За бројот 666
Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666.
„За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18).
Современите толкувања на ова пророштво бројот 666 го применуваат на еден компјутер во Брисел и велат дека овој број претставува систем на регистрација на секој жител на земјата кој треба да стане подложен на новата економска политика на новиот светски поредок. Но да си поставиме прашања: Дали овој компјутер 1260 години ги прогонувал светите? Дали кажал дека тој е Бог, дека „седнал во Божјиот храм и се претставил себеси дека тој е Бог“? Дали тврди дека може да проштава гревови? Текстот јасно кажува дека тоа е број на човек, но исто така и број на ѕверот. Дали бројот 666 се применува на папството, на „беззаконикот“, на „антихриста“, на „богохулникот“, споменати во Писмото?
Латинскиот јазик е службен јазик на Католичката црква. Според католичката теологија, папата ја претставува Црквата. Една од службените титули на папата е „Викариус Фили Деи“ (Vicarius Filii Dei) – „Заменик“ или „Намесник на Божјиот Син“. Ова го потврдуваат папските канони кои биле издадени во минатото.
„Одговарајќи на прашањето на еден читател, католичкиот дневник Our Sunday Visitor од 18 април 1915 г. одговорил: ‘Буквите врежани во митрата на папата (неговата свештеничка круна) се овие: Vicarius Filii Dei, што е латински превод на титулата ‘Заменик на Божјиот Син’. Католиците сметаат дека Црквата, која е видлива заедница, мора да има и видлива глава.“32 Латинските букви имаат бројна вредност и титулата Vicarius Filii Dei има збир од 666 ((V=5, I=1, C=100, U=5, L= 50 i D =500 – – вкупно 666).
За папата како Христов заменик (намесник) на земјата да повториме неколку извештаи кои веќе беа приведени во претходните поднаслови:
Лутер: „Страшно е да се погледне човекот кој себеси се смета за Христов заменик, кој покажува величественост со која не може да се мери ниту еден цар…“
Малахи Мартин (Malachi Martin), огнен католик и некогашен језуит, автор на книгата „Клучевите на оваа крв“ (The Keys of This Blood)33 за папата Јован Павле II кажува:
„Во последната анализа Јован Павле II, како именуван Христов заменик, тврди дека тој е конечен суд на правдата за општеството како заедница на државите.“
Папата Лав ЏИ XIII: „Ние (папите) на оваа Земја го заземаме местото на Севишниот Бог.“
За папата како „Божји заменик на Земјата“ го имаме и следниот историски запис: „… Божји заменик на Земјата.“34
Бонифацие VIII: „Бог и јас, Божјиот намесник, имаме една намера … Тогаш за што можете да ме сметате мене, освен за Бог?“35
На 29 април 1922 г. во ватиканската престолна сала било присутно големо мноштво од кардинали, бискупи, свештеници, монахињи и други. Во знак на почит, сите ги превиткале своите колена пред оној кој бил пред нив. Од својот престол им се обратил папата Пие XI, кој рекол: „Вие знаете дека јас сум Свети Отец, Божји претставник на Земјата, Христов намесник (викар), што значи, јас сум Бог на Земјата.“36
Денес постојат многу теории за жигот на ѕверот и за неговиот број. Некои од тие теории ѕверот го поврзуваат со чудовишен поединец или со џиновски компјутер некаде во светот, кој ги содржи сите инфорамции на граѓаните како поединци. Но ништо од сето тоа. Без никаква основа се толкувањата за некаква компјутерска идентификација на бројот и за всадени компјутерски чипови кај секој жител на земјата за да може во секој миг да биде достапен за контрола. Подоцна, кога ќе проучуваме за жигот на ѕверот, ќе видиме дека тоа се однесува на папството.
Како што видовме, малиот рог или папството играло многу значајна улога и оставило многу грди лузни во светската историја и затоа не е можно тоа да се проучи само во еден наслов со неколку поднаслови. А бидејќи папството ќе биде центар и стожер и на идните светски настани кога, според библиските пророштва, тоа светот сигурно и целосно ќе го стави под своја палка, речиси сите контексти на книгава бараат од нас повеќе пати да се навраќаме на него. Особено интензивни проучувања за него ќе уследат при крајот на книгава, кога ќе зборуваме за ѕверовите во Откровението и за вавилонската блудница.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...
Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери
Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...
Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина
Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...
Идентитетот на малиот рог
Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...
Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)
Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...
Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата
Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...
На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“
Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...
„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)
Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...
Богохулник, беззаконик и антихрист
Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...
Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан
Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...
За папската непогрешност
Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.