Можно сценарио
Пророштвото кажува дека сатаната во последните денови ќе прави многу чудеса, така што дури „и оган ќе фрла од небото на земјата“ (Откровение 13,13). Според тоа, можеме да претпоставиме дека тој, со подигнати раце наредува од небото да паднат големи блескотни огнени топки кои експлодираат со огромна сила. Малку подоцна, над тој метеж се слуша неговиот милозвучен глас:
„Мир, сакани! Не плашете се. Јас сум вашиот добротвор. Јас сум Месија. Јас сум Христос. Јас сум Кришна. Јас сум Буда. Јас сум имамот Махди. Јас сум Господ Маитреја. Јас сум вечно Живиот. Јас сум искрата на секоја трансцендентална медитација. Ја сфаќам вашата желба да донесам вечен мир и универзална љубов на вашата планета, да го искоренам сиромаштвото на земјата, да воспоставам глобално братство и духовно единство со мајката Земја, Геа, и да создадам една религија на светот.“
Сите главни светски мрежи (ABC, CBS, NBC, SNN) известуваат дека месија го видело огромно мноштво луѓе во Рим, Калкута, Пекинг, Мексико Сити, во Најроби…
Значи, во завршниот чин на големата измама лично сатаната ќе се прикаже како Христос. Големиот измамник ќе создаде впечаток дека Христос веќе дошол. Во разни краишта на светот сатаната ќе се појави меѓу луѓето како величествено суштество со блескотен сјај, кое ќе биде слично на описот на Божјиот Син во Јовановото Откровение 1,13-15. Славата што ќе го опкружува ќе надмине сè што кога и да е видело смртно човечко око. Низ воздухот ќе се разнесува триумф на победа: „Христос дошол, Христос дошол!“ Народот ќе паѓа ничкум пред него обожавајќи го; тој ќе ги подигне рацете и ќе ги благослови како Христос што ги благословувал своите ученици кога живеел на земјата. Неговиот глас ќе биде мек и придушен, но мелодичен. Со благ и чувствителен тон ќе изнесува некои прекрасни небесни вистини што ги изнесувал Спасителот. Ќе тврди дека е Христос, дека саботата тој ја заменил со недела како свет ден што треба да ја празнуваат сите, а оние што празнуваат сабота го обесчестуваат неговото име.
Огромен број луѓе се тискаат по тротоарите и улиците за да пристапат поблизу и да го допрат ова натприродно суштество, кое има моќ да лекува болни, дури и оние што се на претсмртна постела, вклучувајќи ги и заболените од сида и од секоја друга болест. Луѓето стојат со стравопочит пред ова величествено суштество кое најпосле донело надеж и исцелување за светот кој се наоѓал на пат кон самоуништување. Ова ќе биде силна, речиси непреодолива измама што ќе ја прифатат мнозина.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Последна и најголема измама на спиритизмот „Нова Епоха“ (New Аge)“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПОСЛЕДНА И НАЈГОЛЕМА ИЗМАМА НА СПИРИТИЗМОТ
Да се потсетиме! Според учењето на Њу ејџ, ние сега влегуваме во „нова, седма астролошка епоха, наречена „Аквариус“ или „Водолеец“ - која ќе трае следните 2000 години. Наводно, таа ќе биде обележана со духовна просветеност, со братство, мир, хармонија и со сеопшта...
Сите големи светски религии го очекуваат Месија
Земете го ова како пример. Поголемиот дел од христијанството верува во второ Христово доаѓање. Еврејскиот народ уште од искон го чека својот Месија. Муслиманите се насочени кон верување дека имамот Махди во ова време повторно ќе дојде. Хиндусите веруваат дека...
Космички Христос
Теологијата на Њу ејџ го чека Христа или Маитреја да се врати како „светски водач“ и како „светски учител“ кој управува со судбината на големите религии за да му помогне на човештвото при преродбата за време на земниот милениум. Но тој Христос од Њу ејџ не е...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.