За разлика од Западната, Источната црква тврдела дека саботата не треба да се обременува со пост. Според тоа, среде „ортодоксијата“, „правоверието“ или „православноста“, среде „ортодоксната“, „правоверната“ или Православната црква, сè до големиот раскол во 1054 година, и по него, постоела свест дека сабота е свет ден и се празнувала како свет ден, и заради тоа таа треба да биде растоварена од пост.

Материјалот од авторот Р. Л. Одон, што го приведуваме во продолжение, уверливо докажува дека римската упорност во сабота да се пости битно влијаела и придонела за расколот меѓу Источната и Западната христијанска црква во 1054 година:

Р. Л. Одон, Вашингтон, Д. Ц.: Уште на почетокот од христијанската ера настанала поделба меѓу црковните водачи од Рим и Константинопол (Цариград), јаз кој со вековите се зголемувал сè додека последната врска која ги држела заедно во христијанско братство не пукнала во летото 1054 год.

Едно од главните прашања, вклучено во таа контроверза, било прашањето на постот во сабота, во седмиот ден на седмицата. Во 1053 година несогласувањето во врска со ова прашање станало очигледно и веќе се изразувало со груби зборови. Во таа година, митрополитот Лав, Архиепископ Охридски (Achrida, Okhrida), и патријархот Михаел Керулариј од Константинопол, напишале отворено писмо до епископот Јован на црквата во Трана, Ампулија (јужна Италија).

Во оваа борба таа црква била на страна на Грците. Пораката, напишана на грчки, била упатена до „Вашето височество (епископ Јован) и преку вас до целото свештенство, до калуѓерите и верниците и до пречесниот папа.“1 Тоа бил остар протест против римската практика саботата да ја претвора во ден на пост. Во писмото се протестирало и поради употребата на бесквасен леб при обредот причест и целибатот на свештениците, како и против користењето на животинска крв и месо од задавени или задушени животни за храна итн.

Кардиналот Хумберт, бискуп на Кандида Силва, добил копија од тоа писмо и на рака му предал латински превод на бискупот на Рим, Лав IX (1049-1054).

Од прилика во исто време Никита Статис (кого Латините го викале Пекторатус), учен калуѓер и презвитер на манастирот Студион во Константинопол, ја издал својата „Книшка против Латините“ (Libellus Contra Latinos) во која ги напаѓа тие практики на Римската црква.2

Тој ја обвинил таа Црква дека ја прекршува наредбата од т.н. „Апостолски закон“ против постот во сабота и дека ги прекршува каноните од рзлични црковни собори кои ја забрануваат таа практика. Понатаму, тој изјавил дека римското свештенство нема овластувања ниту од Светото писмо ниту од апостолската традиција саботата да ја претвора во ден за пост. Неговата расправа, раширена надалеку и нашироко, била одобрена од патријархот во Константинопол.

Во меѓувреме, патријархот на Константинопол ги затворил сите цркви во тој град кои практикувале некоја од наведените грешки на Латините.

Кон крајот на 1053 година Лав IX напишал долго писмо од 41 глава, кое го упатил до патријархот Михаел Керулариј и Архиепископот Охридски Лав, во кое докажува дека тој е наследник на апостол Петар, дека нему му е дадена врховна власт над сета вселенска Црква и дека неговиот збор е закон за верниците што треба да го почитуваат.3 Тој не посочил

ниту еден друг доказ во одбрана на своите постапки. Кардиналот Хумберт, миленик на римскиот бискуп, напишал Responsio (одговор) на нападот од Никита.4

На почетокот од 1054 година Лав IX испратил папска делегација во Константинопол за да ги потврди барањата на папата. Таа делегација се состоела од кардиналот Хумберт, ѓаконот и ректор на Римската црква, Фредерик, и надбискупот од Амалфи, Петар. Преку овие пратеници (легати) Лав IX пратил и едно долго, остро, горделиво и заповедничко писмо5 до грчкиот патријарх Михаел Керулариј во кое ги повторил своите барања римскиот понтиф и неговиот глас да бидат признати како врховен авторитет во вселенската црква. На ист начин тој пратил писмо6 и до стариот грчки  император Константин Мономах, во кое употребил умерен и љубезен јазик, со надеж дека ќе добие симпатија и поддршка од него.

Папските пратеници пристигнале во Константинопол пред смртта на Лав IX во април 1054 година. Папската столица останала празна една година потоа, сè додека не била пополнета со изборот на Виктор II за понтифекс во април 1055 год. Меѓутоа, пред да тргне од Рим во Константинопол, папскиот нунциј добил подробни упатства како треба да постапат во случај нивната мисија да не успее или да пропадне. Значи, тие не требало да чекаат до изборот на новиот папа за да преземат дејствие.

По нивното пристигнување во Константинопол, пратениците од Рим разговарале и со патријархот и со царот, и секому од нив му го предале неговото писмо од римскиот папа. Грчкиот патријарх, Керулариј, бил навреден и налутен од писмото што му го напишал Лав IX. Уште повеќе бил навреден од односот на Хумберт кон него.

На 24 јуни 1054 г., Хумберт и неговите двајца помошници продолжиле кон манастирот Студион и таму јавно се расправале со Никита Статис во присуство на царот, неговите дворјани и други лица од висок ранг во државните и црковните

работи.7

Потоа тие времето го поминале во градот без да постигнат нешто значајно. Патријархот одбил повторно да разговара со нив, чувствувајќи се навреден и сметајќи дека таквата посета би била бесполезна.

Конечно, кога увиделе дека нивната мисија да ги подведат источните цркви во потчинетост на римскиот бискуп пропаднала, папските пратеници извеле драматично дејствие кое го предизвикало големиот раскол. Пристапувајќи во црквата Св. Софија на 16 јули (xvii Kal. Augusti), наутро тој саботен ден (jam hora tertia diei Sabbato), околу девет часот, кога почнувале подготовките за верските служби таа сабота, римските емисари огорчено го осудиле грчкиот патријарх и сите што застанале на негова страна.8 Откако го искажале своето, тие бргу го положиле на главниот олтар ватиканскиот указ за исклучување на источните цркви и нивното свештенство и излегле, истресувајќи го и правот од своите нозе. Вознемирените ѓакони на црквата, како што е известено, бргу го грабнале документот и го исфрлиле надвор, на тротоарот, каде што мноштвото го искинало на парчиња. Михаел Керулариј добил копија од истиот указ, кој подоцна го цитирал во еден документ којшто зборувал за целиот тој настан.9

Папските пратеници, кои набргу потоа тргнале кон Рим, биле престигнати од царските курири и присилени да се вратат. Тој последен обид на царот да издејствува помирување на двата главни дела на христијанството бил неуспешен, и Хумберт и неговата дружба наскоро биле повторно на пат кон Рим.

Потоа, во писмото упатено до патријархот на црквата во Антиохија, Михаел Керулариј го известил за последните случувања во Константинопол и објаснил зошто одбил да се покори на барањата на папските пратеници и да се потчини на диктатите од римскиот бискуп. Што се однесува до почитувањето на саботата, тој рекол: „Нам ни е заповедано да ја почитуваме саботата исто како и Господовиот ден (неделата) и да не работиме во тој ден.“10

Кон крајот на единаесеттиот век строгоста на римската хиерархија во врска со постот во сабота почнала да попушта, а во меѓувреме идејата дека седмиот ден од седмицата треба да ѝ биде посветен на Богородица станувала сè повеќе популарна.11

Постењето во сабота меѓу римокатолиците главно престанало и многу мал број од нив денес го посветуваат овој ден за служба на Исусовата мајка, Марија.

Грчките цркви, иако официјално не се откажале од почитувањето на саботата, во толкава мера го занемариле седмиот ден, што тој престанал да биде ден за одмор и богослужение меѓу нив, како што бил некогаш. – (Овде завршува материјалот на R. L. Odon, “The Sabbath in A.D. 1054” AUSS 1, 1963.,  стр. 74-80).

Во врска со ова прашање приведуваме и кус коментар на  C. S. Mosna кој добро забележува:

„Во седмичните богослужби Рим се разликувал од сите источни заедници, како и од многу на Запад, а бил малку поблизу до Александрија. Прво, петок и сабота не биле богослужбени денови кога се слави евхаристија (вечера Господова). Додека во сите цркви на христијанскиот свет во сабота бил обичај да се слави евхаристија, црквите во Александрија и Рим одбиле да постапуваат така. Понатаму, додека ниту една црква на Исток, во Милано и во Африка, од почит кон саботата не постела во тој ден, во Рим и Шпанија, наполно спротивно, тој ден бил одреден за пост.“12

Тој исто така смета дека Рим влијаел врз исчезнувањето на почитувањето на саботата: „Можеби овој пример на Рим (кој никогаш немал некој посебен обред во сабота) дејствувал и бил мошне влијателен“13

Оттаму и заклучокот и вистината дека неделата е римска, папска, а не Божја установа.

Како што видовме, една од причините за расцепот во 1054 г., кој пукнал во сабота, за време на утринското саботно богослужение во црквата Света Софија во Цариград, била и саботата. Католичката црква настојувала сосила да ѝ наметне на Православната црква пост во сабота, што не било прифатливо за црквите на Исток.

Беше нагласено дека по големиот раскол меѓу Исток и Запад во 1054 година, цариградскиот патријарх, Михаел Керулариј, му пишувал на патријархот на Антиохија за да му објасни што се случило за време на расцепот, објаснувајќи ги причините за неговата непокорност кон Рим. Православен патријарх на православен патријарх му пишува писмо во кое за почитувањето на саботата кажува: „Нам ни е заповедано да ја почитуваме саботата исто како и Господовиот ден (неделата) и да не работиме во тој ден.“ Според тоа, патријархот Керулариј и христијаните во неговата патријаршија во 11 век празнувале и сабота и недела.

Подоцна кардиналот Хумберт, кој ја предводел римската страна во дискусијата со Керулариј, напишал расправа со наслов: „ Adversus Caluminias Graecorum” (Against the Calumnities of the Greeks )во која, меѓу многу други теми, го спомнува и прашањето за празнување на саботата во источните цркви. 14

Дури и многу подоцна, за време на Цариградскиот собор, каде што биле присутни сите четири патријарси од Исток, на агендата била присутна и старата тема за пост во сабота, за клечење во црквата во сабота и во недела.15

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Саботата и големиот раскол од 1054 г.“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат