За папската непогрешност
Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на папата гласноговорникот на Католичката црква, отецот Бонавентура Хинвуд, ја потврдува на следниот начин: „Очигледно е дека Црквата не може да погреши кога го исполнува ова божествено откровение . Но, ако папата е центар и гаранција на единството (на Католичката црква), и ако тој ужива полн авторитет во областа на верата и моралот, тогаш ни тој не може да ја одведе Црквата да погреши во прашањата за божественото откровение … Постои само едно единствено тело кое носи врховен апостолски авторитет во Црквата, а тоа е Колеџот на бискупите во заедница со неговиот поглавар, папата. Според тоа, секогаш кога папата во целост ќе го искористи своето право како видлив поглавар на Црквата, тој настапува како поглавар на Апостолскиот колеџ. Затоа, кога папата го користи својот авторитет поврзан со врховното учење, Ватикан I инсистира тој да биде заштитен од грешка од истата непогрешност којашто Христос ѝ ја завештал на својата Црква. Кардиналите го бираат новиот папа. Кога новиот папа ќе ја прифати таа одлука, тој непосредно од Христа ја прима сета сила која е неопходна за извршување на папската служба. Тоа ја опфаќа и харизмата на непогрешност.“30 Папата е непогрешен кога објавува некоја догма, декрет или некој друг документ, како службен став (екс катедра) на Католичката црква. Значи, сè што ќе објави папата како екс катедра, тоа е непогрешно и истото верниците го прифаќаат без приговор и поговор. Меѓутоа, атрибутот или прерогативот „непогрешен“ му припаѓа само и единствено на Бога и на ниту едно друго смртно суштество, па ниту на папата, ниту на Дева Марија, за која Црквата прогласила догма според која таа е безгрешна бидејќи, наводно, „безгешно е зачната“. Да ја проследиме и оваа богохулна изјава за наводната непогрешност на папата и за неговото тврдење дека тој е Бог на земјата: „Папите, како и Исус, нивните мајки ги зачнале со помош на Светиот Дух. Сите папи се посебен вид луѓе-богови, со цел подобро да ја извршуваат задачата како посредници меѓу Бога и човештвото. Ним им се дадени сите сили на небото и на земјата.“31 – Далеку од вистината! Кога го читаме извештајот за непогрешност на папата, тој пред нас излегува како Бог. Всушност, папите не само што тврделе дека се непогрешни, туку дека се Бог, и се однесувале како богови.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...
Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери
Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...
Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина
Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...
Идентитетот на малиот рог
Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...
Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)
Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...
Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата
Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...
На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“
Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...
„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)
Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...
Богохулник, беззаконик и антихрист
Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...
Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан
Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...
За бројот 666
Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.