ПОСЛЕДНА И НАЈГОЛЕМА ИЗМАМА НА СПИРИТИЗМОТ
Да се потсетиме! Според учењето на Њу ејџ, ние сега влегуваме во „нова, седма астролошка епоха, наречена „Аквариус“ или „Водолеец“ – која ќе трае следните 2000 години. Наводно, таа ќе биде обележана со духовна просветеност, со братство, мир, хармонија и со сеопшта љубов. Се смета дека седмата астролошка епоха го опфаќа зенитот од развојот на човештвото. Поради тоа, таа е исклучителна, посебна. На нејзиниот почеток ќе се појави нов „христос“ кој ќе го обележи почетокот на новата епоха и кој ќе го обедини цел свет во една светска религија. Сите очекуваат царство на мир за следните илјада години, Христово илјадагодишно царство на земјата. Христос се очекува како светски лидер во своето царство на мир.
Ете, таква е замислата на спиритистичкото астролошко движење Њу ејџ за спиритистичкиот скелет на новата астролошка епоха во која навлегуваме. Темелот на оваа идеја го поставил сатаната и тој ќе ја спроведе таа своја замисла така што самиот наскоро ќе се појави пред светот како лажен Христос и неговите демони како лажни христоси насекаде низ светот за да ги прелажат сите кои не се упатени, кои немаат вистински, библиски сознанија за сето ова.
Библијата многу зборува за второто Христово доаѓање коешто речиси е пред врата. Таа го опишува и начинот на кој Христос ќе дојде и целта зошто Тој пак ќе дојде. На нејзините свети страници читаме: „Зашто, како молњата што излегува од исток и свети до запад, такво ќе биде и доаѓањето на Синот човечки“ (Матеј 24,27). Исус ќе дојде „на небесните облаци, со сила и со голема слава“ (Матеј 24,30). „И ќе го види секое око“ (Откровение 1,7).
Ѓаволот и неговите демони го знаат сето ова и не само што ќе се обидат, туку навистина ќе го имитираат неговото доаѓање, на кое ние му посветуваме посебно внимание при крајот од книгава во насловот „Второто Христово доаѓање“ со сите библиски подробности поврзани со него.
Читајќи и размислувајќи за она што ќе се случи непосредно пред второто Христово доаѓање и за преткажаниот обид на сатаната да ги прелаже луѓето прикажувајќи се себеси како Христос, ќе се обидеме да прикажеме можно сценарио.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Последна и најголема измама на спиритизмот „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
Можно сценарио
Пророштвото кажува дека сатаната во последните денови ќе прави многу чудеса, така што дури „и оган ќе фрла од небото на земјата“ (Откровение 13,13). Според тоа, можеме да претпоставиме дека тој, со подигнати раце наредува од небото да паднат големи блескотни огнени...
Сите големи светски религии го очекуваат Месија
Земете го ова како пример. Поголемиот дел од христијанството верува во второ Христово доаѓање. Еврејскиот народ уште од искон го чека својот Месија. Муслиманите се насочени кон верување дека имамот Махди во ова време повторно ќе дојде. Хиндусите веруваат дека...
Космички Христос
Теологијата на Њу ејџ го чека Христа или Маитреја да се врати како „светски водач“ и како „светски учител“ кој управува со судбината на големите религии за да му помогне на човештвото при преродбата за време на земниот милениум. Но тој Христос од Њу ејџ не е...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.