На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години

Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години. Кои се тие свети кои папството 1260 години ќе ги прогонува и ќе ги убива, настојувајќи со сите можни средства и на сите начини потполно да ги истреби? Бог ќе ни каже во својата Реч. Во Откровение 14,12 читаме: „Во тоа е трпението на светите, кои ги држат Божјите заповеди и верата во Исуса.“ Истата мисла ја наоѓаме и во Откровение 12,17: „Ламјата (сатаната), пак, се разгневи на жената (на црквата) и отиде да војува против останатите од нејзиното потомство, против оние кои ги држат Божјите заповеди и го пазат Исусовото сведоштво.“

Наполно јасно, зар не! Божјата реч ги нарекува „свети“ оние кои „ги држат Божјите заповеди и верата во Исуса“. Тие се предмет на жестоко прогонство од папството и од „ламјата“, односно од сатаната. Тие се христијани кои „веруваат во Исуса“ и кои не заминале во отпад заедно со мнозинството свои браќа за време на периодот и постпериодот на Константина, кога Христовата црква направила компромис со световната власт и кога седнала во скутот на државата, станувајќи на тој начин државна црква, верско-политичка сила, и заминувајќи во тотален отпад од Христа и од неговата изворна библиска наука.

Пророштвото кажува дека малиот рог „ја обори библиската вистина на земјата, ќе прави сè што сака и ќе напредува.“ Таа отпадната црква, предводена од папството, го погазила Божјиот закон, укинувајќи две од Десетте Божји заповеди, втората и четвртата, наполно ја паганизирала изворната библиска наука и библиското христијанство го контаминирала со неподносливи пагански контаминенти. Првобитната  апостолска Христова црква папството ја турнало во матните води на паганството, од кои излегла прекрстена како христијанско-паганска црква, наполно оддалечена од Христа и од библиските темели.

Меѓутоа, оние христијани, кои Божјата реч ги нарекува „свети“ затоа што „ги држат Божјите заповеди и го пазат Исусовото сведоштво“, по цена на својот живот останале на Христова страна, пренесувајќи го од поколение на поколение, сè до денес, изворното библиско христијанство, прифаќајќи ја Божјата реч како единствено правило за својата вера и за својот живот. Заради својата лојалност, верност и преданост кон Христа и кон неговата Реч, тие сега се жестоко прогонувани од мнозинството свои некогашни браќа кои отстапиле од Христа и заминале во паганство.

Општо е познато дека апостолската Христова (христијанска) црква, пред да седне во скутот на државата и да стане државна црква, во целост била предмет на жестоки прогони од страна на римските пагански императори.

Историјата ја бележи и ја опишува свирепоста со која паганскиот Рим, односно неговите цезари, ја прогонуваат  Христовата црква, Божјиот народ. Колосеум, во кој, според некои претпоставки, 80.000 христијани се спалени на ломачи или препуштени да ги черечат диви ѕверови, сведочи за фактот дека речиси три милиони христијани умреле со маченичка смрт во текот на првите два и пол века по Христовото вознесение на небото. Римските императори биле неуморни во својата свирепост спрема христијаните, додека суровите суштества, како што се Марко Аврелиј и Нерон, создале спорт со осмислени методи за нивно убивање. Историчарите ни кажуваат дека Марко Аврелиј имал обичај нозете на своите жртви да ги врзува за два коња и потоа садистички да го посматра кинењето на човечките тела надве. Или, Христовите слуги, наметнати со животински кожи и фрлани пред кучиња да ги растргнат, или премачкани со смола и во вечерните часови живи запалувани да горат како факли и да ја осветлуваат градината на налудничавиот цар Нерон.

Кога Рим ја прифатил христијанската религија и ја претворил во државна, приликите не се подобриле, туку се влошиле. Од почеток лукаво приготвениот компромис меѓу црквата и државата предизвикал задоволство, но по неуспехот на овој политички потфат, повторно е разгорен огнот на прогонство. Според библиските пророштва, сега на сцената стапува малиот рог или папството, кое уште пожестоко од римските цезари ги прогонува своите некогашни браќа христијани кои не заминале заедно со него во отпад, туку останале на Христова страна. Тие верни и предани Божји слуги го сочинуваат оној библиски „остаток“ од поранешната апостолска црква која, како што кажавме, потонала во матните води на паганизмот и далеку отишла од Христа и од неговата Реч. Против тој верен Божји „остаток“ се кренале да војуваат ламјата (сатаната) и папството за да го сотрат. Тие страшни прогони траеле 1260 години, како што кажало пророштвото. Некогашната апостолска црква, која сама била прогонувана од римските императори заради чистотата на нејзината библиска вера, сега, како отпадната, папска црква, станала прогонител на верниот Божји остаток, кој се изделил од неа и кој ја сочинувал новата Христова црква, во Библијата позната како чиста жена, или Христова невеста – која е континуитет на апостолската црква пред да замине во отпад.

За разлика од чистата жена, или Христовата црква, отпаднатата црква  во Библијата е позната како жена „блудница“, којашто 1260 години ја прогонува Христовата црква, која пред тие налети на прогони бега во пустина: „А жената побегна во пустина каде што имаше место приготвено од Бога, таму да се храни илјада двесте и шеесет денови“, односно години (Откровение 12,6).

Во тој период од 1260 години, кога Римокатоличката црква своите доктрини ги наметнувала со обврски и со прогонство, Христовата црква, за да се заштити, побегнала на осамени, пусти и планински места во светот и позната е како „Црква во пустина“. За време на папската превласт, Божјата реч е одржувана во живот со помош на мали групи верници, како што биле валденжаните, кои празнувале сабота според четвртата Божја заповед, а не паганската недела, и кои одбрале побргу да умрат отколку да се откажат од својата вера во Христа и од Светото писмо. Против нив е подигната злогласната инквизиција со море инквизитори кои му задавале страв на светот. Тоа веќе го  опишавме. Рим ги засилил своите напори да ги уништи сите што не ги прифатиле неговите доктрини.

Историски факт е дека големите војни во Европа се водени на верска основа. Рим немилосрдно ги прогонувал европските протестанти. Европа е турната во „триесетгодишна“ и во „стогодишна војна“ со една единствена цел – да се уништи протестантската реформација.

Веќе е кажано дека во текот на својата супрематија од 1260 години, со помош на инквизицијата и со други механизми што ѝ стоеле на располагање, римокатоличката институција убила меѓу 100 и 150 милиони слободоумни христијани кои решиле да мислат со своја глава, луѓе за кои белото било бело, а црното црно – цутот на европските нации. Можеби тој број е предимензиониран, но факт е дека тој е многу голем, кој точно ќе го обелодени Бог на небесниот суд. Тоа е оној мрачен среден век.

Во 1887 г. Карл Маркс одржал говор во Хајд Парк во Лондон во кој, покрај другото, кажал: „Првиот христијански светец, Христос, се жртвувал себеси за да ги спаси народните маси, а сегашниот светец – Црквата – жртвувала огромни маси народ за самата да преживее.“

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ

Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...

Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери

Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...

Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина

Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...

Идентитетот на малиот рог

Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...

Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)

Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...

Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата

Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...

„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)

Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...

Богохулник, беззаконик и антихрист

Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...

Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан

Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...

За папската непогрешност

Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...

За бројот 666

Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат