Сите големи светски религии го очекуваат Месија
Земете го ова како пример. Поголемиот дел од христијанството верува во второ Христово доаѓање. Еврејскиот народ уште од искон го чека својот Месија. Муслиманите се насочени кон верување дека имамот Махди во ова време повторно ќе дојде. Хиндусите веруваат дека настапило време за петта реинкарнација на Буда, додека приврзаниците на Њу ејџ очекуваат да се појави господ Маитреја, не историскиот, туку космички Христос, кој е збир (синтеза) на спасителите на сите религиски надежи и копнежи.
Пријателе, светот е зрел за најголемата, крунска измама на сатаната. Со помош на масмедиумите, литературата, јавното образование, спиритистичките појави, паранормалното, филмовите, музиката, грижата за животната средина и со многубројните пагански насочени активности, сатаната луѓето ги води кон состојба погодна за својата врвна измама.
Знаејќи дека останало уште малку драгоцено време во историјата на овој свет, тој забрзано ги отстранува сите пречки што му стојат на патот за да ја постигне својата цел: цела една генерација на човечкиот род да држи во тешка заблуда и измама, контролирајќи го нејзиниот ум со помош на окултните спиритистички науки.
Спиритизмот во сите свои многубројни облици отворено и лукаво сè уште е најзаводливо и најизмамливо оружје на сатаната за уништување на човечкиот род. Со тоа ја прелагал Ева, а и денес на ист начин заведува и ќе упропасти милиони луѓе.
Видовме како Библијата предупредува против последната голема сатанска измама. Насекаде околу себе гледаме докази за модерниот спиритизам и за подготвеноста на овој свет да го прифати лажниот христос кој наскоро сигурно ќе се појави.
Сепак, едно е сигурно: на сатаната нема да му биде дозволено буквално да го прикаже второто славно Христово доаѓање онака како што е прикажано во Библијата. Светото писмо е единствена сигурна заштита од сите видови измама. Тоа ќе ни помогне да правиме разлика меѓу вистинскиот Христос и лажните христоси и меѓу вистинското второ Христово доаѓање и имитациите што ќе ги прават сатаната и неговите демони во врска со тоа.
Постои огромна разлика меѓу библиското славно Христово доаѓање и бледите минијатурни сатански имитации на лажните христоси. Божјата реч учи дека второто Христово доаѓање ќе биде привлечно за окото и видливо за цел свет, за што, како што најавивме, опширно ќе стане збор при крајот на книгава.
Божјите верници ќе го препознаат својот вистински Откупител и ќе извикнат, кога ќе го видат на славните небесни облаци: „Ете, овој е нашиот Бог, во него се надевавме, Тој ќе нè спаси“ (Исаија 25,9).
Овој врвен вселенски настан, скорашното второ Христово доаѓање на оваа земја, ќе биде спектакуларна, сесветска сцена со космички димензии, која луѓето никогаш не ја доживеале. Ниту еден човечки ум не може сега да ја сфати, ниту кое и да е човечко перо да ја опише. Но иако сатаната не ќе биде во состојба да го прикаже начинот и величеството на возвишеното второ Христово доаѓање, тој ќе успее да измами милиони христијани, но и нехристијани, затоа што не се библиски упатени да прават разлика меѓу вистината и лагата.
Тоа е причината поради која Исус ги предупредил своите следбеници: „Тогаш, ако некој ви рече: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму е’ – не верувајте… И така, ако ви речат: ‘Ене го во пустината!’ – не излегувајте! ‘Ене го во една од внатрешните соби!’ – не верувајте’“ (Матеј 24,23.26).
Бидејќи влегуваме во последното време од историјата на овој свет, најсесрдно да се молиме Светиот Дух да го исполни нашиот живот, да се молиме за духовна мудрост, и да се облечеме во сето Божје оружје, „зашто нашата борба не е против крв и месо, туку против управителите, против властите, против световните мрачни сили на овој свет, против духовните сили на злото под небесата“ (Ефесците 6,12).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Последна и најголема измама на спиритизмот „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПОСЛЕДНА И НАЈГОЛЕМА ИЗМАМА НА СПИРИТИЗМОТ
Да се потсетиме! Според учењето на Њу ејџ, ние сега влегуваме во „нова, седма астролошка епоха, наречена „Аквариус“ или „Водолеец“ - која ќе трае следните 2000 години. Наводно, таа ќе биде обележана со духовна просветеност, со братство, мир, хармонија и со сеопшта...
Можно сценарио
Пророштвото кажува дека сатаната во последните денови ќе прави многу чудеса, така што дури „и оган ќе фрла од небото на земјата“ (Откровение 13,13). Според тоа, можеме да претпоставиме дека тој, со подигнати раце наредува од небото да паднат големи блескотни огнени...
Космички Христос
Теологијата на Њу ејџ го чека Христа или Маитреја да се врати како „светски водач“ и како „светски учител“ кој управува со судбината на големите религии за да му помогне на човештвото при преродбата за време на земниот милениум. Но тој Христос од Њу ејџ не е...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.