Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина
Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со големи железни заби, со јаки канџи и со десет рогови на главата; „тој јадеше и дробеше, а остатоците ги газеше со нозете, и се разликуваше од сите претходни ѕверови (хибриди)“, кои последователно излегуваа од морето (Даниел 7,7). Четвртиот ѕвер е верна слика на империјалниот Рим или на Римското царство, на чело со римските цезари. Римското царство, кое со светот управувало со железна тупаница, кое кршело, дробело, сотирало и газело сè под нозе, се распаднало на десет држави (десетте рогови и десетте прсти на стапалата од кипот), на десет монархии, кои прераснале во денешните европски држави.
Четвртиот ѕвер посебно се истакнува по тоа што на својата глава, меѓу десетте рогови, има и мал рог со човечко лице. Овој мал рог во книгата на пророк Даниел во 7-та глава многу нè вознемирува. Всушност, тој претставува врв во таа глава и го привлекува целокупното внимание на Даниела, кој ни кажува:
„Ги гледав роговите на ѕверот, и ете, меѓу нив израсна еден мал рог, и пред тој рог се искорнаа три претходни рога. И тој рог имаше очи човечки, и уста која зборуваше големи богохулства… Четвртиот ѕвер ќе биде четврто царство на земјата, различно од сите царства. Тоа ќе ја изеде сета земја, ќе ја згази и ќе ја сотре. А десетте рогови значат дека од тоа царство ќе настанат десет цареви, а потоа ќе се подигне еден друг, различен од оние, првите, и ќе собори три цара. Тој ќе хули на Севишниот, ќе ги сотира светите на Севишниот, ќе помислува да ги измени времињата и Законот, и светите ќе бидат предадени во негови раце на едно време, и на две времиња и на половина време. Тогаш ќе седне Судот кој ќе му ја одземе власта, потполно ќе го разори и ќе го уништи. А царството, власта и величеството под небесата ќе му се дадат на народот на светите на Севишниот. Неговото царство е царство вечно, и сите власти ќе му служат нему и нему ќе му се покоруваат“ (Даниел 7,8.23-25).
Малиот рог, односно оној цар кој е различен од другите, е последна и најголема сила од сите сили што настанувале пред неа. Пророкот подробно ја опишува таа сила, овозможувајќи ни конечно да го препознаеме нејзиното лице, времето на нејзината појава, како и природата на нејзиното дејствување. Според тоа, малиот рог претставува политичка сила но, со своето човечко лице, со устата и со човечките очи навестува дека таа сила има и религиски карактер.
Малиот рог хронолошки се појавува по десетте рогови, и во текот на процесот на неговото настанување исчезнале три од десетте рога на главата на ѕверот. Историјата забележала дека тие три рога, или три народа, му припаѓале на ариевскиот огранок на христијанството и дека биле во постојан судир со претежниот дел од христијанството, односно со службената Црква, загрозувајќи ја нејзината супрематија, особено кога некои од нив (Визиготите, Вандалите и Остроготите) преминале во Италија или во околните подрачја. Христијанските владетели на тие подрачја сметале дека нивна света должност била да ги отстранат тие еретички влијанија. Франачкиот владетел, Клодовик (481-511 г. по Христа), инаку познат како „нов Константин“, го прифатил христијанството во 496 или во 506 година. Штом излегол од кршталната вода, повел офанзива против Визиготите и во 508 г. ги десеткувал во битката кај Поатје. Владетелот на источниот дел на Римската империја, Јустинијан (527-565), го прогласил папата за „поглавар на сите свети Божји свештеници“ и повел војна против ариевците. Христијанските сили, верни на Црквата, во 534 г. ги скршиле Вандалите во Северна Африка, а во 538. г. ги истерале Остроготите од Рим. Така италијанскиот полуостров бил ослободен од ариевските сили, во историјата познати како ариевска ерес, зашто споменатите три царства, кои не ги прифатиле папските налози за Христовото божество, буквално биле искорнати и немилосрдно уништени. Иако доктрината за Христовото божество била исправна, постапката не била изведена во Христов дух.
Овие освојувања ја засилиле папската рака и ѝ помогнале да се зацврсти до 538 година од новата ера, кога римскиот бискуп, под заштита на римскиот генерал Вигилус, седнал на папскиот трон. Оттаму датумот за воспоставување на папскиот Рим како независна сила може да се постави во 538 година од новата ера.
Своите напади малиот рог ги насочува против Бога и против неговиот народ. Всушност, Бог и неговиот народ меѓусебно се поврзани, на што укажува и наизменичниот паралелизам со кој се опишани во Даниел 7,25. Секој напад на Божјиот народ е директен напад на Бога.
Духот на Вавилон од времето на Вавилонската кула и од времето на Навуходоносора, за кој веќе зборувавме, се раѓа и кај силата на малиот рог, која се појавува сега, и чијашто единствена цел е да ги узурпира Божјите права. Меѓутоа, ароганцијата на малиот рог оди и понатаму од зборови. Тој настојува да го замени Бога и на ниво на историјата.
Проучувањето на пророчката хронологија нè води до 538 година по Христа. Историјата е наполно ослободена од ариевците, особено од Остроготите. Од тогаш и во иднина Црквата немала веќе противник и можела да се однесува како што сака и да прави што сака. Историјата на средновековната Црква зад себе остава крвави траги од крстоносци и крстоносни војни, од инквизитори и од свирепа инквизиција, од масакри на вартоломејски ноќи, од триесетгодишна војна, траги од ломачи и гилотини… Илјадници жртви: протестанти, хугеноти, Евреи, дури и католици, побргу решавале да ја пролеат својата сопствена крв, отколку без размислување да ѝ се поклонат на таа политичко-религиска институција.
Можеби таквото насилство било оправдано, зашто нејзините жртви, како еретици, веќе биле осудени на пекол? Но, неколку столетија пред тоа, големиот Хилел рекол дека „дури и кога насилството е оправдано, Бог секогаш се наоѓа на страна на жртвите“. Меѓутоа, насилството никогаш не е оправдано. Насилството на насилниците е само симптом на нивната сопствена несигурност, на нивната немоќ и на нивниот пораз. Насилството и гневот мошне често претставуваат само израз на стравот и очајот. Во секој случај, без оглед на идентитетот на жртвите, праведниците, кои пророкот ги нарекува „свети“, секогаш ќе се наоѓаат меѓу нив.
Француската револуција Црквата ќе ја соочи со атеистичко општество, кое имало само еден бог: разумот.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...
Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери
Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...
Идентитетот на малиот рог
Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...
Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)
Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...
Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата
Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...
На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“
Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...
„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)
Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...
Богохулник, беззаконик и антихрист
Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...
Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан
Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...
За папската непогрешност
Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...
За бројот 666
Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.