Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата
Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја наследил моќта на римските императори – нивниот престиж, дури и нивните титули. Најпозната од сите е титулата „Понифекс Максимус“ – паганска титула за „градител на мостови меѓу небото и земјата“. Уште повеќе, римското свештенство, современите бискупи, крадинали и папи, носат исти одежди и иста митра како вавилонските свештениците на Дагона (Даг=риба, Он=име на богот на Сонцето што го имал во Египет). Најважното и најистакнатото богослужение во Вавилон му било посветено на Дагона, подоцна познат како Ихтус или риба.
Папата се смета за првосвештеник. Тој има иста титула, носи иста одежда и почитува мноштво исти пагански ритуали кои се спроведувале во паганските култури. Паганскиот свештеник е човек кој ја отвора „сончевата врата“, дозволувајќи на тој начин пристап кон душите на умрение. Папата го поддржува истиот обичај – ја отвора „светата врата“ на почетокот од свеченостите за таа пригода.
„Папата е носител на клучот и чувар на вратата. Откако тој ќе му се обрати на Бога, по него (по неговите одлуки) никој не може да му се обраќа на Бога.“10 Папата има последен збор во сè.
Да се потсетиме на цитатот кој веќе беше наведен: „Папата има толку возвишено и врховно достоинство, што нему му припаѓа врвот на сите достоинства. Папата има толку возвишена позиција и возвишеност, што тој не е само човек, туку е како Бог. Тој е Божји намесник… Исто така тој е божествен монарх, највисок цар и цар над сите цареви. Затоа папата е крунисан со трикратна круна – како цар на небото, на земјата и на нижите предели (чистилиштето и пеколот, под земјата).“11
Папската трикратна круна потекнува од паганството, како што може да се види на вавилонскиот крилест бик-херувим кој носи трикратна круна (Британски музеј).
Клучевите на паганското женско и машко божество исто така станале симбол на папството како и неговата палка која е симбол на змија и којашто ја носеле древните императори од Вавилон преку Египет сè до Рим. Клучевите станале „Петрови клучеви“, а стапот станал пастирски стап, па овие пагански предмети добиле христијанско значење.
Во древен Вавилон царот е сметан за златна глава. Тој бил световен владетел и, како претставник на Дагона, поглавар на црквата. Тој е Пнтифекс Максимус, со две функции слеани во едно – во кого се наоѓала собрана сета сила која му овозможувала да биде неприкосновен апсолутист. Неговиот збор бил закон, а тој е сметан за божество. Се верувало дека е непогрешен и нему му се обраќале со „Ваша светост!“ Нациите кои му се покорувале на Вавилон морале да ги бакнат прстенот и влечката на вавилонскиот цар-бог. Истата моќ и истите титули до денешен ден ги присвојуваат Далај Лама од будизмот и папата. За папата тоа го потврдуваат многубројни изјави, од кои некои веќе беа споменати во претходниот поднаслов:
„Ние одредуваме Светата апостолска столица и римскиот понтиф да имаат примат над цел свет.“
„Папата … е божествен монарх и врховен император, и цар над царевите…“12
Сегашниот кардиналски колеџ, на чело со папата, е идентичен со колеџот што го предводел паганскиот понтиф. Рековме дека клучевите не се Петрови, туку потекнуваат од вавилонското време, зашто постоело верување дека тогашниот Понтифекс Максимус имал сила да ги отклучува небото и пеколот. Веќе беше спомената изјавата во Papal Monarchy за положбата на папата:
„ Paks Romana престанала да постои. Тоа е универзална збрка. Но секогаш кога некој бискуп претседава со дворот, религијата го штити сè она што останало од древниот поредок. На хоризонтот полека се појавува новиот Рим. Тој е наследник на религијата. Цар веќе нема… но Понтифекс Максимус постои… Тој сега е Христов викар кој старата цивилизација им ја нуди на племињата од север. Тој ги преобраќа на своето кредо и тие му служат како на свој татко и врховен судија. Тоа е папската монархија која со својата сила и со својот подем ја засенчува историјата на Европа за илјада години.“13
Историјатот на папската титула „Понтифекс Максимус“ може во различни облици да се следи наназад сè до древните халдејски понтифи. За време на падот на Вавилон, свештенството побегнало во Пергам, град во Мала Азија, каде што постоела вавилонска религија и нејзини ритуали, обреди и хиерархија. Последниот понтиф, пергамскиот цар Аталус III, на Рим му ја завештал својата титула Понтифекс Максимус, структурата на вавилонското свештенство и одеждите. Првобитно оваа титула ја носел само паганскиот првосвештеник во Рим, но кога паганскиот Рим паднал, истата титула му е доделена на папата. Значи, титулата Понтифекс Максимус“ папата ја презел преку римските цезари од персиските и вавилонските владетели кои едновремено биле и врховни верски поглавари, кои световното го поврзале со духовното, со што во свои раце ја приграбиле сета власт и станале неприкосновени апсолутисти.
Прво што може да се види кога ќе влезете во црквата „Свети Петар“ во Рим, е вавилонската титула „Понтифекс Максимус“. Оваа титула може да се види и на влезот во Ватикан и на секоја папска статуа. Статуата на папата Гргур XIII ја покажува титулата, но и папата како седи на ламја со крилја.
Ламјата (сатаната) со крилја била симбол на паганскиот Рим, а истиот симбол папството го прифатило како свој симбол. Окртовение 13. глава кажува дека ламјата му дала на папството свој престол и своја власт. Во Ватиканскиот музеј постои грб на паганскиот Рим. Vatis = божествен, can = змија; Ватикан = божествена змија. Денеска Рим е персонификација на древното вавилонско царство, а Бог го повикува својот народ да излезе од Вавилон. (За ова многу повеќе подоцна!)
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...
Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери
Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...
Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина
Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...
Идентитетот на малиот рог
Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...
Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)
Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...
На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“
Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...
„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)
Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...
Богохулник, беззаконик и антихрист
Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...
Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан
Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...
За папската непогрешност
Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...
За бројот 666
Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.